← 1Kings (5/22) → |
1. | Хирам, тирски цар, ги испрати слугите свои при Соломона, откако чу, дека го помазале за цар место татка му, зашто Хирам беше Давидов пријател во текот на целиот негов живот. |
2. | А и Соломон испрати да му кажат на Хирама: |
3. | "Ти знаеш, дека татко ми Давид на можеше да изгради дом на името Господово, својот Бог, поради војните со околните народи, додека Гсопод не го покори под нозете негови; |
4. | но сега Господ, мојот Бог, ми даде спокојство од сите страни: нема противник и нема веке стапици. |
5. | И, ете, јас имам намера да изградам дом на името Господово, мојот Бог, како што му беше рекол Господ на татка ми Давида, велејки: ‘Твојот син, кого што ке го поставам на твојот престол место тебе, ке изгради дом на Моето име.‘ |
6. | Затоа, заповедај да ми насечат кедрово дрво од Ливан; и ете, моите слуги ке бидат заедно со твоите слуги, како ти што ке определиш, зашто знаеш, дека кај нас нема лу е, кои умеат да сечат дрва така, како Сидонците." |
7. | Кога Хирам ги чу зборовите од Соломона, многу се зарадува и рече: "Благословен нека е денес Господ, Кој му даде на Давида мудар син, за да управува со тој многуброен народ!" |
8. | И Хирам испрати при Соломона да кажат: "Го ислушав тоа, за кое беше си испратил до мене; ке ја исполнам твојата желба за кедровото дрво и кипарисовото: |
9. | слугите мои ке ги довлечкаат од Ливан до морето, и на сплавови ке ги дотераат по море до местото, што ке ми го определиш; таму ке ги растоварам, и ти ке ги земеш; но и ти исполни ја желбата моја, да доставуваш храна за мојот дом." |
10. | И Хирам му даваше на Соломона кедрово дрво и кипарисово дрво, според желбата негова. |
11. | А Соломон му даваше на Хирама дваесет иљади кои пченица за исхрана на неговиот дом и дваесет кори цедено маслиново масло, - толку Соломон му даваше на Хирама секоја година. |
12. | Господ му даде на Соломона мудрост, како што му беше ветил. И ме у Хирама и Соломона имаше мир, а склучија и сојуз ме у себе. |
13. | Цар Соломон наложи обврска врз сиот Израил; а обврската се состоеше од триесет иљади лу е. |
14. | Тој ги испракаше во Ливан, по десет иљади на месец, на смени; еден месец престојуваа во Ливан, а два месеци - по домовите свои. Адонирам, пак, беше нивни управник. |
15. | Соломон имаше уште седумдесет иљади пренесувачи на товари, и осумдесет иљади каменоделци во планините, |
16. | надвор од трите иљади и триста настојници, што Соломон ги беше поставил над работата, да го надгледуваат народот, што ги извршуваше работите. |
17. | И царот заповеда да донесуваат големи камења за основата на домот, камења делкани. |
18. | Ги делкаа, пак, Соломонови работници и Хирамови работници и Гевалци, и подготвуваа дрвја и камења за градење на домот три години. |
← 1Kings (5/22) → |