← 1Kings (17/22) → |
1. | И пророкот Илија, Тесвитец од Галадските жители, му рече на Ахава: "Жив Господ, Бог Израилев, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор." |
2. | Потоа Господа му рече: |
3. | "Тргни се оттука, сврти се кон исток и сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан; |
4. | од тој поток ке пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму." |
5. | И тој отиде и постапи според словото Господово; отиде и остана при потокот Хорат, кој е спроти Јордан. |
6. | И гавраните му донесуваа леб и месо наутро, леб и месо навечер; а пиеше од потокот. |
7. | По извесно време потокот пресуши, бидејки немаше дожд за земјата. |
8. | Тогаш Господ му рече: |
9. | "Стани, оди во Сарепта Сидонска и остани таму. Јас и заповедав таму на една жена вдовица да те храни." |
10. | И стана тој, па отиде во Сарепта. Кога дојде при градските порти, ете, таму една вдовица жена собира дрва. Тој и се обрати и и рече: "Донеси му малку вода во сад да пијам!" |
11. | Таа отиде, за да земе, а тој повика по неа и рече: "Донеси ми в раце и парче леб!" |
12. | Таа му одговори: "Жив ми Господ, твојот Бог, нема ништо печено, туку имам само грст брашно во ноквите и малку масло во масларникот; и, ете, јас ке соберам две - три дрвца, ке отидам и ке го приготвам тоа за себеси и за синот свој; ке го изедеме тоа и ке умреме." |
13. | А Илија и рече: "Не плаши се; оди и направи го она што го рече; но најнапред направи од тоа мала пресна питка за мене и донеси ми; а за себеси и за синот свој ке направиш после; |
14. | зашто вака вели Господ, Бог Израилев: ‘брашното во ноквите нема да сврши, и маслото во масларникот, нема да се намали до оној ден, во кој Господ ке даде дожд на земјата.‘" |
15. | Таа отиде и направи така, како што и рече Илија и таа се хранеше, и тој и синот нејзин извесно време. |
16. | Брашното во ноквите не се свршуваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господа, што Он го изрече преку Илија. |
17. | Потоа се разболе синот на таа жена, на домакинката, и болеста негова беше толку силна, што не можеше да диши. |
18. | Тогаш таа му рече на Илија: "Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гревови и да го умреш синот мој." |
19. | А тој и одговори: "Дај ми го синот твој." И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што живееше го положи на леглото свое; |
20. | па повика кон Господа и рече: "Господи, Боже мој! Зар Ти на вдовицата, при која живеам, ке и направиш зло, погубувајки и го синот нејзин?" |
21. | И откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господа и рече: "Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него!" |
22. | И Господ го чу гласот на Илија, му ја врати душата на момчето во него, и тоа оживе. |
23. | Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, и го предаде на мајка му и рече: "Еве, син ти е жив!" |
24. | Тогаш жената му рече на Илија: "Сега навистина дознав, дека ти си Божји човек, и дека словото Господово во твојата уста е вистинско." |
← 1Kings (17/22) → |