← 1Kings (12/22) → |
1. | Ровоам отиде во Сихем, бидејки во Сихенм беа дошел сите Израилци, за да го зацарат. |
2. | Чу за тоа Наватовиот син Јеровоам, кога се нао аше уште во Египет, каде што беше избегал од царот Соломона, и се врати од Египет; |
3. | испратија по него и го повикаа. Тогаш Јеровоам и целото израилско собрание дојдоа и му говореа на царот Ровоам, велејки: |
4. | "Твојот татко ни наложи тежок товар, ти, пак, олесни ни го жестокото ропство од татка ти и тешкиот товар, што тој ни го наложи, па тогаш ке ти служиме." |
5. | Тој им одговори: "Одете си, по три дена дојдете пак при мене." И народот се разотиде. |
6. | Царот Ровоам се советуваше со старците, кои беа при татка му Соломона, додека беше жив, и рече: "Како ке ме посоветувате да му одговорам на овој народ?" |
7. | Тие му одговорија, и рекоа: "Ако ти денес им бидеш слуга на овие лу е и им услужиш, ако ги задоволиш и им говориш добри зборови, тие ке ти бидат слуги во сите дни." |
8. | Но тој не го послуша советот, што му го беа дале старците, и се советуваше со младите, кои беа пораснале заедно со него и кои беа при него, |
9. | и им рече: "Што ке ме посоветувате да им одговорам на оние лу е, што ми рекоа и кажаа: ‘олесни ни го игото, што ни го наложи татко ти?‘" |
10. | Младите, пораснати заедно со него, му одговорија и рекоа: "Вака кажи им на тие лу е, што ти рекле: ‘твојот татко ни наложи тешко иго, ти, пак, олесни ни‘ кажи им: малиот прст ми е подебел од бедрата на татка ми; |
11. | и така, ако татко ми ви наложувал тешко иго, јас ке го зголемам вашето иго; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ке ве казнувам со скорпии." |
12. | Јеровоам, и сите лу е, дојдоа при Ровоама на третиот ден, како што им беше заповедал царот, велејки: ‘дојдете при мене на третиот ден.‘ |
13. | И царот грубо му одговори на народот и не го послуша советот, што му го беа дале старците. |
14. | И говореше според советот на младите и рече: "Татко ми ви наложил тежок товар, јас, пак, ке го зголемам вашиот товар; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ке ве казнувам со скорпии." |
15. | И царот не го послуша народот, зашто така беше судено од Господа, за да се исполни зборот Негов, што го беше изрекол Господ преку Ахија Силомецот на Наватовиот син Јеровоама. |
16. | И сите Израилци видоа, дека царот не ги послуша. Тогаш лу ето му одговорија на царот и рекоа: "Каков дел имаме кај Давида? За нас нема дел кај синот Јесеев; по шаторите свои, Израиле! Гледај си го својот дом, Давиде!" И Израил се разотиде по шаторите свои. |
17. | Ровоам царуваше само над Израилевите синови, што живееја во Јудините градови. |
18. | И царот Ровоам го испрати Адонирама, управникот над даноците; но сите Израилци го затрупаа со камења, и тој умре, а царот Ровоам брзо се качи во кола, за да избега во Ерусалим. |
19. | И така Израилот се одметна од Давидовиот дом и до денес. |
20. | Кога сите Израилци слушнаа, дека Јеровоам се вратил од Египет, испратија и го повикаа во собранието и го зацарија над сите Израилци. Со Давидовиот дом не остана никој, освен племето Јудино и Венијаминово. |
21. | Ровоам, откако пристигна во Ерусалим, себра од целиот Јудин дом и од коленото Венијаминово сто и осумдесет иљади избрани војници, за да војуваат против Израилевиот дом и да му го возвратат царството на Соломоновиот син Ровоам. |
22. | И би слово Божјо кон Семеја, човек Божји, и беше речено: |
23. | "Кажи му на Соломоновиот син Ровоама, царот јудејски, и на целиот Јудин и Венијаминов дом и на другиот народ: |
24. | вака вели Господ: ‘Не одете и не почнувајте војна против вашите брака, Израилевите синови; вратете се секој во домот свој, бидејки тоа беше од Мене." И тие ги послушаа Господовите зборови и се вратија дома според словото Господово. |
25. | Јеровоам го изгради Сихем на Ефремовата гора и се насели во него; оттаму тргна и го изгради Фануил. |
26. | И Јеровоам си говореше во срцето свое: "Царството може пак да премине кон Давидовиот дом, |
27. | ако овој народ оди во Ерусалим да принесува жртви во домот Господов, тогаш срцето на тој народ ке се сврти кон својот господар Ровоама, царот јудјски, ке ме убијат и ке се вратат при Ровоама, царот јудејски." |
28. | И царот, откако се посеветува, направи две златни телиња, и му рече на народот: "Не ви треба да одете во Ерусалим; еве ги твоите богови, Израиле, кои те изведоа од Египетската земја." |
29. | И едниот го остави во Ветил, а другиот - во Дан. |
30. | Тоа предизвика грев, зашто народот почна да оди при едниот од нив, дури во Дан и го оставија храмот Господов. |
31. | И изгради идолско светилиште и постави од народот свештеници, кои не беа од Левиевите синови. |
32. | Јеровоам установи празник во осмиот месец на петнаесеттиот ден, сличен на оној празник, каков што имаше во Јудеја, и принесуваше жртви на жртвеникот; тоа го направи и во Ветил, за да им се принесуваат жртви на телињата, што ги направи. И постави во Ветил свештеници во идолските светилишта, што ги беше изградил, |
33. | и принесе жртви во жртвеникот, што беше го изградил во Ветил, во петнаесеттиот ден од осмиот месец, месец што произволно го определи; и установи празник за синовите Израилеви и присатапи кон жртвеникот, за да прекади. |
← 1Kings (12/22) → |