← 1Samuel (19/31) → |
1. | Саул му говореше на синот свој Јонатана и на сите слуги свои да го убијат Давида. Но Сауловиот син Јонатан многу го сакаше Давида. |
2. | Јонатан му кажа на Даивда и рече: "Татко ми Саул сака да те убие; затоа пази се утре; сокри се и биди на тајно место; |
3. | јас, пак, ке излезам и ке се исправам до татко ми на нивата, каде што ке бидеш ти, и ке му позборувам на татко ми за тебе; што ке разберам ке ти соопштам." |
4. | Јонатан му говореше на татка си Саула добро за Давида, велејки му: "Да не греши царот против својот слуга Давида, зашто тој во ништо не згрешил против тебе, и делата негови се многу корисни за тебе; |
5. | тој ја изложи душата своја на опасност за да го порази Филистеецот; и Господ изврши големо спасение за сиот Израил; ти го виде тоа и се радуваше; зашто сега сакаш да згрешиш против невина крв и да го убиеш Давида без причина?" |
6. | И Саул го послуша гласот на Јонатана, и се заколна Саул: "Жими Господа, Давид нема да умре." |
7. | Тогаш Јонатан го повика Давида; му ги соопшти Јонатан сите тие зборови и го доведе Јонатан Давида при Саула, и тој беше при него, како вчера и завчера. |
8. | Почна пак војна, и излезе Давид, пак се биеше против Филистејците, и им нанесе голем пораз, и тие бегаа од него. |
9. | И лош дух од Бога го нападна Саула, и тој седеше дома со копје во раката, а Давид свиреше со рака по струните. |
10. | Саул сакаше да го прикова Давида со копјето за sидот, но Давид отскокна од Саула, и копјето за забоде во sидот; а Давид избега и се спаси таа нок. |
11. | И испрати Саул слуги во куката на Давида, да го пречекаат и да го убијат до изутрината. Тогаш му рече на Давида жена му Мелхола: "Ако не ја спасиш душата своја оваа нок, утре ке бидеш убиен." |
12. | Тогаш Мелхола го спушти Давида низ прозорецот, и тој отиде, избега и се спаси. |
13. | А Мелхола зеде една статуа, ја стави во леглото, а на перницата стави козја кожа, и ја покри со облека. |
14. | И Саул испрати слуги да го фатат Давида; но Мелхола рече: "Болен е." |
15. | А Саул испрати слуги да го видат Давида, велејки: "Донесете ми го на легло, за да го убијам." |
16. | Дојдоа слугите, и ете, во леглото статуа, а на перницата козја кожа. |
17. | Тогаш Саул и рече на Мелхола: "Зошто ме излага така и дозволи мојот непријател да избега?" А Мелхола му одговори на Саула: "Тој ми рече: пушти ме, инаку ке те убијам." |
18. | Давид избега, се спаси; дојде ка Самуила во Рама и му раскажа се, што прави со него Саул. И тргна со Самуила, и се запреа во Нават, во Рама. |
19. | И му јавија на Саула, велејки: "Ете, Давид е во Нават, во Рама." |
20. | Тогаш Саул испрати слуги да го фатат Давида, и кога тие видоа група пророци, кои пророкуваа, и Самуил, нивниот началник, духот Божји слезе врз Сауловите слуги, и тие почнаа да пророкуваат. |
21. | Му јавија за тоа на Саула, и тој испрати други слуги, но и тие почнаа да пророкуваат. Потоа Саул испрати и трети слуги, но и тие почнаа да пророкуваат. |
22. | Саул разгневен отиде сам во Рама, и дојде до глемиот извор во Сеф, и запраша, велејки: "Каде се Самуил и Давид?" И рекоа: "Ете, во Нават, во Рама." |
23. | Тој отиде таму во Нават, во Рама, и врз него слезе духот Божји, и тој одеше и пророкуваше, додека стигна до Нават, во Рама. |
24. | Ја соблече и тој облеката своја, и пророкуваше пред Самуила, и целиот тој ден и целата таа нок лежеше необлечен; затоа велат: "Зар и Саул е ме у пророците?" |
← 1Samuel (19/31) → |