← 1Samuel (17/31) → |
1. | Филистејците ги собраа војските свои за војна, се сместија во Сокхот, кој е во Јудаја, и се улогорија ме у Сокхот и Азик, во Ефес-Дамим. |
2. | А Саул и Израилците се собраа и се улогорија во дабовата долина и се подготвија за војна против Филистејците. |
3. | И застанаа Филистејците од едната страна на планината, и Израилците од другата страна на планината, а ме у нив беше долината. |
4. | А од Филистејскиот логор излезе маж силен, по име Голијат, од Гет; со раст од шест лакти и педа. |
5. | На главата имаше бакарен шлем; а беше облечен во лушпест околоп, и оклопот тежеше пет иљади сикли бакар; |
6. | на нозете имаше бакарни ногавици до над колената и на плеките свои - бакарен штит; |
7. | дршката на копјето негово беше како ткаечко кросно, а самото копје - беше од шестотини сикли железо, пред него одеше оруженосец. |
8. | И застана тој и викна кон Израилските војски, велејки им: "Зошто сте излегле да војувате? Не ли сум јас Филистеец, а вие робови Саулови? Изберете си еден човек и нека слезе при мене; |
9. | ако тој може да се бие со мене и ме убие, ние ке ви бидеме робови; ако, пак, јас го победам и го убијам, бие ке ни бидете робови и ке ни служите." |
10. | Рече уште Филистеецот: "Денес ке ја засрамам војската Израилева; дајте ми човек, и ние двајца ке се биеме." |
11. | И Саул и сите Израилци кога ги слушнаа тие зборови од Филистеецот, многу се уплашија и ужасија. |
12. | Давид беше син на Ефратецот од Витлеем Јудин, по име Јесеј, кој имаше осум синови; во дните на Саула тој човек достигна старост и беше најстар ме у мажите. |
13. | Тројцата поголеми Јесеови синови отидоа со Саула во војна; имињата на тројцата синови, што отидоа во војна, беа: најголемито се викаше Елијав, вториот по него - Аминадав, и третиот - Сама; |
14. | Давид, пак, беше најмал. Тројцата поголеми отидоа со Саула, |
15. | а Давид се беше вратил од Саула, за да ги пасе овците на таткото свој во Витлеем. |
16. | Оној Филистеец излегуваше наутро и се покажуваше четириесет дена. |
17. | И Есеј му рече на синот свој Давида: "Земи за брката свои ефа печено жито и овие десет лебови и однеси ги што поскоро во логорот кај браката твои; |
18. | а овие десет пити сирење однеси му ги на иљаданачалникот и распрашај се за здравјето на браката твои и дознај за потребите нивни." |
19. | Саул и сите тие Израилци се нао аа во дабовата долина и се готвеа за борба со Филистејците. |
20. | Давид изутрината стана рано, ги остави овците на чувар, и откако го зеде товарот, тргна, како што му беше заповедал Јесеј; и дојде при комората, кога војската беше наредена и со извици се готвеше за борба. |
21. | Тогаш Израилците и Филистејците се распоредија војска спроти војска. |
22. | Давид го остави товарот кај чуварот на комората и потрча кон редовите, дојде и ги запраша браката свои за здравје. |
23. | И ете, кога тој разговараше со нив, силниот човек, кому му беше името Голијат, Филистеец од Гет, излегуваше од филистејските редови и ги кажуваше истите оние зборови и Давид ги чу. |
24. | И сите Израилци, откако ке го видеа тој човек, бегаа од него и многу се плашеа. |
25. | Израилците велеа: "Го гледате ли оној човек, што излегува? Тој излегува, за да го навредува Израилот; а кога би го убил некој, царот би го наградил со големо богатство, и би му ја дал керката своја за жена, а домот на татко му би му го направил слободен во Израилот. |
26. | И Давид им рече на оние, што стоеја со него: "Што ке му направат на оној, што ке го убие оној Филистеец и го симне срамот од Израилот? Зашто, кој е тој необрезан Филистеец, што ја навредува војската на живиот Бог?" |
27. | И тие му ги рекоа истите зборови, додавајки: "Ете, тоа ке му направат на оној човек, што ке го убие." |
28. | Елијав, најголемиот брат на Давида, чу што говореше тој со лу ето, и му се налути Елијав на Давида, па му рече: "Зошто си дошол тука и на кого им ги остави оние малку овци во пустињата? Го знам јас твоето кревање на големо и твоето лошо срце; ти се дошол да ја гледаш борбата." |
29. | А Давид рече: "Па што сум направил? Не ли се тоа само зборови?" |
30. | Па се сврте од него кон друг и ги говореше истите зборови, а лу ато му одговараа како и порано. |
31. | Се слушнаа зборовите, што Давид ги говореше, и му ги соопштија на Саула, и тој повика. |
32. | И му рече Давид на Саула: "Никој нека не па а со духот пред овој; твојот роб ке отиде и ке се бори против тој Филистеец. |
33. | А Саул му рече на Давида: "Не можеш да одиш против Филистеецот, да се бориш против него, зашто ти се уште момче, а тој е војник уште од младини." |
34. | Тогаш Давид му рече на Саула: "Твојот слуга ги пасеше татковите си овци, и кога се случуваше да дојде лав, или мечка, и ке одвлечеше овца од стадото, |
35. | јас се спуштав по нив, ги напа ав и им ја одземав од устата нивна; ако, пак, тие се нафрлеа врз мене, јас ги факав за гривата, ги удирав и ги убивав; |
36. | лав и мечка убивал твојот слуга; а и со овој необрезан Филистеец ке стане истото, како со нив, бидејки ја навредува војската на живиот Бог. Не бива ли да одам и да го победам, за да ги снема навредите од Израилот? Зашто, кој е тој необрезан?" |
37. | Давид рече уште: "Господ, Кој ме спасуваше од лавот и мечката, ке ме спаси и од рацете на овој Филистеец." |
38. | Саул го облече Давида со облеката своја, му стави на главата бакарен шлем, и му надена железна облека. |
39. | Давид го опаша мечот негов врз облеката и се обиде да оди, бидејки никогаш не одел со такво вооружување. И Давид му рече на Саула: "Не можам да одам со ова, не сум навикнат." И го симна Давид сето тоа од себеси. |
40. | Па го зеде в рака стапот свој, си одбра пет мазни камчиња од потокот, ги стави во овчарската торбичка, што беше со него; и со торбичката и пракката во раката излезе против Филистеецот. |
41. | Излезе и Филистеецот, одејки и приближувајки се кон Давида, и пред него му одеше оруженосецот. |
42. | Погледна Филистеецот и, откако го виде Давида, со презир го изгледа, бидејки беше млад, рус и убав. |
43. | Филистеецот му рече на Давида: "Зошто си тргнал против мене со стап и со камења? Да не сум куче?" Давид му одговори: "Не, туку подолен од куче." Филистеецот го проколна Давида со боговите свои. |
44. | И Филистеецот му рече на Давида: "Приближи се до мене, и ке им го дадам телото твое на птиците небески и на sверовите полски." |
45. | Давид му одговори на Филистеецот: "Ти одиш против мене со меч, копје и штит, јас, пак, одам против тебе во името на Господа Саваота, Бог на Израилевата војска, која ти ја навредуваш; |
46. | сега ке те предаде Господ во раката моја, и јас ке те убијам, ке ја симнам од тебе главата твоја, и ке им го дадам твојот труп и труповите на филистејската војака на птиците небески и sверовите земни, и целата земја ке дознае, оти има Бог во Израилот; |
47. | и сите овие лу е ке разберат дека не со меч и копје спасува Господ, зашто тоа е војна на Господа, и Он ке ве предаде во рацете наши." |
48. | Кога Филистеецот се исправи и почна да пристапува и да се приближува кон Давида, Давид брзо се стрча кон местото на борбата против Филистеецот, |
49. | и бркна со раката во торбата, извади оттаму еден камен и фрли до пракката, та го удри Филистеецот в чело, така што каменот се заби во челото негово, и тој падна ничкум на земјата. |
50. | Така со пракка и камен го победи Давид Филистеецот; го удри Филистеецот и го уби; а Давид немаше меч во рацете. |
51. | Тогаш Давид се стрча и, откако стапна врз Филистеецот, зеде та го извлече мечот негов од корицата, го удри и ја пресече со него главата негова. Филистејците, кога видоа дека нивниот јунак умре, почнааа да бегаат. |
52. | И се кренаа мажите израилски и јудејски, викнаа и ги гонеа Филистејците до влезот во долината и до портите на Акарон. И убиваните Филистејци па аа по Шааримскиот пат до Гет и до Акарон. |
53. | Откако ги прогонија Филистејците, Израилевите синови се вратија и го разграбија логорот нивни. |
54. | Давид ја зеде главата на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а оружјето го стави во шаторот свој. |
55. | Кога Саул го беше видел Давида како излегува против Филистеецот, тогаш го запраша Авенир, началникот на војската: "Авенире, чиј син е тоа момче?" Авенир му одговори: "Да ти е жива душата, царе, не знам." |
56. | И царот тогаш рече: "Ја прашај, чиј син е тоа момче?" |
57. | А кога ДАвид се вракаше, откако го уби Филистеецот, Авенир го зеде и го доведе при Саула, и главата на Филистеецот беше во раката негова. |
58. | И Саул го запраша: "Чиј син си, момче?" Давид одговори: "Син на твојот слуга Јесеј од Витлеем." |
← 1Samuel (17/31) → |