← 1Corinthians (5/16) → |
1. | Bсушност, се зборува дека меѓу вас има блудство, и тоа такво какво што нема ни меѓу безбожниците, дека некој ја има татковата жена. |
2. | А вие уште се вообразивте и не жалите; нека биде отстранет од вашата средина оној што го направил тоа дело! |
3. | Зашто, иако во телото сум отсутен, присутен сум во духот, и јас веќе го осудив оној кој го направил тоа како да сум присутен. |
4. | Кога во името на нашиот Господ Исус ќе се соберете вие и јас со мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус, |
5. | да го предадете таквиот на сатаната, за пропаст на неговото тело, за да биде спасен неговиот дух во денот на Господ Исус. |
6. | Bашето фалење не е добро. Не знаете ли дека малку квас го потквасува целото тесто? |
7. | Исчистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бездруго бесквасни. Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас. |
8. | Затоа треба да празнуваме не со стариот квас, ниту со квасот на злобата и пакоста, туку со бесквасниот леб на искреноста и вистината. |
9. | Bо моето писмо ви напишав, да не станувате блиски со блудници, |
10. | но воопшто не мислев на блудниците од овој свет, или со алчните, или со измамниците, или со идолопоклонците, зашто тогаш би требало да излезете од светот. |
11. | Но сега ви напишав да не станувате блиски со оној кој се нарекува брат, а блудник е или алчен, или идолопоклоник, или пцујач, или пијаница или измамник. Со таков и да не јадете! |
12. | Зашто, моја работа ли е да ги судам оние кои се надвор? Зар вие не им судите на оние кои се внатре? |
13. | А Бог ќе им суди на оние кои се надвор. "Отстранете го злиот од вашата средина!" |
← 1Corinthians (5/16) → |