← 1Samuel (13/31) → |
1. | Беше изминала една година од царувањето на Саула, и две години царуваше Саул над Израилот, кога тој си избра три иљади Израилци: |
2. | две иљади беа со Саула во Махмас и во гората Ветилска, и иљада беа со Јонатан во Гава Венијаминова: а другиот народ тој го испрати по куките нивни. |
3. | Јонатан ја разби филистејската стража, што беше во Гава; Филистејците слушнаа за тоа, а Саул затруби со труба по целата земја, викајки: "нека чујат Евреите!" |
4. | Кога сиот Израил чу, дека Саул ја разбил филистејската стража и дека Израил станал намразен за Филистејците, - народот се собра при Саула во Галгал. |
5. | А Филистејците се собраа за војна против Израил: триесет иљади коли и шест иљади коњица, и мноштво народ, како песок на морскиот брег; и дојдоа, та се сместија во Махмас, на исток од Веторон. |
6. | Израилците, откако видоа дека се во опасност, бидејки народот беше притеснет, се криеја во пештери и теснеци, во кемани места, во пукнатини и ровови; |
7. | а некои од Евреите минаа од онаа страна на Јордан, во земјата Гадова и Галадска; Саул, пак, беше уште во Галгал, сиот народ, што беше со него, се беше уплашил |
8. | И тој чекаше седум дена до рокот, означен од Самуила, но Самуил не доа аше во Галгал. И народот почна да се разбегува од него. |
9. | И Саул рече: "Донесете го при мене одреденото за сепаленици и за благодарствени жртви." И принесе жртва. |
10. | А штом заврши со принесувањето на жртвата, ете кај иде Самуил, и Саул му излезе во пресрет да го поздрави. |
11. | А Самуил запраша: "Што си направил?" Саул одговори: "Видов оти народот се разбега од мене, а ти не дојде во закажаното време, Филистејците пак се беа собрале во Махмас, - |
12. | тогаш си помислив: "Сега ке се спуштат врз мене Филистејците во Галгал, а јас, пак, се уште не сум го прашал Господа, па затоа решив да принесам жртва." |
13. | И Самуил му рече на Саула: "Лошо си постапил што не си ја исполнил заповедта на Господа, твојот Бог, која ти беше дадена, зашто денес Господ сакаше да го зацврсти царувањето твое над Израилот засекогаш. |
14. | А сега твоето царување не ке може да опстане: Господ ке си најде маж според срцето Свое и ке му нареди да биде водач на народот Негов, зашто ти не го исполни она што ти беше заповедал Господ." |
15. | И стана Самуил, та отиде од Галгал во Гава Венијаминова, другите, пак лу е отидоа по Саула против непријателските групи, кои ги нападнаа кога одеа од Галгал во Гава Венијаминова; а Саул ги преброи лу ето, што беа со него, до шестотини души. |
16. | Саул со синот свој Јонатан и лу ето, што се нао аа при нив, се улогорија во Гава Венијаминова и плачеа, а Филистејците беа во логорот во Махмас. |
17. | И од филистејскиот логор излегоа три дружини, за да ја опустошуваат земјата: едната тргна оп патот за Гофер, во земјата Совал, |
18. | другата дружина тргна по Веторонскиот пат, додека третата појде по патот кон границата на долината Севоим, кон пустињата. |
19. | Во сета Израилска земја немаше ковачи, бидејки Филистејците се плашеа, да не направат Евреите мечеви или копја. |
20. | И сите Израилци требаше да одат при Филистејците за да ги клепаат своите рала, мотиките, секирите и копачите, |
21. | кога ке отапеше сечилото на ралата, мотиките, вилите и секирите, или пак требаше да се наострат остените. |
22. | Затоа во текот на војната немаше ниту меч, ниту копје во сиот народ, што беше со Саула и Јонатана, а такви се најдоа само кај Саула и кај синот негов Јонатана. |
23. | И филистејската стража излезе во теснецот во Махмас. |
← 1Samuel (13/31) → |