← 1Kings (6/22) → |
1. | Во четиристотини и осумдесеттата година по излгувањето на Израилевите синови од Египетската земја, во четвртата година на Соломоновото царување над Израилот, во месец Зиф, кој е втор месец, Соломон почна да Му гради храм на Господа. |
2. | А храмот, што цар Соломон Му го изгради на Господа, беше долг шеесет лакти, широк - дваесет и висок - триесет лакти; |
3. | тремот пред храмот беше долг дваесет лакти, според ширината на храмот, и широк - десет лакти пред храмот |
4. | Во храмот тој направи прозорци, затворени со решетки. |
5. | И направи доградба околу sидовите на храмот, околу храмот и Свјатаја Свјатих; а направи и странични соби наоколу. |
6. | Долниот кат на зградата беше широк пет лакти, средниот широк - шест лакти, а третиот - широк седум лакти; зашто околу храмот надвор беа направени растојанија за доградба да не допираат до sидовите на храмот. |
7. | Кога се градеше храмот, за градење се употребуваа делкани камења, така што за време на градењето на храмот не се слушаша, ни чекан, ни тесла, ниту некакво друго железно орудие. |
8. | Вратата на средниот кат беше десно од храмот. По тркалезни скали се искачуваа на вториот кат а од вториот - на третиот. |
9. | Така го изгради тој храмот, го изгради и го обложи со кедрови штици. |
10. | и догради до целиот храм странични соби, високи пет лакти; тие беа прикрепени кон храмот со кедрови греди. |
11. | И би слово Господово кон Соломона, и му беше речено: |
12. | "Ете, ти градиш храм: ако одиш по Моите закони, ако постапуваш по Моите наредби и ако ги пазиш сите Мои заповеди, управувајки се според нив, Јас ке го исполнам врз тебе словото Свое, што му го бев кажал на татка ти Давида; |
13. | И ке живеам среде Израилевите синови и нема да го оставам Мојот народ Израилот." |
14. | И така, Соломон го изгради храмот и го заврши. |
15. | Ги обложи sидовите на храмот однатре со кедрови штици; од подот до потонот ти обложи однатре со дрво, а подот на храмот го покри со кипарисови штици. |
16. | а во задната страна на храмот на дваесет лакти од крајот, издигна sид и ги обложи sидовите и подот со кедрови штици, и направи простор за Свјатаја-Свајтих. |
17. | А храмот, само предниот дел на храмот, имаше четириесет лакти. |
18. | По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; се беше покриено со кедар, камен не се гледаше. |
19. | А внатре во храмот тој подготви оддел за да го постави таму ковчегот нз заветот Господов. |
20. | Одделот беше долг дваесет лакти, широк дваесет лакти, и висок дваесет лакти; тој го опкова со чисто злато; исто така го опкова и кедровиот жртвеник. |
21. | Одвнатре, Соломон го опкова храмот со чисто злато, и протегна златни вериги пред Свајтаја Свјатих, и ја опкова со злато. |
22. | Целиот храм тој го обложи со злато, целиот храм докрај, и целиот жртвеник, што е пред Свјатаја-Свјатих, го опкова со злато. |
23. | А во Свјатаја-Свјатих направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти |
24. | Едното крило на херувимот беше долго пет лакти и другото крило на херувимот - пет лакти; десет лакти имаше од едниот крај на криљата негови до другиот крај на криљата негови. |
25. | Десет лакти имаше и другиот херувим; еднаква мерка и еднаков облик имаа двата херувима. |
26. | Височината на едиот херувим беше десет лакти, исто така и на другиот херувим. |
27. | Тој ги постави херувимите среде внатрешниот дел на храмот. А криљата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот sид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот sид; другите нивни криља пак се срекаваа крило со крило среде храмот. |
28. | Тој ги обложи херувимите со злато. |
29. | И по сите sидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор. |
30. | И подот на храмот го опкова со злато во внатрешниот и предниот дел. |
31. | За влез во Свјатаја Свјатих тој направи врата од маслиново дрво со петоаглони спојки. |
32. | На двете половини на вратата од маслиновото дрво тој издлаби херувими, палми и расцутени цвекиња и ги обложи со злато; го покри со злато и херувимите и палмите. |
33. | И при влезот на храмот тој направи четириаголни столбови од маслиново дрво |
34. | и две врати од кипарисово дрво; двете половикни на едната врата беа подвижни, и двете половикни на другата врата исто така беа подвижни. |
35. | Издлаби по нив херувими, палми и расцутени цвекиња и ја обложи резбата со злато. |
36. | И внатрешниот трем го направи од три реда делкани камења и од еден ред кедрови греди. |
37. | На четвртата година, во месецот Зиф, вториот месец, тој ги беше положил основите на храмот Господов, |
38. | а на единаесеттата година, во месецот Вул, тоа е осмиот месец, - тој го заврши храмот со сите негови принадлежности и според сите негови преднацрти. Соломон го градеше храмот седум години. |
← 1Kings (6/22) → |