← 1Kings (14/22) → |
1. | Во она време се разболе Јеровоамовиот син Авија. |
2. | И Јеровоам и рече на жена си: "Стани и преоблечи се, за да не те познаат, дека си Јеровоамова жена, па оди во Силом. Таму е пророкот Ахија, што ми претскажа, дека ке бидам цар на овој народ. |
3. | Земи со себе за Божјиот човек десет леба, питки и грне мед, па оди при него; тој ке ти каже, што ке стане со детето." |
4. | Јеровоамовата жена така направи: стана, отиде во Силом и влезе во куката на Ахија. А Ахија веке не можеше да гледа, зашто очите му беа станале неподвижни од старост. |
5. | Тогаш Господ му рече на Ахија: "Ете, Јеровоамовата жена доа а да те праша за синот свој, бидејки е болен; кажи и така и така; таа ке дојде преоблчна." |
6. | Ахија, што го чу шумот од чекорите нејзини, кога влезе низ вратата, рече: "Влези, Јеровоамова жено; зошто требаше да се преоблекуваш? Јас сум пратен да ти кажам зло. |
7. | Оти и кажи му на Јеровоама: вака вели Господ, Бог Израилев: ‘Јас те издигнав од средината на простиот народ и те поставив за водач на Мојот народ Израилот, |
8. | го одзедов царството од Давидовиот дом и ти го дадов тебе; но ти не си таков, каков што беше Мојот слуга Давид, кој ги пазеше заповедите Мои и кој Ме следеше од се срце, вршејки го само она, што е угодно пред очите Мои; |
9. | ти постапуваш полошо од сите, што беа пред тебе, и отиде, та си направи други богови и идоли, за да Ме дразниш, а Мене ме отфрли зад грбот свој, |
10. | затоа Јас ке испратам зло врз Јеровоамовиот дом и ке го истребам кај Јеровоама дури и она што мокри до sид, што е затворено и изоставено во Израилот, и ке го исчистам Јеровоамовиот дом сосема, како што чистат убре; |
11. | кој од Јеровоамовиот дем ке умре во град, него кучињата ке го изедат, а кој ке умре во полето, него птиците небески ке го исколваат; така вели Господ. |
12. | Стани, па оди во домот свој; и, што чекорот твој ке стапне во градот, детето ке умре; |
13. | сите Израилци ке го оплачат и ке го погребат, зашто само тоа од Јеровоамовиот дом ке влезе во гроб, бидејки во него, од целиот Јеровоамов дом, се најде нешто добро пред Господа, Израилевиот Бог. |
14. | И Господ ке Си издигне над Израилот цар, кој ке го истреби Јеровоамовиот дом во оној ден; и што? - еве денес! |
15. | И Господ ке го порази Израилот, и тој ке биде како трска, која се лула во водата, и ке ги исфрли Израилците од оваа убава земја, што им ја даде на татковците нивни, и ке ги расфрли зад реката, поради тоа што си направија идоли и го гневеа Господа; |
16. | и ке го изостави Господ Израилот поради гревовите на Јеровоама, што сам си ги направи, и со кои го наведе во грев Израилот." |
17. | Јеровоамовата жена стана, тргна и дојде во Сарир; и, штом стапи на кукниот праг, детето умре. |
18. | И сите Израилци го погребаа и оплакаа, според словото на Господа, кое Он го изрече преку Својот слуга, пророкот Ахија. |
19. | Другите дела на Јеровоама - како војувал и како царувал - се опишани во летописите на израилските цареви. |
20. | Времето, во кое што царуваше Јеровоам, беше дваесет и две години; и почина при татковците свои, а место него се зацари синот негов Нават. |
21. | Соломоновиот син Ровоам царуваше во Јудеја. Ровоам беше на четириесет и една година кога стана цар, и царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот, што Господ го избра од сите Израилеви племиња, за да остане засекогаш таму името Негово. Името на мајка му беше Наама, Амонитка. |
22. | И Јуда го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, и Јудините синови го разгневуваа повеке, отколку татковците нивни со гревовите свои, што беа ги правеле. |
23. | Тие си беа издигнале идоли и идолски светилишта на секој висок рид и под секое сенчесто дрво. |
24. | Во таа земја имаше и блудници, што ги вршеа сите гнасотии на оние народи, кои Господ ги беше прогонил од лицето на Израилевите синови. |
25. | На петтата година од Ровоамовото царување египетскиот цар Сусаким се крена против Ерусалим, |
26. | и ги зеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом: и златните штитови, кои Давид ги беше зел од слугите на сувскиот цар Адраазар и ги беше внел во Ерусалим. Се зеде; ги зеде и сите златни штитови, што ги беше направи Соломон. |
27. | И наместо нив цар Ровома направи бронзени штитови и ги даде во рацете на старешините и телохранителите, кои го чуваа влезот во царскиот дом. |
28. | Кога царот одеше во домот Господов, телохранителите ги носеа, а потоа ги вракаа во живеалиштата на телихранителите. |
29. | Другото за Ровоама и за се, што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. |
30. | Ме у Ровоама и Јеровоама имаше војна преку сите денови на животот нивни. |
31. | Ровоам почина при татковците свои и беше погребан при нив во Давидовиот град. Името на мајка му беше Наама, Амонитка. Наместо него стана цар синот негов Авија. |
← 1Kings (14/22) → |