← 1Kings (4/22) → |
1. | Царот Соломон беше цар над сиот Израил. |
2. | И еве кои беа неговите кнезови: Азарија, син на свештеникот Садок; |
3. | Елихореф и Ахија, синови на Сива - писари; Јосафат, Ахилудов син - летописец; |
4. | Ванеја, Јодаевиот син, - војвода, Садок и Авијатар - свештеници; |
5. | Азарија, Натановиот син, - началник на управителите, и Завут, син на свештеникот Натан, - пријател на царот; |
6. | Ахисар, - управник на царскиот дом, а Адонирам, - син Авдин - на даноците. |
7. | Соломон имаше дванаесет управници над сиот Израил, кои му доставуваа храна на царот и на неговиот дом; секој беше должен да доставува храна за по еден месец во годината. |
8. | Еве ги имињата нивни: синот Уров - на Ефремовата гора; |
9. | синот на Декер - во Макас и во Салвим, во Ветсамис, во Елон и во Вет-Анан; |
10. | синот Седафоф - во Арувот; нему исто така му припа аше Сохот и целата земја Оферова; |
11. | синот на Аминадав - над целиот крај Дор; а Тафат, Соломоновата керка, беше негова жена; |
12. | Вана, Ахилудовиот син, во Тенах и Мегидон, и во целиот Вет-Сан кој е блузи до Сартан под Језраел, од Вет-Сан до Авел-Мехол, и дури зад Јок-Меам; |
13. | синот Геверов - во Рамот Галадски; нему му припа аа селата на Јаира, Манасиев син, кои се во Галад; нему му припа аше и областа Аргов, во Васан, шеесет големи градови со sидови и бакарни резиња; |
14. | Ахинадав, Идов син, во Маханаим; |
15. | Ахимас, во земјата Нефталимова; тој си ја беше земал за жена Васемата, Соломонова керка; |
16. | Вана, Хусев син, во земјата Асирова и во Алот; |
17. | Јосафат, Фаруев син, во земјата Исахарова; |
18. | Семеј, синот на Ила, во земјата Венијаминова; |
19. | Гевер, Уриев син, во земјата Галадска, во земјата на аморејскиот цар Сион, и на васанскиот цар Ог. Тој беше управник на таа земја. |
20. | Јудејците и Израил, бидејки многубројни како песокта при морето, јадеа, пиеја и се веселеа. |
21. | Соломон владееше со сите царства од реката Ефрат до Филистејската земја и до границата на Египет. Тие принесуваа дарови и му служеа на Соломона во сите дни на животот негов. |
22. | Секојдневната храна на Соломона беше: тиесет кори пченично брашно и шеесет кори друго брашно, |
23. | десет згоени волови и дваесет волови одбрани и сто овци, освен елени и срни, и диви кози и птици; |
24. | зашто тој господареше над целата земја од оваа страна на реката, од Тапса до Газа, над сите цареви од оваа страна на реката, и имаше мир со сите околни земји. |
25. | И живееја Јудејците и Израил спокојно, секој под лозата своја и под смоквата своја, од Дан до Врисавија, преку сите Соломонови дни. |
26. | Соломон имаше четириесет иљади коњи за коли и дванаесет иљади за коњицата. |
27. | И управниците му доставуваа на цар Соломона се што требаше за царската трпеза, секој во својот месец, и не дозволуваа да има недостиг од ништо. |
28. | Исто така и јачмен, и слама за коњите и за маските доставуваше секој навремено во местото, каде што се нао аше царот. |
29. | А Бог му даде на Соломона мудрост, многу голем разум и широк ум како песокта на морскиот брег. |
30. | И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египтјаните. |
31. | Тој беше помудар од сите лу е, помудар и од Гетана Језраилецот и од Емана, и од Халкада и Дарда, Самадовиот син, и името негово се славеше по сите околни народи. |
32. | Тој изрече три иљади мудри изреки, а песните негови беа иљада и пет; |
33. | тој изговори и за дрвјата, од кедар, што е во Ливан, до исоп, што никнува по карпите; тој говореше и за животните, за птиците, за влекачите и за рибите. |
34. | И од сите народи доа аа да ја чујат Соломоновата мудрост, и сите земни цареви, што беа слушале за неговата мудрост. |
← 1Kings (4/22) → |