← 1Samuel (11/31) → |
1. | И по месец време дојде Амонитеецот Наас и го опколи Јавис Галадски. И сите јависки жители му рекоа на Наас: "Склучи со нас сојуз, и ние ке ти служиме!" |
2. | На Амонитеецот Наас им рече: "Kе склучам сојуз со вас, но под услов, на секого од вас да му го извадам десното око и со тоа да нанесам срам врз целиот Израил." |
3. | Јависките старешини му рекоа: "Дај ни рок од седум дена, да испратиме пратеници по сите израилски предели, и, ако никој не ни помогне, ке ти се предадеме." |
4. | И пратениците дојдоа во Гава Саулова и му ги раскажаа на народот гласно тие зборови; и сиот народ извика и заплака. |
5. | А ете, Саул доа аше од нива по воловите свои и рече: "Што станало со народот, та плаче?" И му ги кажаа зборовите на Јависките жители. |
6. | И слезе Духот Божји врз Саула, откако ги чу тие зборови, и силно се разгневи; |
7. | па зеде два вола, ги исече на парчиња и ги испрати по сите израилски предели преку тие пратеници, објавувајки, дека така ке биде постапено со воловите на секого, што нема да тргне по Саула и Самуила. И страв Господов падна врз народот, и тргнаа сите како еден човек. |
8. | Саул го преброи во Везек, и се најдоа синовите Израилеви шестотини иљади и мажи Јудини - седумдесет иљади. |
9. | И им рече на дојдените пратеници: "Вака кажете им на жителите на Јавис Галадски: утре ке имате помош штом ке припече сонцето." И пратениците отидоа и им јавија на јависките жители, и тие се зарадуваа. |
10. | И Јависките жители му рекоа на Наас: "Утре ке ви се предадеме, и правете со нас што сакате." |
11. | На следниот ден Саул го раздели народот во три групи, и тие се провлекоа среде логорот по утринската стража и до дневниот пропек ги поразија Амонмитците; другите Амонитци се распрснаа така, што од нив не останаа ни двајца заедно. |
12. | Тогаш народот му рече на Самуила: "Кои беа тие што рекоа - Та Саул ли ке царува над нас? - Дајте ги тие лу е, и ние ке ги убиеме." |
13. | Но Саул рече: "Денес не треба никој да се убие, зашто денес Господ изврши спасение во Израилот." |
14. | И Самуил му рече на народот: "Да одиме во Галгал и таму да го обновиме царството." |
15. | И сиот народ отиде во Галгал и го поставија таму Саула за цар пред Господа, во Галгал, и принесоа таму благодарствени жртви пред Господа. И се провеселија таму многу, Саул и сите Израилци. |
← 1Samuel (11/31) → |