← 1Kings (3/22) → |
1. | Кога се зацврсти царствово во рацете на Соломона, Соломон се сроди со Фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата керка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и sидовите околу Ерусалим. |
2. | Народот уште принесуваше жртви по обречените места, бидејки до она време не беше изграден дом на името Господово. |
3. | Соломот го возљуби Господа, одејки по наредбите на татка си Давида, но и тој принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата. |
4. | Затоа царот отиде во Гаваон, за да принесе таму жртва, бидејки таму беше главиот жртвеник. Иљада сепалениците принесе Соломон врз тој жртвеник. |
5. | Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноке во сон и му рече: "Барај што сакаш да ти дадам." |
6. | Соломон одговори и рече: "Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татка ми Давида; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и правдата и со искрено срце пред Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој ке седи на престолот негов, како што е тоа денес; |
7. | и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татка ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам ни да излегувам, ни да влегувам. |
8. | А Твојот слуга е среде Твојот народ, што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа. |
9. | Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце, за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?" |
10. | Угодно Му беше на Господа, што Соломон го побара тоа. |
11. | Господ му рече: "Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум, за да умееш да судиш, - |
12. | Јас ке направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе; |
13. | и она што не го побара, Јас ти го давам, - и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе ме у царевите во сите твои денови; |
14. | и ако одиш по Мојот пат, пазејки ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ке ги продолжам и твоите дни." |
15. | Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана пред жртвеникот при ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви благодарствени и богато ги нагости сите слуги свои. |
16. | Тогаш дојдоа при царот две жени блудници и се исправија пред него. |
17. | И едната жена рече: "О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една кука, и родив при неа во таа кука; |
18. | а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куката при нас немаше никој надворешен човек; само ние двете бевме во куката. |
19. | Преку нок умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него; |
20. | а таа преку нок станала, го зела мојот син од мене, кога јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради. |
21. | Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син, што го бев родила." |
22. | Другата жена рече: "Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот." А таа и велеше: "Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот." И се препираа така пред царот. |
23. | Царот тогаш рече: "Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрениот; а онаа говори: "Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот." |
24. | Потоа царот рече: "Дајте ми меч!" И му донесоа меч. |
25. | И тогаш царот рече: "Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата." |
26. | И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата нејзина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: "О, господаре мој! Дајте и го тоа дете живо и не го убивајте". А онаа другата рече: "Нека биде ни мое, ни твое, сечете го!" |
27. | И царот проговори и рече: "Дајте и го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка." |
28. | И сиот Израил чу за судот, како пресуди царот. И почнаа да се плашат од царот, зашто видоа дека има мудрост Божја во него, за да извршува суд. |
← 1Kings (3/22) → |