| ← 1Corinthians (16/16) |
| 1. | А што се однесува до собирањето помош за светиите, правете и вие како што им наредив на црквите во Галатија. |
| 2. | Bо секој прв ден од неделата, секој од вас нека оддели и остави при себеси колку што може, за да не собирате кога ќе дојдам. |
| 3. | А кога ќе пристигнам, ќе ги испратам, со писма, оние кои вие ќе ги најдете за достојни да го однесат дарот на вашата љубов во Ерусалим. |
| 4. | А ако биде можно да појдам и јас, тие ќе тргнат со мене. |
| 5. | Кај вас ќе дојдам, откако ќе минам низ Македонија, зашто поминувам низ Македонија, |
| 6. | а можеби ќе се задржам кај вас, и да презимам, за да ме испратите каде и да одам. |
| 7. | Зашто не сакам сега да ве видам само на минување, но, се надевам да останам некое време кај вас, ако Господ дозволи. |
| 8. | Bо Ефес ќе останам до Педесетницата, |
| 9. | зашто ми се отвори голема врата за делотворна работа, а противници има многу. |
| 10. | Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој работи на Господовото дело, како и јас. |
| 11. | Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир да дојде кај мене, зашто со браќата го очекуваме. |
| 12. | Што се однесува пак до братот Аполос, многу го храбрев да дојде кај вас со браќата, но не сакаше да дојде сега, а ќе дојде кога ќе има можност. |
| 13. | Бдејте! Стојте цврсто во верата, бидете мажествени, бидете силни! |
| 14. | Сè што правите правете со љубов! |
| 15. | Bе молам браќа (знаете за Стефановиот дом, дека тој е првина од Ахаја и дека тие се посветија да им служат на светиите); |
| 16. | покорувајте им се и вие на таквите, и на секој што помага во делото и што работи! |
| 17. | Се радувам на доаѓањето на Стефан, на Вортунат и на Ахаик, бидејќи тие го надоместија вашето отсуство |
| 18. | и затоа што го освежија и мојот и вашиот дух. Затоа почитувајте ги таквите! |
| 19. | Bе поздравуваат црквите од Азија. Многу поздрави во Господ ви испраќаат, Акила и Прискила со црквата што е во нивниот дом. |
| 20. | Bе поздравуваат сите браќа! Поздравете се еден со друг со свет целив! |
| 21. | Bе поздравувам своерачно, јас Павле. |
| 22. | Кој не Го љуби Господ нека биде проклет! Мараната! |
| 23. | Благодатта на Господ Исус нека биде со вас. |
| 24. | Мојата љубов нека биде со сите вас во Христос Исус. |
| ← 1Corinthians (16/16) |