← 1Kings (18/22) → |
1. | Откако изминаа многу денови, пак му рече Господ на Илија во третата година: "Оди и јави му се на Ахава, и јас ке дадам дожд на земјата." |
2. | Илија отиде да му се јави на Ахава. А во Самарија имаше голем глад. |
3. | И Ахава го повика Авдија, управникот на дворецот. Авдија, пак, беше човек кој многу се боеше од Господа. |
4. | Кога Језавела ги истребуваше пророците Господови, Авдиј зеде сто пророци и ги криеше во пештери, по педесет лу е, и ги хранеше со леб и вода. |
5. | И Ахав му рече на Авдија: "Тргни по земјата, по сите водни извори и по сите потоци во земјата, можеби некаде ке најдеме трева, за да си ги прехраниме коњите и маските и да не се лишиме од добитокот." |
6. | И тие ја разделија ме у себе земјата, за да ја обиколат: Ахав тргна одделно по еден пат, а Авдиј тргна одделно по друг пат. |
7. | Кога Авдиј врвеше по патот, ете, во пресрет му доа а Илија. Тој го позна, падна ничкум и рече: "Ти ли си, господару мој Илија?" |
8. | Овој му одговори: "Јас сум; оди и кажи му на господарот свој: ‘Илија е тука.‘" |
9. | Тој рече: "Што сум виновен, па го предаваш својот слуга во рацете на Ахава, за да ме убие?" |
10. | "Жив Господ, твојот Бог! Нема ниеден народ и царство, каде што не испракал господарот мој да те бара; и кога му кажуваа дека те нема, тој земаше клетва од тоа царство и народ, дека не можеле да те најдат; |
11. | а ти сега велиш, оди и кажи му на господарот: Илија е тука. |
12. | Кога јас ке си отидам од тебе, Духот Господов ке те однесе, не знам каде; и ако отидам да му јавам на Ахава, и тој не те најде, ке ме убие; а слугата твој е богобојазлив од младини. |
13. | Зар не му е кажано на мојот господар, што сторив јас, кога Језавела ги избиваше Господовите пророци, како криев сто Господови пророци, по педесет души во пештера, и ги хранев со леб и вода? |
14. | А ти сега велиш: оди и кажи му на твојот господар: Илија е тука; тој ке ме убие." |
15. | Тогаш Илија му рече: "Жив Господ Саваот, пред Кого стојам, денес ке му се јавам!" |
16. | Авдиј отиде да го пресретне Ахава и му јави, и Ахав отиде да го пресретне Илија. |
17. | Штом Ахав го виде Илија, му рече: "Ти ли си, што го вознемируваш Израилот?" |
18. | Илија му одговори: "Јас не го вознемирувам Израилот, туку ти и татковиот дом твој, бидејки ги презревте Господовите заповеди и врвите по Вааловците; |
19. | сега испрати и собери го при мене сиот Израил на гората Кармил, и четиристотините и педесет Ваалови прорци и четирите стотини пророци од дубравата, што се хранат од трпезата на Језавела." |
20. | И Ахав испрати до сите Израилеви синови и ги собра сите пророци на гората Кармил. |
21. | Тогаш Илија пристапи кон сиот народ и рече: "Уште ли ке храмите на двете колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако ли е Ваал - одете по него." А народот не му одговори ни збор. |
22. | И му рече Илија на народот: "Само јас останав пророк Господов, а Ваалови пророци има четиристотини и педесет души и четиристотини идолски пророци; |
23. | нека ни дадат две телиња и нека си изберат едно теле, и да го расечат и стават врз дрва, но оган да не потпалуваат; јас, пак, ке го приготвам другото теле и ке го ставам врз дрва, и оган нема да потпалувам; |
24. | тогаш повикајте го името на вашиот бог, јас, пак, ке го повикам името на Господа, мојот Бог. Оној Бог, Кој ке одговори преку оган, Он е Бог." И сиот народ одговори и рече: "Добро, нека биде така!" |
25. | Потоа им рече Илија на Вааловите пророци: "Изберете си едно теле и пригответе го вие најнапред, бидејки сте многу; и повикајте го името на вашиот бог, и оган не потпалувајте." |
26. | И ете го зедоа телето, што им беше дадено, го приготвоја и го повикуваа името на Ваала од утрината до пладне, велејки: "Ваале, почуј не!" Но немаше ни глас, ни одговор. И тие скокаа пред жртвеникот, што беа го направиле. |
27. | Попладнето Илија почна да им се потсмева и велеше: "Викајте посилно, зашто тој е бог; можеби се замислил, или е зафатен со нешто, или е на пат, а можеби и спие, - така ке се разбуди!" |
28. | И тие почнаа да викаат високо и според обичајот свој да се бодат со ножеви и копја, така што крв течеше од нив. |
29. | Мина пладне, а тие се уште беснееја токму до вечерното жртвопринесување; но не се чу ни глас, ни одговор, ниту слух. Тогаш Илија Тесвитецот им рече на Вааловите пророци: "А сега тргнете се вие, та и јас да го извршам своето жртвопринесување." Тие се тргнаа и замолкнаа. |
30. | Тогаш Илија му рече на сиот народ: "Приближете се до мене." И сиот народ се приближи до него. Тој, пак, го подигна урнатиот жртвеник Господов. |
31. | И зеде Илија дванаесет камења, токму колку што се колената на синовите на Јакова, кому Господ му беше рекол вака: "Израил ке биде твоето име." |
32. | И изгради од тие камења жртвеник во името на Господа, а околу жртвеникот направи окоп, што собираше две мери зрна, за да се посеат, |
33. | и постави дрва врз жрвеникот, го расече телето, го стави врз дрвата, |
34. | и рече: "Наполнете четири ведра вода и поливајте ја жртвата сепаленица и дрвата!" И направија така. Потоа рече: "Повторете!" И тие повторија. Тогаш рече: "Направете го тоа по третпат." И тие го направија и по третпат. |
35. | И водата се разлеа околу жртвеникот, а окопот се наполни со вода. |
36. | Кога ја принесуваа вечерната жртва, пророкот Илија се приближи, извика кон небото и рече: "Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие лу е, дека си Ти единствен Бог во Израилот, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив се според Твоето слово. |
37. | Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ, дека Ти, Господи, си Бог и ти ке го свртиш срцето нивно кон Себеси." |
38. | И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата, и дрвата, и камењата и земјата, и ја голтна водата, што беше во окопот. |
39. | Кога го виде тоа, сиот народ падна ничкум и рече: "Господ е Бог, Господ е Бог!" |
40. | Тогаш Илија им рече: "Фатете ги Вааловите пророци, та ниеден од нив да не се сокрие." Ги фатија, а Илија ги одведе при потокот Кисон и таму ги искла. |
41. | Илија му рече на Ахава: "Оди, јади и пиј, зашто се слуша шум од дожд." |
42. | Ахав отиде да јаде и да пие, а Илија се искачи на врвот на Кармил, се наведна кон земјата, го стави лицето ме у колениците свои |
43. | и му рече на слугата свој: "Оди и погледни кон морето:" Тој отиде, погледна и рече: "Ништо нема." Тој пак рече: "Направи го тоа седумпати." |
44. | На седмиот пат слугата рече: "Ете од морето се крева мало облаче, колку човечка дланка." Тој му рече: "Оди, кажи му на Ахава: ‘впрегни ја колата своја и тргнувај, за да не те испревари дождот.‘" |
45. | Во тоа време небото потемне од облаци и виор, и почна да па а силен дожд. Ахав тогаш седна во колата, заплака и тргна за Језраел. |
46. | А раката Господова беше врз Илија. Тој го препаша крстот свој и трчаше пред Ахава дури до Језраел |
← 1Kings (18/22) → |