1Kings (1/22) → |
1. | Кога царот Давид остаре и исполни години, иако го завиткуваа во алишта, но не можеше да се стопли. |
2. | Тогаш неговите слуги му рекоа: "Нека побараат за нашиот цар - господар млада девица, за да стои при царот, да го гледа и да лежи при него, - и ке му биде топло на нашиот цар - господар." |
3. | И бараа по сите израилски предели убава девица, и ја најдоа Ависага, Сунамитка, и ја доведоа при царот. |
4. | Девицата беше многу убава; таа го гледаше царот и му служеше; царот, ме утоа, не ја позна. |
5. | Адонија, синот Агитин, се возгордеа и рече: "Јас ке бидам цар." Па си набави коњи и коњаници и педесет души брзоодци. |
6. | Но татко му негов не го обеспокојуваше никогаш со прашањето: "Зошто го правиш тоа?" Тој беше многу убав, а му се беше родил по Авесалома. |
7. | И тој се советуваше со Саруевиот син Јоав и со свештеникот Авијатар, и тие му помагаа на Адонија. |
8. | Но свештенкот Садок и Ванеја, Јодаевиот син, пророкот Натан, Семеј, Рисиј и Давидовите јунаци не ја држеа страната на Адонија. |
9. | И Адонија закла овци, волови и телиња при каменот Зоелет, што е при изворот Рогел, и ги покани сите свои брака, царски синови, и сите Јудејци што служеа при царот. |
10. | А пророкот Натан и Ванеја, и другите јунаци и братот свој Соломона не ги покани. |
11. | Тогаш Натан и рече на Вирсавија, Соломоновата жена, велејки: "Слушна ли, дека Агитиниот син Адонија се прогласи за цар, а нашиот господар Давид не знае за тоа? |
12. | Сега, ете, јас те советувам: спасувај го животот свој и животот на синот свој Соломона. |
13. | Оди и влези при царот Давида и кажи му: "Нели и се колнеше, господару мој, цару, на слугинката своја, велејки - синот твој Соломон ке биде цар по мене и тој ке седне на престолот мој? - Зошто тогаш се прогласил за цар Адонија?" |
14. | И ете, додека уште говориш таму со царот, ке влезам јас со тебе и ке ги дополнам твоите зборови." |
15. | Вирсавија отиде при царот во спалната; царот беше многу стар, и Сунамитката Ависага му служеше. |
16. | Вирсавија се наведна и му се поклони на царот; царот праша: "Што бараш?" |
17. | Таа му одговори: Ти и се заколна на слугинката своја во Господа, твојот Бог: - син ти Соломон ке царува по мене и тој ке седне на мојот престол. |
18. | А сега, ете, Адонија се прогласил за цар, а ти, господару мој, цару, не знаеш за тоа. |
19. | Тој заклал многу волови, телиња и овци и ги поканил сите царски синови, свештеникот Авијатар и воениот началник Јоав; а Соломон, твојот слуга, не го поканил. |
20. | Но ти си цар, господару мој, и кон тебе се свртени очите на сите Израилци, за да им соопштиш, кој ке седне на престолот на мојот цар - господар по него. |
21. | Инаку кога мојот господар, царот, ке почина при татковците свои, ке ме обвинат мене и синот мој Соломона." |
22. | Додека таа уште говореше со царот, дојде и пророкот Натан. |
23. | Му соопштија на царот, велејки: "Еве го пророкот Натан." И тој влезе при царот и му се поклони ничкум до земја. |
24. | И Натан рече: "Господару мој, цару! Си рекол ли ти: ‘Адонија ке царува по мене и тој ке седне на мојот престол?‘ |
25. | Зашто тој сега слегол, заклал многу волови, телиња и овци, ги поканил сите цареви синови, воени началници и свештеникот Авијатар, и, ете, тие јадат и пијат кај него, и извикуваат: "Да живее царот Адонија!" |
26. | А мене, твојот слуга, свештеникот Садок, Јодаевиот син Ванеја и твојот слуга Соломона не не покани. |
27. | Дали станало тоа по вољата на мојот цар - господар? И зошто ти не му откри на својот слуга, кој ке седне на престолот на мојот цар - господар по него?" |
28. | Одговори цар Давид и рече: "Повикајте ми ја Вирсавија." Таа влезе и застана пред царот. |
29. | Царот се колнеше и велеше: "Жив е Господ, кој ја спасуваше душата моја од секоја невоља! |
30. | Како што ти се колнев во Господа, Бога Израилев, велејки дека син ти Соломон ке царува по мене и тој ке седне на престолот мој место мене, - така и ке го направам тоа денес." |
31. | Тогаш Вирсавија се наведна ничкум до земја, му се поклони на царот и рече: "Да живее мојот господар, царот Давид, засекогаш!" |
32. | И царот Давид рече: "Повикајте ми го свештеникот Садок, пророкот Натана и Јодаевиот син Ванеја." И тие влегоа при царот. |
33. | Тогаш царот им рече: "Земете ги со себеси слугите на вашиот господар, качете го Соломона, мојот син, на маската моја и одведете го во Гион. |
34. | И таму свештеникот Садок и пророкот Натан нека го помажат за цар над Израилот, затрубете со труба и извикајте: ‘Да живее царот Соломон!‘ |
35. | Потоа придружете го назад, и тој ке дојде и ке седне на мојот престол; тој ке царува место мене; нему сум му ветил да биде водач на Израилот и на Јуда." |
36. | Ванеја, Јодаевиот син, му одговори на царот и рече: "Амин! - така нека каже Господ, Бог на мојот цар - господар: |
37. | како што Господ беше со мојот цар - господар, така да биде Он и со Соломона и да го возвеличи престолот негов повеке од престолот на мојот господар, царот Давида!" |
38. | Тогаш свештеникот Садок, пророкот Натан, Јодаевиот син Ванеја, Хетејците и Фелетејците отидоа и го качија Соломона на маската од цар Давида и го поведоа кон Гион. |
39. | И свештеникот Садок зеде рог со елеј од скинијата и го помаза Соломона. И затрубија со труба, и сиот народ извика "Да живее царот Соломон!" |
40. | И сиот народ го придружуваше Соломона и народот свиреше со свирки и многу се радуваше, така што земјата трепереше од викањето негово. |
41. | И чу Адонија и сите поканети од него, што беа престанале да јадат; а Јоав, откако чу звук на труба, запраша: "Од што ли е овој шум на разбрануваниот град?" |
42. | Додека уште говореше, дојде Јонатан, синот на свештеникот Авијатар. И Адонија му рече: "Влези, ти си чесен човек и носиш добра вест." |
43. | Јонатан одговори и му рече на Адонија: "Нашиот господар, царот Давид, го постави Соломона за цар; |
44. | и царот испрати со него свештеникот Садок, пророкот Натан, Јодаевиот син Ванеја, Херетејците и Фелетејците, и тие го качија на царската маска; |
45. | и свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа во Гион за цар, и тргнаа оттаму со радост, и градот се раздвижи. Ете од што е шумот, што го слушате." |
46. | И Соломон веке седна на царскиот престол. |
47. | А царските службеници доа аа да го поздрават нашиот господар, царот Давида, велејки: ‘Твојот Бог нека го прослави името на Соломона повеке од твоето име и нека го возвеличи неговиот престол повеке од твојот престол!‘ И царот се поклони од леглото свое |
48. | и го рече ова: нека е благословен Господ, Бог Израилев, Кој денес од семето мое го дарува седнатиот на мојот престол, и тоа моите очи да го видат!" |
49. | Тогаш сите поканети при Адонија се уплашија, станаа и се разотидоа секој по патот свој. |
50. | Адонија, пак, плашејки се од Соломона, стана, отиде и се фати за роговите на жртвеникот. |
51. | и му соопштија на Соломона, велејки: "Адонија се плаши од царот Соломона, и, ете, тој се држи за роговите на жртвеникот и вели: ‘Нека ми се заколне сега царот Соломон, дека нема да го убие со меч својот слуга.‘" |
52. | И Соломон рече: "Ако тој биде чесен човек, ни едно влакно од него нема да падне на земјата; но, ако се најде во него лукавство, ке умре." |
53. | Тогаш Соломон истрати, та го доведоа од жртвеникот. Тој дојде и му се поклони на цар Соломона. А Соломон му рече: "Оди во домот свој!" |
1Kings (1/22) → |