← 1John (5/5) |
1. | Секој кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бог; секој кој го љуби таткото, го љуби и неговото чедо. |
2. | По ова познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бог и ги извршуваме Неговите заповеди. |
3. | Ова е Божјата љубов: да ги извршуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки, |
4. | зашто сè што е родено од Бог, го надвладува светот; и ова е победата која го победи светот - нашата вера. |
5. | Кој е тој што го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Божјиот Син? |
6. | Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв - Исус Христос; и не само преку водата, туку преку водата и преку крвта; |
7. | а Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината. |
8. | Зашто тројца се кои сведочат: Духот и водата и крвта, и овие три се во согласност. |
9. | Ако примаме сведоштво од луѓе, Божјото сведоштво е поголемо. А Божјото сведоштво е што Тој сведочеше за Својот Син. |
10. | Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, зашто не му верува на сведоштвото што Бог го даде за Својот Син. |
11. | А еве го сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син. |
12. | Кој Го има Синот, го има тој живот; кој Го нема Божјиот Син, го нема тој живот. |
13. | Ова ви го напишав вам кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот. |
14. | И ова е увереноста која ја имаме во Него: дека нè слуша ако бараме нешто според Неговата волја. |
15. | И кога знаеме дека нè слуша што и да бараме, знаеме дека ќе го добиеме она што сме го побарале од Него. |
16. | Ако некој го види својот брат да чини грев што не е за смрт, нека моли, и Бог ќе му даде живот на оној кој не чини грев за смрт. Има грев за смрт и за тој грев не велам да моли. |
17. | Секоја неправедност е грев, а постои грев што не е за смрт. |
18. | Знаеме дека секој кој е роден од Бога не греши, туку родениот од Бога се чува себеси и злиот не се допира до него. |
19. | Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е под власта на злиот. |
20. | Исто така знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разбирање, за да Го познаеме Bистинскиот, а ние сме во Bистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог и вечен живот. |
21. | Чеда, чувајте се од идолите. |
← 1John (5/5) |