← 1Peter (3/5) → |
1. | Така и вие, жени, бидете им покорни на своите мажи, та ако некои не му бидат послушни на словото, да бидат придобиени без зборови, преку поведението на своите жени, |
2. | кога ќе го видат вашето непорочно и чесно поведение. |
3. | Bашето украсување да не биде надворешно: во плетење на косата, во китење со златен накит или во раскошно облекување, |
4. | туку во скриената личност во срцето, во нераспадливиот украс на кроткиот и тивок дух, што е од голема вредност пред Бога. |
5. | Зашто така некогаш се украсуваа светите жени кои се надеваа во Бог, и им се покоруваа на своите мажи, |
6. | како што Сара му беше послушна на Авраам и го нарекуваше господар, а вие сте нејзини ќерки, кога правите добро, немајќи страв од ништо. |
7. | А и вие, мажи, живејте во слога со жените како со послаб сад и искажувајќи им почит како на сонаследнички на благодатта на животот, за да не бидат спречувани вашите молитви. |
8. | На крајот, бидете сите едномислени, сочувствителни, братољубиви, љубезни и понизни; |
9. | не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, бидејќи повикани сте токму за тоа, за да наследите благослов. |
10. | Зашто "кој сака да го љуби животот и да види добри денови, нека си го воздржува јазикот од зло и усните од измама; |
11. | нека е скраја од злото и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него; |
12. | зашто Господовите очи бдеат над праведниците и Неговите уши ја слушаат нивната молитва, а Господовото лице е против оние кои вршат зло." |
13. | И кој ќе ви напакости, ако покажувате ревност за доброто? |
14. | А ако и страдате заради праведноста, блажени сте! "Не вознемирувајте се и не плашете се од нивните закани," |
15. | туку прославувајте Го во своите срца Христос како Господ, секогаш готови да му одговорите на секој што бара одговор за надежта која е во вас, но со кроткост и страхопочит, |
16. | имајте добра совест, та оние кои го навредуваат вашето добро поведение во Христос, да се посрамат за она за што ве клеветат. |
17. | Зашто подобро е, ако е по Божјата волја да страдате правејќи добро, отколку правејќи зло. |
18. | Зашто и Христос умре за гревовите еднаш засекогаш, Праведниот за неправедните, за да може да нè одведе кај Бог; убиен во телото, но оживеан во духот; |
19. | во кој отиде и им проповедаше на духовите, кои се сега затворени, |
20. | кои некогаш беа непокорни, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија преку водата. |
21. | Bо согласност со овој приказ, сега крштавањето ве спасува, кое не е отстранување на телесната нечистотија, туку е покажување на добра совест спрема Бог, преку воскресението на Исус Христос, |
22. | Кој Му е оддесно на Бог, откако отиде на небото каде Му се потчинија и ангелите и властите и силите. |
← 1Peter (3/5) → |