← 1Kings (9/22) → |
1. | Откако Соломон заврши градбата на Господовиот храм, на царскиот дом и се, што беше посакал да направи, |
2. | Господ повторно му се јави на Соломона, како што му се беше јавил во Гаваон. |
3. | И Господ му рече: "Јас ја чув твојата молитва и твојата молба, за која Ме молеше и направив се според твојата молитва, го осветив тој храм, што го изгради ти, за да биде засеговаш името Мое таму довека, и очите Мои, и срцето Мое ке бидат таму во сите дни. |
4. | А ти, ако одиш пред Моето лице, како што одеше татко ти Давид, со чисто срце и со правина, исполнувајки се, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш Моите уредби и Моите закони, |
5. | Јас ке го поставам твојот царски трон над Израилот засекогаш, како што му реков на татка ти Давида, велејки: ‘Нема да престане да излегува од тебе маж, кој седи на престолот Израилев.‘ |
6. | Ако вие и синовите ваши отстапите од Мене и не ги пазите Моите заповеди и Моите уредби, што сум ви ги дал, и ако тргнете и почнете да служите на други богови и да им се поклонувате, |
7. | Јас ке го истребам Израилот од лицето на замјата, што сум му ја дал, и храмот, што сум го посветил на Мое име, ке го отфрлам од лицето Свое, и Израилот ке стане за приказ и за подбивање кај сите народи. |
8. | И за тој висок храм, секој, што ке мине покрај него, ке се вжаси, ке потсвирне и ке рече: ‘зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘ |
9. | И ке речат: ‘затоа, што тие го оставија Господа, својот Бог, Кој ги изведе татковците нивни од Египетската земја, и се приврзаа кон други богови, им се поклонуваа и им служеа, - затоа Господ им го испрати ова зло!‘" |
10. | Откако изминаа дваесет години, во текот на кои Соломон изгради два дома, - домот Господов и царскиот дом, - |
11. | за кои тирскиот цар Хриам му набавуваше на Соломона кедрово дрво и кипарисово дрво и злато според желбата негова, - цар Соломон му даде на Хирама дваесет градови во Галилејската земја. |
12. | И Хирам излезе од Тир да ги прегледа градовите, што му ги даде Соломон, и тие не му се допаднаа. |
13. | Затоа тој рече: "Какви се тие градови, што ти, брате мој, ми ги даде?" И ги нарече замја Кавул, како што се нарекуваат и денес. |
14. | А Хирам му беше испратил на царот сто и дваесет таланти злато. |
15. | Оттука и распределбата за данокот, што го наложи Соломон, за да го изгради храмот Господов и својот дом, Мелон и sидовите ерусалимски, Асор и Мегидон и Газер. |
16. | Фараонот, египетскиот цар, беше дошол и го презел Газер, и со оган го беше изгорел, а Хананејците, што живееја во градот, ги беше испотепал, и го беше дал како мираз на керка си, Соломоновата жена. |
17. | И тогаш Соломон го изгради Газер и Долни Веторон, |
18. | Валат, Тамор во пустињата, |
19. | и сите градови житници, што ги имаше Соломон, и градовите за колите, градовите за коњицата и се она, што Соломон сакаше да изгради во Ерусалим, на Ливан и по целата земја на своето владение. |
20. | Сите лу е, останати од Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананејците, Евејците, Јевусејците и Герпесејците, кои не беа од Израилевите синови, |
21. | децата нивни, останати по нив во земјата, кои Израилевите синови не можеа да ги истребат, - Соломон ги направи поданички работници, какви што се и денес. |
22. | А синовите Израилеви Соломон ги правеше работници; тие беа негови војници, служители, великодостојници, полководци и заповедници на неговите коли и на неговите коњаници. |
23. | Главините, пак, распоредници над Соломоновите работи, односно управниците на народот, што ја извршуваа работата, беа петстотини и педесет. |
24. | Фараоновата керка премина од Давидовиот град во својот дом, што го изгради Соломон за неа. Потоа тој го изгради Мелон. |
25. | Соломон принесуваше трипати годишно сепаленици и мирни жртви на жртвеникот, што Му го беше изградил на Господа, и кадеше врз него пред Господа. Така заврши градбата на домот. |
26. | Цар Соломон направи исто така и кораби во Гасион-Гавер, кој е при Елат, на брегот на Црвеното Море, во Идумејската земја. |
27. | И Хирам испрати на тие кораби свои поданици - корабари, што го знаат морето, заедно со Соломоновите поданици; |
28. | тие отидоа во Офир и зедоа оттаму злато четиристотини и дваесет таланти и му го донесоа на цар Соломона. |
← 1Kings (9/22) → |