← 1Samuel (12/31) → |
1. | И Самуил му рече на сиот Израил: "Ете, јас го послушав вашиот глас во се, што ми рековте, и ви поставив цар, |
2. | и еве, царот оди пред вас: а јас остарев и побелев; и синовите мои се со вас. Јас, пак, одев пред вас од младини до денес. |
3. | Па еве ме, сведочете против мене пред Господа, и пред Неговиот помазаник: кому сум зел вол, кому сум зел осел, кого сум навредил и кого сум притискал, од кого сум зел дар и ги затворил очите пред делото негово, и јас ке ви ги вратам." |
4. | И одговорија: "Ти не си не навредувал, ниту си не измачувал и од никого ништо не си зел." |
5. | И тој им рече: "Сведок против вас е Господ, сведок е и помазаникот Негов во овој ден, дека не најдовте ништо против мене." И тие одговорија: "Сведок е." |
6. | Тогаш Самуил му рече на народот: "Сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеја и Арона и Кој ги изведе вашите татковци од Египетската земја. |
7. | А сега застанете, и јас ке се судам со вас пред Гсопода за сите добри дела, што Он ви ги направи вам и на татковците ваши. |
8. | Кога Јаков дојде во Египет, и татковците ваши почнаа да викаат кон Господа, Господа го испрати Мојсеја и Арона, и тие ги изведоа татковиците ваши од Египет и ги населија на ова место. |
9. | Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Он ги предаде во рацете на Сисар, асирскиот војвода, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив. |
10. | А кога повикаа пак кон Господа и рекоа: "Згрешивме, што Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на Вааловци и Астарти, спаси не сега од рацете на непријателите наши, и ние ке Ти служиме Тебе." |
11. | Тогаш Господ го испрати Јоровала и Варака, Ефтија и Самуила и ве спаси од рацете на околните непријатели ваши, и вие живеевте во мир. |
12. | Но кога видовте, дека амонитскиот цар Наас оди против вас, вие ми рековте: "Не, нека царува цар над нас", штом Господ, вашиот Бог, е ваш цар. |
13. | И така, еве го царот, што го избравте, кого го сакавте; ете, Господ ви постави цар. |
14. | Ако се плашите од Господа и Му служите, ако го слушате гласот Негов и не се противите на заповедите Господови, вие и царот ваш, кој царува над вас, и ако одите по Господа, вашиот Бог, тогаш раката Господова нема да биде против вас; |
15. | ако, пак, не го слушате гласот Господов и почнете да се противите на заповедите Господови, раката на Господа ке биде против вас, како што беше против татковците ваши. |
16. | А сега станете и погледнете го големото дело, кое Господ го изврши пред очите ваши: |
17. | нели е сега пченична жетва? Но јас ке Го призовам Господа, и Он ке испрати гром и дожд, и вие ке дознаете и ке видите, колку е голем гревот, што го направивте пред очите на Господа, барајки за себеси цар." |
18. | И Самуил го призва Господа, и Господа испрати гром и дожд во тој ден; и сиот народ многу се исплаши од Господа и Самуила. |
19. | и сиот народ му рече на Самуила: "Помоли се за слугите свои пред Господа, твојот Бог, за да не умреме; зашто кон сите гревови наши додадовме уште еден грев, кога баравме за себеси цар." |
20. | А Самуил му одговори на народот и рече: "Не плашете се, вие го направивте, вистина, тој грев, но само не отстапувајте од Господа, и служете Му на Господа од се срце, |
21. | и не одете по ништожни богови, кои нема да ви донесат корист и нема да ве спасат, бидејки се ништо; |
22. | а Господ нема да го остави народот Свој заради Своето големо име, бидејки на Господа му беше угодно да ве избере за Свој народ; |
23. | исто така и јас нема да си дозволам грев пред Господа, да престанам да се молам за вас, и ке ви го покажувам добриот и правиот пат; |
24. | само бојте се од Господа и служете Му вистински од сето свое срце, зашто видовте, какви големи дела изврши Он со вас; |
25. | ако пак вршите зло, тогаш и вие и царот ваш ке загинете." |
← 1Samuel (12/31) → |