← 1Corinthians (2/16) → |
1. | А јас, кога дојдов кај вас, браќа, не дојдов со надмоќен говор или мудрост, навестувајќи ви го Божјото сведоштво; |
2. | зашто решив да не знам меѓу вас ништо друго, освен Исус Христос, и тоа распнатиот. |
3. | И јас бев со вас во немоќ, во страв и во многу трепет, |
4. | и мојата порака и мојата проповед не се состоеја во убедливи зборови на мудроста, туку во пројава на Духот и силата, |
5. | та вашата вера да не почива врз човечка мудрост, туку врз Божја сила. |
6. | Па сепак, говориме за мудрост меѓу оние кои се зрели; но не мудроста на ова време ни на владетелите на денешницата, кои се минливи, |
7. | туку говориме за Божјата мудрост, во тајна, скриена, која Бог од дамнина ја предопределил за наша слава; |
8. | мудрост која не ја разбрал ниту еден од владетелите на денешницата, зашто ако ја беа разбрале, немаше да Го распнат Господ на славата; |
9. | туку, како што е напишано: "Што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог го подготви за оние кои Го љубат." |
10. | А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сè, па дури и Божјите длабочини. |
11. | Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух што е во него? Па така, никој не знае што има во Бог, освен Божјиот Дух. |
12. | А ние не го примивме духот на овој свет, туку Духот Кој е од Бог, за да ги знаеме нештата што Бог дарум ни ги дал. |
13. | Нешта кои не ги зборуваме со зборови научени од човечка мудрост, туку научени од Духот, изразувајќи го духовното со духовни зборови. |
14. | А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да го разбере, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин. |
15. | Духовниот човек пак, испитува сè, а него никој не го испитува, |
16. | зашто: "Кој го запозна Господовиот ум, за да Го поучи?" А ние го имаме Христовиот ум. |
← 1Corinthians (2/16) → |