← 1Kings (13/22) → |
1. | Е ете, според словото Господово, дојде еден божји човек од Јудеја во Ветил во она време, кога Јеровоам стоеше пред жртвеникот, за да прекади. |
2. | И произнесе кон жртвеникот слово Господово, велејки: "Жртвенику, жртвенику! Вака вели Господ: ‘ете, во Давидовиот дом ке се роди син по име Осија; тој ке ги принесе врз тебе во жртва идолските свештеници, што кадат врз тебе, и ке изгори врз тебе човечки коски." |
3. | И во оној ден тој покажа знак, велејки: "А, еве, знак, дека Господ го рекол тоа: овој жртвеник ке се урне, и пепелта, што е на него, ке се развее.‘" |
4. | Кога цар Јеровоам го чу словото на Божјиот човек, изговорено пред жртвеникот во Ветил, ја пружи раката од жртвеникот и рече: "Фатете го!" Тогаш раката негова, што ја беше пружил кон него, се здрви и не можеше да ја тргне кон себеси. |
5. | И жртвеникот се урна, и пепелта од жртвеникот се развеа, според знакот, даден од Божјиот човек преку словото Господово. |
6. | И царот Јеровоам му рече на Божјиот човек: "Умилостиви го лицето на Господа, твојот Бог, и помоли се за мене, па да ми се поврати раката." Човекот божји Го умилостиви лицето Господово, и раката се поврати и стана како порано. |
7. | Тогаш царот му рече на божјиот човек: "Дојди со мене дома да се поткрепиш; ке ти дадам да јадеш, и ке ти донесам подарок." |
8. | Но Божјиот човек му одговори на царот: "Да ми дадеш и половина од домот свој, нема да дојдам со тебе, нема да јадам леб и нема да пијам вода во тоа место, |
9. | зашто така ми е заповедано преку словото Господово: ‘не јади таму леб, не пиј вода и не се вракај по патот, по кој си одел.‘" |
10. | И тој тргна по друг пат и не се врати по оној пат, по кој беше дошол во Ветил. |
11. | Во Ветил живееше еден пророк - старец. Синовите негови дојдоа и му раскажаа се, што беше направил оној ден Божјиот човек во Ветил; тие му ги раскажаа на татка си и зборовите, што тој му ги беше кажал на царот. |
12. | И татко им ги праша: "По кој пат си отиде?" А синовите му покажаа, по кој пат тргна Божјиот човек, што дошол од Јудеја. |
13. | Тогаш тој им рече на синовите свои: "Оседлајте ми го оселот." Тие му го оседлаа оселот, и тој се качи на него. |
14. | И тргна по Божјиот човек, и го најде како седи по еден даб, и го праша: "Ти ли си Божјиот човек, што доа а од Јудеја?" Оној одговори: "Јас сум." |
15. | Тогаш му рече: "Дојди кај мене дома и касни леб." |
16. | Оној му одговори: "Не можам да се вратам со тебе и да дојдам при тебе; нема да јадам леб и нема да пијам вода кај тебе во ова место, |
17. | зашто преку словото Господово му е речено: "не јади леб и не пиј вода таму, и не се вракај по патот, по кој си одел." |
18. | Тој му рече: "И јас сум таков пророк како тебе и ангелот ми говореше преку словото Господово и рече: ‘врати го во домот свој; нека касне леб и нека пие вода.‘" Но тој го излага. |
19. | И оној се врати со него, касна леб во куката негова и се напи вода. |
20. | Кога тие уште седеа на трпезата, би словото Господово кон пророкот, што го беше вратил. |
21. | И тој изговори кон Божјиот човек, што беше дошол од Јудеја и рече: "Вака вели Господ: ‘затоа што не се покори на устата Гсоподова и не ја запази заповедта, што ти ја беше дал Господ, Бог твој, |
22. | туку се врати, јадеше леб и пиеше вода на ова место, за кое Он ти беше рекол - не јади леб и не пиј вода, телото твое нема да влезе во гробницата на татковците твои.‘" |
23. | Откако оној јадеше леб и се напи вода, тој го оседла оселот за пророкот, што го беше вратил. |
24. | И оној си замина. На патот го сретна лав и го умртви. Телото му лежеше испружено на патот; оселот, пак, стоеше до него, а лавот стоеше до телото. |
25. | И ете, минувачите го видоа телото, испружено на патот, и лавот како стои до телото; и отидоа, та раскажаа во градот, во кој живееше пророкот - старец. |
26. | Откако го чу тоа пророкот, што го беше вратил од патот, рече: "Тоа е оној човек Божји, што не ја послуша устата Господова; Госопод го предаде на лав, што го нападнал и го усмртил, според словото Гсоподово, што му беше кажано." |
27. | И им рече на синовите свои: "Оседлајте ми го оселот." И го оседлаа. |
28. | Тој отиде и го најде телото негово испружено на патот; а оселот и лавот стоеја до телото; лавот не беше го изел телото и не беше го раскинал оселот. |
29. | Тогаш пророкот го крена телото на човекот Божји, го стави на оселот и го однесе назад. И пророкот - старец тргна кон градот свој, за да го оплаче и погребе. |
30. | И го положи телото негово во својата гробница и плачеше за него: "Леле, брату мој!" |
31. | Откако го погреба, тој им рече на синовите свои: "Кога ке умрам, погребете ме во гробницата, во која е погребан Божијот човек, до неговите коски положете ги моите коски, |
32. | зашто ке се исполни словото, што по заповед на Господа тој го кажа за жртвеникот во Ветил и за сите идолски светилишта во самарските градови." |
33. | И по овој настан Јеровоам не се одврати од лошиот пат свој, туку продолжи да поставува идолски свештеници од народот; кого сакаше, него го посветуваше, и тој стануваше идолски свештеник. |
34. | Тоа го водеше Јеровоамовиот дом во грев, кон пропаст и кон истребувањето негово од лицото на земјата. |
← 1Kings (13/22) → |