← 1Corinthians (4/16) → |
1. | И така, секој човек, во таа смисла, нека нè смета за Христови служители и за управители на Божјите тајни! |
2. | А од управителите натаму се бара секој да се покаже доверлив. |
3. | За мене сосем малку ми значи што ме осудувате вие или друг човечки суд, всушност ни самиот јас не се судам себеси. |
4. | Зашто сум свесен дека во ништо не сум виновен, но со тоа не сум оправдан. Туку, Господ е Тој Кој ќе ме суди. |
5. | Затоа не судете ништо предвреме, пред да дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело скриеното во темнина и ќе ги открие намерите на срцата, и тогаш сечија пофалба ќе дојде од Бог. |
6. | А врз себе и врз Аполос покажав пример, браќа, заради вас, за да научите од нас да не мудрувате повеќе од она што е напишано, за да не се вообрази ниту еден за сметка на друг. |
7. | Зашто, кој те смета за поинаков? Има ли нешто, што не си примил? И така, ако си примил, зошто се фалиш како да не си примил? |
8. | Bеќе се наситивте, се обогативте, без нас се зацаривте. И камо да се бевте зацариле, та и ние да владееме со вас! |
9. | Зашто, ми се чини, Бог нè постави нас апостолите последни, како осудени на смрт; зашто станавме јавен приказ пред светот, како на ангелите така и на луѓето. |
10. | Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос! Ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте со чест, а ние без чест. |
11. | До овој час гладуваме и жеднееме, и необлечени сме, и нè бијат, и талкаме, |
12. | и се трудиме работејќи со своите раце. Кога нè навредуваат, ние благословуваме; кога нè прогонуваат, ние поднесуваме; |
13. | кога нè клеветат, ние им се обраќаме благо. Станавме како отпадок за светот, како смет исфрлен од сите, сè досега. |
14. | Не го пишувам ова за да ве засрамам, туку за да ве предупредам како мои мили чеда, |
15. | зашто, ако имате безбројни воспитувачи во Христос, сепак немате многу татковци, зашто јас ви станав татко во Христос Исус преку Евангелието. |
16. | Затоа, ве молам угледајте се на мене. |
17. | Затоа и го испратив кај вас Тимотеј, моето мило и верно чедо во Господ. Тој ќе ви напомне за моите патишта во Христос, како што поучувам насекаде и во секоја црква. |
18. | Некои се вообразија, како да нема да дојдам кај вас. |
19. | Но наскоро ќе дојдам кај вас, ако сака Господ, и тогаш ќе ги дознаам не зборовите на оние вообразените, туку нивната сила, |
20. | зашто Божјото царство не се состои во зборови, туку во сила. |
21. | Што сакате? Да дојдам кај вас со прачка или со љубов и со кроток дух? |
← 1Corinthians (4/16) → |