← 1Samuel (15/31) → |
1. | Потоа Самуил му рече на Саула: "Господ ме испрати да те помажам за цар над Неговиот народ, над Израилот; а сега чуј го гласот Господов. |
2. | Така говореше Господ Саваот: "Си спомнав на она, што Амалик му го направи на Израилот, како тој му се испречи на патот кога тој доа аше од Египет. |
3. | Оди сега и порази го Амалика и истреби се негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни се што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до осел." |
4. | Го собра тогаш Саул неродот и го преброи во Галгал; и тие двесте иљади Израилци пешаци и десет иљади од Јудиното племе. |
5. | И дојде Саул до Амаликовите градови и постави заседа во потокот. |
6. | Па им рече Саул на Кенејците: "Одете, одделете се, излезете од средината на Амаликовците, за да не ве погубам со нив, бидејки вие покажавте благонаклоност спрема сите Израилци кога доа аа од Египет. И Кенејците се одделија од Амаликијците. |
7. | И Саул го порази Амалика од Евил до пределите на Сур, што е пред Египет; |
8. | и го зароби жив амаликијскиот цар Агага, и сиот народ го истреби со меч и Јерима го уби. |
9. | Но Саул и народот го поштедија Агага и најдобрите овци, волови и згоените јагниња, и сето добро, кое не сакаа да го истребат, а го истребија сето лошо и безвредно. |
10. | И дојде словото од Господа, кон Самуила вакво: |
11. | "Жалам, што го поставив Саула за цар, бидејки тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој." Се натажи Самуил многу, викаше кон Господа цела нок. |
12. | А изутрината рано Самуил стана и отиде да го пресретне Саула. И му јавија на Самуила, дека Саул отишол на Кармил и таму си подигнал споменик, но оттаму ја свртил колата и слегол во Галгал. |
13. | Кога Самуил дојде при Саула, Саул му рече: "Благословен да си од Господа; јас го исполнив зборот Господов." |
14. | Но Самуил рече: "А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови, што го слушам?" |
15. | Саул одговори: "Ги дотераа од Амалика, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господа, твојот Бог; а другото го истребивме. |
16. | Самуил му рече на Саула: "Почекај да ти јавам, што ми кажа Господ нокеска." А Саул му рече: "Кажувај." |
17. | Тогаш Самуил му рече на Саула: "Зар не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израилевите племиња, и Господ те помаза за цар над Израилот? |
18. | И Господ те испрати на пат и рече: "Оди и истреби ги Амаликијците и војувај против нив, се додека ги истребиш. |
19. | Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господа?" |
20. | Саул му одговори на Самуила: "Јас го послушав гласот Господов и отидов на пат, каде што ме испрати Господ, и го доведов амаликијскиот цар Агаг, а Амаликијците ги истребив; |
21. | а од пленот: овците и воловите, народот го зеде најдоброто од ограбеното, за да му принесе жртва на Господа, твојот Бог, во Галгал." |
22. | Самуил одговори: "Зар сепалиниците и приносите повеке Му се пријатни на Господа, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето - подобро отколку овнешкото месо; |
23. | зашто непокорноста и исто таков грев, какво што е вражањето, а упорноста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господа, затоа и Он те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот." |
24. | И Саул му кажа на Самуила: "Згрешив, бидејки ја престапив заповедта на Господа и твојот збор; но јас се исплашив од народот и го послушав гласот нивни. |
25. | А сега земи го од мене мојот грев и врати се со мене, за да Му се поклонам на Господа, твојот Бог." |
26. | А Самуил му одговори на Саула: "Нема да се вратам со тебе, зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот." |
27. | Самуил се сврти да си оди. Но Саул се фати за крајот од облеката негова и ја раскина. |
28. | Тогаш Самуил рече: "Денес Господ го одзеде царството Израилево од тебе и му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе. |
29. | Светецот Израилев нема да каже неправда, ниту ке се покае, бидејки Он не е човек, та да се покае." |
30. | И рече Саул: "Згрешив; но направи ми сега чест пред старешините на мојот народ и пред Израилот, и врати се со мене, и јас ке Му се поклонам на Господа, твојот Бог." |
31. | Самуил се врати по Саула, и Саул Му се поклони на Господа. |
32. | Потоа Самуил рече: "Доведете ми го амаликијскиот цар Агага." Агаг, растреперен, се приближи до него, и рече Агаг: "Горчината на смртта, секако, одмина!" |
33. | Но Самуил рече: "Како што мечот твој ги лишуваше жените од децата, така и мајка ти ме у жените нака биде лишена од син." И го исече Самуил Агага пред Господа во Галгал. |
34. | Самуил отиде во Арматем, а Саул отиде во домот свој во Гава Саулова. |
35. | И Самуил веке не се виде со Саула до денот на смртта своја; но Самуил тагуваше по Саула, бидејки Господа се беше покајал, што го зацари Саула над Израилот. |
← 1Samuel (15/31) → |