← 1Samuel (21/31) → |
1. | Давид дојде во Номва при свештеникот Авимелех, и Авимелех се збуни, кога се сретна со Давида, па му рече: "Зошто си сам? И зошто нема никој со тебе?" |
2. | Давид му рече на свештеникот Авимелех: "Царот ми даде заповед, велејки: ‘Никој нека не знае, за што сум те испратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставам слугите свои на определено место; |
3. | а сега дај ми, што имаш при рака, пет леба, или што ке се најде." |
4. | Свештеникот му одговори на Давида, рече: "Немам при рака обичен леб, туку имам свештен леб; само, ако твоите лу е се воздржале од жени, нека јадат." |
5. | Тогаш Давид му одговори на свештеникот и му рече: "Жени при нас немаше ни вчера, ни завчера, откако сум излегол, и садовите на момчињата се чисти, а ако патот е нечист, тоа лебот ке остане чист во садовите." |
6. | Свештеникот му даде од свештениот леб, бидејки немаше друг леб освен лебовите на предложението, што беа земени пред лицето на Господа, та по симнувањето нивно, да се стават топли лебови. |
7. | Тој ден таму се нао аше еден од слугите Саулови, по име Доик, Идумеец, началник на Сауловите овчари. |
8. | Давид му рече на Авимелеха: "Немаш ли тука при рака копје или меч? Зошто јас не зедов со себе ниту меч, ниту друго оружје, бидејки пораката на царот беше набрзина." |
9. | Свештеникот одговори: "Ете го мечот на Филистеецот Голијат, кого го уби ти во дабовата долина, завиткан во платно, зад ефодот; ако сакаш, зами го: друг освен него тука нема." |
10. | Давид стана и избега истиот ден од Саула, и дојде при гетскиот цар Анхус. |
11. | Му рекоа на Анхуса слугите негови: "Овој ли е Давид, царот на онаа земја? Не ли му пееја нему лу ето, велејки: "Саул порази иљади, а Давид - десетици иљади?" |
12. | Давид ги стави тие зборови во срцето свое и многу се плашеше од Анхуса, царот гетски. |
13. | Тогаш го измени лицето свое пред нив, и се преправи на безумен во очите нивни и удираше по вратите, се фрлаше на рацете свои и пушташе лиги по брадата своја. |
14. | Анхус им рече на робовите свои: "Гледате, овој човек е луд; зошто сте го довеле при мене? |
15. | зар малку луди имам при себе, та сте го довеле да лудува пред мене? Зар тој ке влезе во куката моја?" |
← 1Samuel (21/31) → |