← 1Peter (5/5) |
1. | Затоа старешините меѓу вас ги поттикнувам јас кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата која ќе се открие: |
2. | пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас и надгледувајте го, не со принуда, туку доброволно, како што Бог сака; не со желба за нечесна печалба, туку со искрено срце; |
3. | и не како да господарите над такви кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото. |
4. | А кога ќе се појави Bрховниот Пастир, ќе примите венец на слава, што не венее. |
5. | Така и вие помладите, покорувајте им се на старешините. А сите, препашете се со понизност еден спрема друг, зашто "Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат." |
6. | И така, понизете се под моќната Божја рака, за да ве возвиши во погодно време. |
7. | И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас. |
8. | Бидете со трезвен дух и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта. |
9. | Спротивете му се, цврсти во верата, знаејќи дека истите страдања им се случуваат и на вашите браќа по светот. |
10. | А откако ќе претрпите уште малку, Бог на секоја благодат, Кој ве повика во Христос кон Својата вечна слава, Самиот ќе ве усоврши, ќе ве потврди, зајакне и утврди. |
11. | Нека има власт во сите векови. Амин! |
12. | По Силван, нашиот верен брат, каков што го сметам, ви го напишав ова накратко, за да ве поттикнам и да ви посведочам дека ова е вистинска Божја благодат, во која цврсто стоите. |
13. | Поздрави ви праќа црквата од Bавилон, која е избрана заедно со вас, како и мојот син Марко. |
14. | Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир вам кои сте во Христос. |
← 1Peter (5/5) |