← 1Samuel (16/31) → |
1. | Му рече Господ на Самуила: "До кога ке тагуваш по Саула, кого Јас го отфрлив, да не биде цар на Израилот? Наполни го рогот свој со елеј и оди; Јас ке те испратам кај витлеемецот Јесеј, зашто ме у неговите синови си согледав цар." |
2. | Тогаш Самуил рече: "Како да одам? Саул ке чуе и ке ме убие." Господ рече: "Потерај од стадото свое една јуничка и кажи: - дојдов да му принесам жртва на Господа; |
3. | покани го и Јесеја, и синовите негови, на жртвата; Јас ке ти кажам, што да правиш, и ти ке Ми го помажеш оној, кого ке ти го посочам." |
4. | И Самуил направи, како што му кажа Господ. Кога дојде во Витлеем, старешините градски се уплашија и излегоа да го пресретнат и запрашаа: "Со мир ли доа аш?" |
5. | Тој одговори: "Со мир; дојдов да Му принесам жртва на Господа; осветете се и дојдете со мене на принесување жртва." И го освети тој Јесеја и синовите негови и ги покани на жртвата. |
6. | И кога дојдоа тие, тој, штом го виде Елиава, рече: "Секако овој е пред Господа помазаникот Негов!" |
7. | Но Господ му рече на Самуила: "Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето." |
8. | И го повика Јесеј Аминадава и го доведе кај Самуила, па рече Самуил: "И овој Господ не го избрал." |
9. | Јесеј го доведе Сама, и Самуил рече: "И овој не е избран од Господа." |
10. | Така Јесеј ги доведе при Самуила седумте синови свои, но Самуил му рече на Јесеја: "Ни еден од нив Господ не избрал." |
11. | Самуил го запраша Јесеја: "Сите деца твои ли се овие?" Јесеј одговори: "Остана уште најмалиот; тој ги пасе овците." И му рече Самуил на Јесеја: "Испрати, и доведи го, зашто нема да седнеме да јадеме, додека тој не дојде овде." |
12. | Тогаш Јесеј испрати, и го доведоа. Тој беше рус, со убави очи и пријатно лице. И Господ рече: "Стани, помажи го, зашто тоа е тој." |
13. | Самуил го зеде рогот со елеј и го помаза среде браката негови, и Духот Господов почиваше врз Давида од тој ден и подоцна. Потоа Самуил стана и отиде во Арматем. |
14. | А од Саула отстапи Духот Господов, и зол дух од Господа го мачеше." |
15. | И му рекоа на Саула неговите слуги: "Ете, зол дух од Бога те мачи. |
16. | Нашиот господар нека заповеда на слугите свои, што се пред тебе, да побараат човек, што знае да свири на гусли и кога лошиот дух од Бога ке дојде врз тебе, тој, свирејки со рака, ке те успокојува." |
17. | Саул им одговори на слугите свои: "Најдете ми човек, што убаво свири, и доведете ми го." |
18. | Тогаш еден од слугите негови рече: "Ете, јас видов кај витлеемцеот Јесеј син, кој знае да свири, човек храбар и борбен, умно говори и е убав, и Господ е со него." |
19. | Саул прати известител при Јесеја и рече: "Испрати ми го синот свој Давида, кој е при стадото." |
20. | Јесеј зеде осел со леб и мешина со вино и едно јаре, па ги испрати со синот свој Давида кај Саула. |
21. | Давид дојде кај Саула, и се претстави пред него; тој многу му се допадна на Саула и му стана оруженосец. |
22. | И Саул испрати да му кажат на Јесеја: "Нека служи Давид при мене, бидејки најде благонаколност за очите мои." |
23. | И секогаш, кога духот лукав доа аше врз Саула, Давид го земаше гуслето, свиреше, и на Саула му стануваше подобро и повесело, и лошиот дух тогаш се иставаше од него. |
← 1Samuel (16/31) → |