← 1Kings (20/22) → |
1. | Сирскиот цар, синот Адеров, ја собра сета војска своја, и со него имаше триесет и двајца цареви, и коњи и коли, и отиде, па ја опседна Самарија и војуваше против неа. |
2. | И испрати пратеници до Израилскиот цар Ахав во градот, |
3. | и му рече: "Вака вели сирискиот цар: твоето сребро и твоето злато се мои, и твоите жени и најдобрите твои синови се мои." |
4. | Израилскиот цар одговори и рече: "Нека биде според зборот твој, господару мој, царе; јас и се што е мое е твое." |
5. | Претениците повторно дојдоа и рекоа: "Вака вели Адад: испратив да ти кажат, дај ми го среброто свое и златото свое, жените свои и синовите свои. |
6. | Затоа, утре, во ова време, ке ги испратам при тебе слугите свои да ја пребараат твојата кука и куките на твоите слуги, и да го земат в раце и да го изнесат се што е скапо за очите твои." |
7. | Израилскиот цар ги повика сите старешини во земјата и рече: "Размислете и гледајте, па тој крои зло; кога испрати при мене за жените и синоивте мои, за среброто и златото мое, јас не му откажав." |
8. | И сите старешини и сиот народ му одговорија: "Не слушај и не се согласувај!" |
9. | Потоа тој им одговори на Ададовите пратеници: "Кажете му на мојот господар, царот: се, за кое ти испрати привиот пат по твојот слуга, готов сум да го направам, но ова не можам да го направам." Тогаш претениците си отидоа и му однесоа одговор. |
10. | И Адад испрати и му порача: "Нека ми направат тоа и тоа боговите и уште повеке да ми направат, ако самариската пепел биде доволна по еден грст за сите лу е што одат по мене." |
11. | Израилскиот цар одговори и рече: "Кажете му да не се фали оној, кој се опашува како оној, што се распашува." |
12. | Кога ги чу тие зборови Адад, кој пиеше во шаторотие заедно со царевите, им рече на слугите свои: "Опседнувајте го градот!" И го опседнаа градот. |
13. | И ете, еден пророк пристапи до израилскиот цар Ахав и рече: "Вака вели Господ: го гледаш ли ова цело големо множество? Еве, денес ке го предадам во твои раце, за да знаеш дека Јас сум Господ." |
14. | Ахав запраша: "Преку кого?" Тој одговори: "Вака вели Господ: ‘преку слугите на градските водачи.‘" А Ахав пак праша: "Кој ке ја почне битката?" Тој му одговори: "Ти." |
15. | Ахав ги преброи слугите на градските водачи, и се најде дека се дваесте и триесет и двајца; по нив го преброи сиот народ, сите израилски синови, и тие беа седум иљади. |
16. | тие тргнаа околу пладне. А Адад се беше напил во шаторите заедно со царевите, со триесет и двајцата цареви, кои му помагаа. |
17. | Најнапред тргнаа градските водачи. И прати синот Адеров да му соопштат на сирискиот цар дека излегле лу е од Самарија. |
18. | Тој рече: "Ако се излезени за мир, фатете ги живи; ако, пак, се излезени да војуваат, пак фатете ги живи!" |
19. | Слугите на градските водачи излегоа од градот, а по нив и војската. |
20. | И секој го убиваше својот противник: Сириците почнаа да бегаат, а Израилците ги гонеа. Сирискиот цар се спаси на коњ со коњицата. |
21. | Израилскиот цар излезе, ги заплени коњите и колите и им нанесе голем пораз на Сириците. |
22. | Тогаш пророкот пристапи до израилскиот цар и му рече: "Оди, поткрепи се, па знај и гледај, што ке правиш, зашто по една година сирскиот цар пак ке излезе против тебе." |
23. | И му кажаа на сирскиот цар слугите негови: "Нивниот Бог е Бог на горите, а не Бог на долините, затоа не победија; но, ако се удриме со нив во рамнина, бездруго ке ги надвиеме; |
24. | И така, еве што ке направиш: отстрани ги царевите секој од местото негово и место нив постави градски водачи; |
25. | и собери си толку војска, колку што изгина, и коњи, и коли, колку што имаше; ке се удриме со нив во рамнина и тогаш бездруго ке ги надвиеме." Тој го послуша гласот нивни и направи така. |
26. | По една година Адад собра Сирци и тргна кон Афек, за да се удри со Израилот. |
27. | Собрани беа и Израилевите синови и, откако си зедоа храна, тргнаа против нив. Израилевите синови се сместија пред нив како две мали стада кози, а Сириците ја исполнија земјата. |
28. | Тогаш Божјиот човек се приближи и му рече на израилскиот цар: "Така вели Господ: ‘бидејки Сириците велат, дека е Господ Бог на горите, а не Бог на долините, ке го предадам во рацете твои целото тоа големо множество, за да знаете, дека Јас сум Господ.‘" |
29. | И тие стоеја улогорени едни спроти други седум дена. На седмиот ден почна борбата, и Израилевите синови испотепаа сто иљади пешаци Сирци во еден ден. |
30. | Другите избегаа во градот Афек; таму падна sидот врз другите дваесет и седум иљади лу е. Адад, пак, влезе во градот и бегаше од една скривница во друга. |
31. | Тогаш неговите слуги му рекоа: "Сме слушале, дека царевите од Израилевиот дом се милостиви цареви; дозволи ни да го препашаме со врекиште крстот свој, да ставиме јажиња околу главите свои и да отидеме при израилскиот цар; можеби тој ке го запази животот твој." |
32. | Тие го препашаа крстот свој со врекиште, ставија околу главите свои јажиња и дојдоа при израилскиот цар, па рекоа: "Твојот слуга Адад вели: ‘Поштеди го животот мој.‘ Оној праша: ‘Зар е тој жив? Тој ми е брат.‘" |
33. | Тие лу е го примија тоа како добар знак и брзо го зедоа зборот од устата негова и рекоа: "Адад е твојот брат." А тој им рече: "Одете и доведете го." Тогаш Адад излезе пред него, а тој го качи до себе во колата. |
34. | И му рече Адад: "Градовите, што таткото мој ги презеде од твојот татко, ке ги вратам, и ти можеш да имаш за себе плоштади во Дамаск, како што имаше татко ми во Самарија." Ахав одговори: "Со договор ке те пуштам." И, откако склучи договори со него, го пушти. |
35. | Тогаш еден од пророковите синови според словото Господово му рече на еден од своите другари: "Тепај ме!" Но тој човек не се согласи да го бие. |
36. | Тогаш му рече: "Поради тоа што не го послуша Господовиот глас, ке те умртви лав, кога ке си отидеш од мене." Тој си отиде од него, и лав го сретна и го умртви. |
37. | Тој најде друг човек и рече: "Биј ме!" Оној човек го биеше толку многу, што му направи рани од тепањето. |
38. | Тогаш пророкот тргна и застана пред царот на патот, покривајки ги очите со покривало. |
39. | Кога царот минуваше, тој извика кон царот и рече: "Твојот слуга одеше во борба, и ете, еден чвеок, откако се тргна настрана, доведе при мене човек и рече: ‘Варди го овој човек; ако не го зачуваш, душата твој ке оди место неговата душа, или ке треба да одмериш талант сребро.‘ |
40. | Кога слугата твој се зафати со едни и други работи, тој се изгуби." А израилскиот цар му рече: "Таква ти е пресудата; ти сам си ја решил." |
41. | Тој тогаш го симна покривалото од очите свои, и царот го позна, дека е од пророците. |
42. | И му рече: "Вака вели Господ: затоа што го пушти од рацете свои човекот, што го бев предал на проклетство, твојата душа ке оди место неговата душа, и твојот народ - место неговиот народ." |
43. | Израилскиот цар си замина во домот свој возбуден и огорчен и стигна во Самарија. |
← 1Kings (20/22) → |