← 1Kings (16/22) → |
1. | И би слово Господово кон Анаиевиот син Јуј за Васа: |
2. | "Поради тоа што те издигнав од правот и те направив водач на мојот народ Израилот, а ти тргна по патот на Јеровоама и го наведе на грев Мојот народ Израилот, за да Ме разгневува со гревовите свои, - |
3. | ете, Јас ке го отфрлам домот на Васа и домот на потомството негово и ке направам со твојот дом така, како и со домот на Наватовиот син Јеровоама: |
4. | кој од Васовиот дом ке умре во град, него кучињата ке го изедат, а кој ке умре во полето, него птици небески ке го исколваат." |
5. | Другите дела на Васа, и се што извршил, и подвизите негови, опишани се во летописите на израилските цареви. |
6. | Васа почина при татковците свои и беше погребан во Терса. А место него стана цар синот негов Ила. |
7. | Но преку Ананиевиот син Јуј беше веке кажано словото Господово за Васа, за домот негов и за сето зло, што го беше извршил пред очите на Господа, разгневувајки Го со делата на рацете свои, постапувајки како Јеровоамовиот дом, за што беше истребен. |
8. | Васовиот син Ила стана цар над Израилот во Терса во дваесет и шестата година на јудејскиот цар Аса и царуваше две години. |
9. | Против него стана Замвриј, неговиот слуга и старешина на половината комора, кога се беше напил во Терса, во домот на Арса, надзоник на дворецот во Терса. |
10. | Замвриј влезе, го удри и го уби во дваесет и седмата година на јудејскиот цар Аса и стана цар место него. |
11. | Кога стана цар и седна на престолот него, тој го истреби целиот дом на Васа, не оставајки му го ни она што мокри до sид, ни роднините негови, ни пријателите негови. |
12. | Замвриј го истреби целиот Васов дом, според словото на Господа, што го беше изрекол Он за Васа преку пророкот Јуј, |
13. | за сите гревови на Васа и за гревовите на синот негов Ила, што го вршеа тие самите и со кои го наведоа во грев Израилот, дразнејки Го Господа, Бога Израилев, со своите идоли. |
14. | Другите дела на Ила, и се што беше извршил, се опишани во летописите на израилските цареви. |
15. | Замвриј стана цар во дваесет и седмата година на јудејскиот цар Аса и царуваше седум дена во Терса, кога народот го опседнуваше Гаваон филистејски. |
16. | Кога народот, што го опседнуваше, дозна дека Замвриј направил заговор и го убил царот, истиот ден во логорот сите Израилци го зацарија над Израилов војводата началник Амврија. |
17. | Амвриј и сите Изараилци со него отстапија од Гаватон и ја опседнаа Терса. |
18. | Кога Замвриј виде дека градот е преземен, влезе во царскиот дом, го потпали над себе царскиот дом и загина, |
19. | поради своите гревови, со кои беше згрешил, вршејки го она што беше неугодно пред очите на Господа, одејки по патот на Јеровоама и во гревовите негови, што тој ги изврши, за да го наведе во грев Израилот. |
20. | Другите дела на Замврија и заговорот негов, што беше го направил, се опишани во летописите на Израилските цареви. |
21. | Тогаш Израилскиот народ се раздели на два дела: половината народ беше со Гонатовиот син Тамниј, за да го направи цар него, а другата страна со Амврија. |
22. | Надвладеа народот, што беше со Амврија, над народот, кој беше со Гонатовиот син Тамниј; но Тамниј умре, а цар стана Амвриј. |
23. | Амвриј стана цар над Израилот во триесет и првата година на јудејскиот цар Аса и царуваше дванаесет години. Тој царуваше во Терса шест години. |
24. | Амвриј ја купи од Семира гората Самарија, за два таланта сребро, изгради на гората град и го нарече Самарија - според името на Семира, сопственикот на гората. |
25. | И Амвриј вршеше, што не беше угодно пред очите на Господа, и постапуваше полошо од сите свои претходници. |
26. | Тој во се одеше по патот на Наватовиот син Јеровоама и во гревовите негови, со кои тој ги наведе на грев Израилците, за да Го разгневат Господа, Бога Израилев, со своите идоли. |
27. | Другите дела на Амврија, што ги направил, и јунаштвото, што го покажал, се опишани во летописите на израилските цареви. |
28. | Амвриј почина при татковиците свои и беше погребан во Самарија, а место него стана цар синот негов Ахав. |
29. | Амвриевиот син Ахав стана цар над Израилот во триесет и осмата година на јудејскиот цар Аса, и Амвриевиот син Ахав царуваше во Самарија над Израилот дваесет и две години. |
30. | И Амвриевиот син Ахав го вршеше она што не му беше угодно пред очите на Господа повеке од сите свои претходници. |
31. | Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Јеровоама, туку си ја зеде за жена Језавела, керката на сидонскиот цар Етавал, и почна да му служи на Ваала и да му се клања; |
32. | и му подигна на Ваала жртвеник во Вааловото светилиште, што го беше изградил во Самарија. |
33. | Ахав направи дубрава, направи и повеке од сите израилски цареви што беа пред него. Ахав го правеше она што Го лутеше Господа, Бога Израилев и душата своја ја погуби. |
34. | Во негово време Ветилицот Ахил го изгради Јерихон: врз првородениот син свој Авирон, тој ги стави основите негови и врз најмалиот син Сегува ги постави портите негови, според словото на Господа, што Он го беше изрекол преку Навиновиот син Исуса. |
← 1Kings (16/22) → |