← 1Kings (22/22) |
1. | Изминаа три години, без војна ме у Сирија и Израил. |
2. | На третата година јудејскиот цар Јосафат отиде при израискиот цар. |
3. | Израилскиот цар им кажа на слугите свои: "Знаете ли, дека Рамот Гладски е наш? А ние толку долго молчиме и не го земаме од рацете на сирискиот цар." |
4. | И му рече на Јосафата: "Kе појдеш ли со мене во војна против Рамот Галадски?" Јосафат му одговори на израилскиот цар: "Како што одиш ти, така и јас; како твојот народ, така и мојот народ; како твоите коњи, така и моите." |
5. | Јосафат уште му рече на израилскиот цар: "Прашај денес што ке каже Господ." |
6. | Израилскиот цар ги собра тогаш пророците - до четиристотини души - и ги праша: "Да одам ли во војна против Рамот Галадски, или не?" Тие одговорија: "Оди, Господ ке го предаде во рацете на царот." |
7. | Јосафат праша: "Нема ли тука уште некој пророк Господов, та преку него да Го прашаме Господа?" |
8. | Израилскиот цар му одговори на Јосафата: "Има уште еден човек, преку кого можеме да го прашаме Господа, но јас не го сакам него, зашто не пророкува за мене добро, туку само зло, - тој е Јемвлаевиот син Михеј." Јосафат рече: "Цару не говори така." |
9. | Израилскиот цар повика еден дворјанин и рече: "Оди поскоро по Јемвлаевиот син Михеј!" |
10. | Израилскиот цар и Јосафат, јудејскиот цар, седеа секој на своето седиште, облечени во царска облека, на плоштадот пред портите на Самарија, и сите пророци пророкуваа пред нив. |
11. | Хенановиот син Седекија си направи железни рогтови и рече: "Вака вели Господ: со овие ке ги избодеш Сириците, дедека да ги истребиш." |
12. | И сите пророци го пророкуваа истото, велејки: "Оди против Рамот Галадски; ке има успех; Господ ке го предаде во рацете на царот." |
13. | Испратениот, кој беше отишол да го повика Михеја, му рече: "Еве, зборовите на пророците едногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде согласен со зборот на секој од нив; искажи и ти добро." |
14. | Михеј одговори: "Жив ми Господ! Kе го кажам она, што ке ми каже Господ." |
15. | Кога дојде при царот, овој го праша: "Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или не?" А тој му одговори: "Оди, ке има успех; Господ ке го предаде во рацете на царот." |
16. | Тогаш царот му рече: "Пак ли да те заколнувам да не говориш ништо, освен вистината во името на Господа?" |
17. | Тој одговори: "Ги гледам сите Израилци распрснати по горите како овци, кои немаат пастир, зашто Господ рече: ‘господар немаат; секој нека се врати со мир во домот свој.‘" |
18. | Израилскиот цар му рече на Јосафата: "Нели ти реков, дека тој не пророкува добро за мене, туку само лошо?" |
19. | А Михеј одоговори и рече: "Не така, ислушај го словото Господово; Го видов Господа како седи на Својот престол, и целата небесна војска стоеше при Него десно и лево; |
20. | и Господ рече: кој ке го наговори Ахава да оди и да падне во Рамот Галадски? И еден велеше вака, а друг инаку; |
21. | еден дух, пак, истапи, застана пред лицето на Господа и рече: ‘јас ке го склонам!‘ И еден велеше вака, а друг инаку; |
22. | Тој одговори: ‘ке излезам и ке стана лажливиот дух во устата на сите негови пророци.‘ Господ рече: ‘ти ке го наговориш и ке го исполниш тоа;‘ оди и направи така." |
23. | И, ете, Господ сега допушти лажлив дух во устата на сите тие твои пророци; но Господ искажа за тебе лошо." |
24. | А Хенановиот син Седекија се доближи, го удри Михеја по устата, и рече: "Како, зар излезе од мене Духот Господов, за да говори во тебе?" |
25. | Михеј одговори: "Ете, ти ке го водиш тоа во оној ден, кога ке бегаш од една соба во друга, за да се сокриеш." |
26. | Тогаш израилскиот цар рече: "Земете го Михеја и одведете го при градоначалникот Амон и при царскиот син Јоаса. |
27. | И кажете: вака вели царот: "Затворете го овој во темницата и хранете го скудно со леб и скудно со вода, додека не се вратам со мир." |
28. | А Михеј рече: "Ако се вратиш со мир, тогаш Господ не зборувал преку мене." И рече: "Чујте, сите лу е!" |
29. | Потоа израилскиот цар и Јосафат, јудејскиот цар, тргнаа за Рамот Галадски. |
30. | Израискиот цар му рече на Јосафата: "Јас ке се преоблечам и ке влезам во борба, а ти облечи си ги царските алишта. И израилскиот цар се преоблече и влезе во борба. |
31. | А Сирскиот цар им заповеда на војводите над колите, на број беа триесет и двајца, велејки: "Не бијте се ниту со мал, ниту со голем, туку само со израилскиот цар." |
32. | Војводите над колите кога го видоа Јосафата, помислија, бездруго, тоа е израилскиот цар, и се свртеа против него, за да се удрат со него. Но Јосафат почна да вика. |
33. | И војводите над колите кога видоа дека тој не е израилскиот цар, се иставија од него. |
34. | А еден човек случајно го запна лакот и го рани израилскиот цар низ шевовите на околопот. А царот му рече на својот колар: "Врти назад и извади ме од војската, бидејки сум ранет." |
35. | Но во тој ден борбата се засили, и царот стоеше во колата спроти Сирците, а вечерта умре; крвта од раката се слеваше по колата. |
36. | И при зајдисонце беше објавено по целиот логор: секој да си оди во градот свој, секој - во земјата своја. |
37. | Така умре царот и беше донесен во Самарија, и го погребаа царот во Самарија. |
38. | Колата ја измија на Самарискиот извор, каде што се миеја блудниците, и кучињата ја лижеа крвта негова, според словото на Господа, кое Он го изрече. |
39. | Другите дела на Ахава и се што беше направил, и куката од слонова коска, што ја изгради, и сите градови што ги изгради, се опишано во летописите на израилските цареви. |
40. | Ахав почина при татковците свои, а место него стана цар синот негов Охозија. |
41. | Јосафат, синот на Аса, стана цар над Јудеја во четвртата година на израилскиот цар Ахава. |
42. | Јосафат беше на триесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, Салаилева керка. |
43. | Во се тој врвеше по патот на татка си свој Аса, не се отклонуваше од него, вршејки го она што не беше угодно пред очите на Господа. |
44. | Само, високите места не беа отстранети, народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места. |
45. | Јосафат склучи мир со израилскиот цар. |
46. | Другите дела на Јосафата и подвизите негови, што ги изврши, и како војувал, се опишани во летописите на јудејските цареви. |
47. | И сите блудници што беа останале од времето на татка му Аса, тој ги истреби од земјата. |
48. | Во Идумеја тогаш немаше цар; имаше царски намесник. |
49. | Царот Јосафат изгради кораби на морето, за да оди во Офир по злато; но тие не стигнаа до таму, бидејки се разбија во Есион-Гавер. |
50. | Тогаш Охозиј, синот Ахавов, му рече на Јосафата: "Моите слуги нека тргнат со твоите слуги на бродовите." Ама Јосафат не го прифати тоа. |
51. | Јосафат почина со своите татковци, и беше погребан во градот на давида, својот прататко. На негово место се зацари неговиот син Јорам. |
52. | Охозиј, синот Ахавов, стана цар на Израел во Самарија, во седумнаесеттата година на Јосафатовото царување во Јудеја, и царуваше две години над Израел. |
53. | Тој правеше што е зло во Господовите очи, и одеше по патот на својот татко и по патот на својата мајка, и по патот на Јеровоам, синот Наватов, кој го наведуваше Израел на грев. |
54. | Му служеше на Ваала и му се поклонуваше. Го разгневуваше Господа, Израелевиот Бог, сосем онака како што правеше неговиот татко. |
← 1Kings (22/22) |