1Kings (19/22)  

1. И Ахав и раскажа на Језавела се што направи Илија, и како тој ги уби со меч сите пророци.
2. А Језавела испрати пратеник при Илија да му каже: "Ако си ти Илија, а јас Језавела, нека ми направат богивите тоа и тоа и нешто повеке да ми направат, ако утре во ова време не направам со твојата душа, она што беше направено со душата на секого од нив."
3. Кога го виде тоа, Илија стана и замина, за да го спаси животот свој, и дојде во Вирсавија, која е во Јудеја, и таму го остави слугата свој,
4. а самиот тој отиде во пустињата на еден ден пат и, откако дојде, седна под едно иглолисно дрво и сакаше да умре, велејки: "Доста веке, Господи, прибери ја душата моја, бидејки јас не сум подобар од татковците свои."
5. И легна, та заспа под дрвото. И ете, ангел го допре и му рече: "Стани, јади и пиј."
6. Илија погледна, и, ете, до возглавницата негова стои печена питка и стомна вода. Тој касна, пивна и пак заспа.
7. Ангелот Господов се врати повторно, се допре до него и рече: "Стани, јади и пиј, бидејки те чека долг пат."
8. Тој стана, касна и пивна и, откако се поткрепи со таа храна, одеше четириесет дена и четириесет ноки до Божјата гора Хорив.
9. И влезе таму во една пештера и нокеваше во неа. И, ете, би кон него слово Господово, и Господ му рече: "Зошто си овде Илија?"
10. Тој одговори: "Пламнав од ревност за Господа, Бога Саваот, зашто Израилевите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас останав, но и мојата душа сакаат да ја земат."
11. Тогаш Бог му рече: "Излези и застани на гората пред лицето Господово; и, ете, Господ ке мине, и голем и силен ветар кој ридови урива и соборува карпи пред Господа; но не е Господ во ветрот; по ветер - земјотрес, но не е Господ во земјотресот;
12. по земјотресот - оган, но не е Господ во огнот; по огнот - здив од тих ветар, и таму е Господ."
13. Кога го чу тоа, Илија си го сокри лицето со својот кожув, излезе и застана пред влезот во пештерата. И кон него се чу глас, кој му рече: "Зошто си тука, Илија?"
14. Тој одговори: "Пламнав од ревност за Господа, Бога Саваот, зашто Израилевите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас останав, но и мојата душа сакаат да ја земат."
15. А Господ му рече: "Врати се по патот свој преку пустињата во Дамаск и, кога ке стигнеш, помажи го Азаила за цар на Сирија,
16. а Јуја, Намесиевиот син, помажи го за цар над Израилот; Јелисеја, пак, Сафатовиот син, од Авел-Маул, помажи го за пророк место себеси;
17. зашто кој ке избега од Азаиловиот меч, него ке го убие Јуј, а кој ке се избави од мечот на Јуја, него ке го убие Јелисеј.
18. Но сепак оставив ме у Израилците седум иљади мажи; сите тие не ги свиткувале колената пред Ваала, и устите нивни не го бакнувале."
19. И тој тргна оттаму и го најде Сафатовиот син Јелисеја, кога ораше; дванаесет рала волови имаш тој и сам беше при дванаесеттото. Минувајки крај него, Илија го фрли кожувот врз него.
20. Тогаш Јелисеј ги остави воловите и почна да трча по Илија и рече: "Дозволи ми да ги бакнам татко ми и мајка ми, и ке тргнам по тебе." Тој му одговори: "Оди и врати се, зашто, што сум ти направил?"
21. Тој се врати од него, зеде рало волови, ги закла и, откако го запали плугот на воловите, го изпече месото нивно и им го раздели на лу ето, и тие јадеа. А самиот тој стана и тргна по Илија и почна да му служи.

  1Kings (19/22)