1John (1/5) → |
1. | Она што беше од почетокот, што го чувме, што го видовме со своите очи, што го гледавме и што го опипаа нашите раце, за Словото на Животот - |
2. | тој живот се јави, а ние Го видовме и сведочиме и ви го објавуваме вечниот живот, Кој беше со Таткото и ни се јави нам; |
3. | она што го видовме и чувме, тоа ви го навестуваме и вам, та и вие да имате општење со нас. А нашето општење е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос. |
4. | Ние ви го пишуваме ова, за да биде нашата радост целосна. |
5. | Ова е пораката што ја чувме од Него и што ви ја објавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина. |
6. | Ако речеме дека имаме општење со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината. |
7. | Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме општење еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исус Христос нè исчистува од секој грев. |
8. | Ако речеме дека немаме грев, се мамиме самите себеси, и вистината не е во нас. |
9. | Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да нè исчисти од секаква неправедност. |
10. | Ако речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажливец, и Неговото слово не е во нас. |
1John (1/5) → |