← 1Samuel (20/31) → |
1. | Давид избега од Нават, кој е во Рама, и дојде, па му рече на Јонатана: "Што направив јас, во што сум виновен, со што згрешив пред татко ти, та ја бара душата моја?" |
2. | Му одговори Јонатан: "Не, ти нема да умреш; ете, татко ми на врши ништо, било големо, било мало, без да им јави на ушите мои; зашто татко ми ке го крие тоа од мене тоа? Тоа нема да биде." |
3. | Давид се колнеше и говореше: "Татко ти добро знае, дека јас најдов благонаклоност за очите твои, затоа си вели: ‘нека не знае за тоа Јонатан, за да не се огорчи; но жив е Господ и жива е душата твоја - само еден човек има ме у мене и смртта." |
4. | Јонатан му рече на Давида: "Што сака душата твоја, јас ке го сторам тоа за тебе." |
5. | Тогаш Давид му рече на Јонатана: "Ете, утре е нов месец, и јас треба да седам со царот на трпезата; но пушти ме, и јас ке се сокријам во полето до вечерта на третиот ден. |
6. | Ако татко ти запраша за мене, ти кажи: ‘Давид ме замоли да отиде во својот град Витлеем, зашто таму се врши годишно принесување на жртва за сиот негов род.‘ |
7. | Ако на тоа тој кажа: ‘добро‘, твојот роб ке има мир; ако, пак, се разгневи, тогаш знај, дека тој намислил нешто лошо. |
8. | А ти стори милост на твојот слуга, - зашто ти го прими слугата свој во завет Господов со тебе, - и ако има некоја вина во мене, убиј ме; зошто да ме водиш кај татко ти?" |
9. | Јонатан одговори: "Тоа нема да стане со тебе; зашто, ако навистина дознаам, дека татко ми решил да ти направи нешто лошо, зар нема да ти јавам за тоа?" |
10. | Тогаш Давид му рече на Јонатана: "Кој ке ми соопшти, ако татко ти одговори налутено?" |
11. | Јонатан му рече на Давида: "Ајде да одиме во полето." И обајцата излегоа во полето. |
12. | Јонатан му рече на Давида: "Жив Господ, Бог Израилев! Утре во ова време, или другиот ден, ке разберам од татко ми; и ако е тој балгонаклонет кон Давида, и ако јас уште тогаш не испратам при тебе и не ти јавам пред ушите твои, |
13. | тоа и тоа нека направи Господ со Јонатана и уште повеке да додаде зло, и тоа ке го соопштам до ушите твои, и ке те пуштам; тогаш оди си со мир, и Господ нека биде со тебе, како што беше со татко ми! |
14. | Но и ти, ако бидеш уште жив, направи ми милост Господова. |
15. | Ако, пак, умрам, не ја одземај милоста своја од домот мој никогаш, дури ни тогаш, кога Господ ке ги истреби од лицето на земјата сите непријатели Давидови." |
16. | Така склучи Јонатан завет со домот Давидов и рече: "Господ нека им врати на непријателите Давидови!" |
17. | Јонатан пак му се заколна на Давида во љубовта своја кон него, бидејки го сакаше како душата своја. |
18. | И му рече Јонатан: "Утре е нов месец, и ке запрашаат за тебе, бидејки местото твое нема да биде зафатено; |
19. | затоа на третиот ден слези и оди брзо на местото, каде што се криеше порано, и седни кај каменот Азел; |
20. | јас, пак, ке пуштам кон таа страна три стрели, како оа стрелам во цел; |
21. | потоа ке испратам едно момче, на кого ке му кажам: "оди, најди ги стрелите", и ако му кажам на момчето: - на, стрелите се зад тебе, земи ги, дојди при мене, бидејки има мир за тебе, и, жив ми Господа, нема ништо да ти стане; |
22. | ако, пак, му кажам вака на момчето: ‘на, стрелите се пред тебе‘ оди си, бидејки Господ те пушта; |
23. | а за тоа, за кое говоревме јас и ти, Господ е сведок ме у мене и тебе засекогаш." |
24. | Давид се сокри во полето. Настапи нов месец, и царот седна да руча. |
25. | Царот седна на местото свое, како секогаш, на седиштето до sидот. Јонатан стана, и Авенир седна до Саула; а местото на Давида остана празно. |
26. | Тој ден Саул не кажа ништо, зашто си помисли, дека е тоа случајно, дека е Давид нечист, не се исчистил. |
27. | Настапи и вториот ден на новиот месец, а местото на Давида остануваше празно. Тогаш Саул му рече на синот свој Јонатан: "Зошто синот Есеев не дојде на ручек ниту вчера, ниту денес?" |
28. | Јонатан му одговори на Саула: "Давид измоли од мене да отиде во Витлеем, |
29. | велејки: ‘Пушти ме, бидејки имаме во градот родбинско принесување жртва, и брат ми ме покани; затоа, ако сум нашот благонаклоност во очите твои, да отидам и да се видам со браката свои, затоа тој и не дојде на царскиов ручек." |
30. | Тогаш Саул многу се разгневи на Јонатана и му рече: "Недостоен и непокорен сине! Зар не знам дека си се здружил со Јесеевиот син за срам, на себе си и за срам на мајка си! |
31. | Зашто во сите денови, додека Есеевиот син ке живее во земјата, нема да опстанеш ни ти, ни царството твое; а сега испрати и доведи го при мене, бидејки е осуден на смрт." |
32. | Јонатан му одговори на татка си Саула и му рече: "Зошто да се убива? Што направил?" |
33. | Тогаш Саул фрли копје врз него, за да го убие. Тогаш Јонатан разбра, дека татко му решил да го убие Давида. |
34. | Јонатан стана од трпезата многу разгневен и не ручаше на другиот ден од новиот месец, зашто тагуваше за Давида, а и затоа што татко му го навреди. |
35. | На другиот ден изутрина Јонатан излезе на полето, во времето, што му го беше определил на Давида, и едно мало момче со него. |
36. | И тој му рече на момчето: "Трчи, барај ги стрелите, што ги пуштам." Момчето се затрча, а тој ги пушташе стрелите така, што тие летаа подалеку од момчето. |
37. | И момчето се затрча натаму, на каде што Јонатан ги пушташе стрелите, и Јонатан викна по момчето и рече: гледај, стрелата е пред тебе. |
38. | Јонатан, пак, викаше по момчето: "Трчај побрзо, не се запирај." И момчето ги собра Јонатановите стрели и дојде при господарот свој. |
39. | А момчето не знаеше ништо; само Јонатан и Давид знаеја, каква е работата. |
40. | Тогаш Јонатан му го даде оружјето свое на момчето, што беше со него, и му рече: "Оди и однеси го во градот." |
41. | Момчето отиде, а Давид се исправи од кон југ и падна ничкум на земјата и трипати се поклони; и се бакнаа тие еден со друг, и обајцата плачеа заедно, но Давид повеке плачеше. |
42. | Јонатан му рече на Давида: "Оди со мир; а тоа, во кое се колневме двајцата во името Господово, велејки: ‘Господ да биде ме у мене и твоето семе‘, нека биде засекогаш." |
43. | Давид стана и замина, а Јонатан се врати во градот. |
← 1Samuel (20/31) → |