← 1Kings (15/22) → |
1. | Не осумнаесеттата година од царувањето на Наватовиот син Јервоам, над Јудејците стана цар Авија. |
2. | Тој царуваше во Ерусалим три години; името на мајка му беше Мааха, Авесаломова керка. |
3. | Тој одеше во сите гревови на таткото свој, што тој ги вршеше пред него, и срцето негово не беше предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татка му Давида. |
4. | Но заради Давида, неговиот Господ Бог му беше дал светило во Ерусалим, воздигнувајки го по него синот негов и го закрепи Ерусалим, |
5. | зашто Давид вршеше, она што беше угодно пред очите на Господа, и во сите дни на животот свој во ништо не отстапуваше од она, што Он му беше заповедал, освен постапката со Хетеецот Урија. |
6. | Ме у Ровоама и Јеровоама имаше војна во сите дни на животот нивни. |
7. | Другите дела на Авија, и се што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. И имаше војна ме у Авија и Јеровоама. |
8. | Авија почина при татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Аса. |
9. | Аса стана цар над Јудејците во дваесеттата година од царувањето на израилскиот цар Јеровоам, |
10. | и царуваше во Ерусалим четириесет и една година; името на мајка му беше Ана, Авесаломова керка. |
11. | Аса го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, како неговиот татко Давид. |
12. | Тој ги изгони блудниците од земјата и ги отфрли сите идоли, што ги беа направиле татковците негови, |
13. | и дури мајката своја Ана ја лиши од звањето царица, поради тоа што беше направила идол на Астарта; и го скрши Аса и нејзиниот идол и го изгори при потокот Кедрон. |
14. | Идолските светилишта, навистина, не беа урнати. Но срцето на Аса му беше предадено на Господа во сите дни негови. |
15. | И тој ги внесе во домот на Господа предметите, посветени на татко му негов, и предметите посветени од него: сребро, злато и садови. |
16. | Ме у Аса и израилскиот цар Васа имаше војна во сите нивни дни. |
17. | Израилскиот цар Васа излезе против Јудеја и почна да ја гради Рама, та никој да не излегува, ниту да оди при јудејскиот цар Аса. |
18. | Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато, што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати при Таверема, синот на Адера, син Хезионов, цар сириски, кој живееше во Дамаск, велејки: |
19. | "Нека има сојуз ме у мене и тебе, како што имаше ме у мојот татко и твојот татко; ете, ти испракам на дар сребро и злато; раскини го сојузот свој со израилскиот цар Васа, та да се оттргне од мене. |
20. | И синот на Адера го послуша царот Аса, и ги испрати своите војводи против израилските градови и ги порази Аин, Дан, Авел-Вет-Мах и целиот Кинерот, по целата Нефталимова земја. |
21. | Кога го чу тоа, Васа престана да ја гради Рама и се врати во Сарир. |
22. | А царот Аса ги собра сите Јудејци без исклучок, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвјата, кои Васа ги употребуваше за градење. Со нив царот Аса ги изгради Гива Венијаминова и Миспа. |
23. | Сите други дела на Аса сите негови подвизи и се што изврши, и градовите што ги изгради, се опишани во летописите на јудејските цареви, освен тоа, дека на стари години го заболеа нозете. |
24. | Аса почина при татковците свои и беше погребан при нив во градот на татка си Давида. А место него стана цар синот негов Јосафат. |
25. | А Јеровоамовиот син Нават стана цар над Израилот во втората година на јудејскиот цар Аса и царуваше над Израилот две години. |
26. | Тој го вршеше, она што беше неугодно пред очите на Господа, одеше по патот на татка си и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израилот. |
27. | Против него се крена Ахиевиот син Васа, од Исахаровиот дом, и Васа го уби при Гаватон филистејски, кога Нават и сите Израилци го опседнуваа Гаватон; |
28. | Васа го уби во третата година јудејскиот цар Аса и стана цар место него. |
29. | Кога стана цар, тој го порази целиот Јеровоамов дом и не остана ниедна душа кај Јеровоама, додека не го истреби, според словото на Господа, што го беше изрекол преку својот слуга Ахија Силомецот, |
30. | поради гревовите на Јеровоама, кои тој сам ги напрви и со кои го наведе во грев Израилот, поради гревовите со кои тој го разгневи Господа, Бога Израилев. |
31. | Другите дела на Навата, се што тој извршил, се опишани во летописите на израилските цареви. |
32. | Ме у Аса и израилскиот цар Васа имаше војна во текот на сите нивни денови. |
33. | Во третата година на јудејскиот цар Аса стана цар во Терс над сите Израилци Ахиевиот син Васа и царуваше дваесет и четири години. |
34. | Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, и одеше по патот на Јеровоама и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израилот. |
← 1Kings (15/22) → |