← 1Corinthians (12/16) → |
1. | А што се однесува до духовните дарови, браќа, не сакам да останете во незнаење. |
2. | Знаете дека кога бевте многубошци, дозволувавте да бидете терани кон немите идоли. |
3. | Затоа ве известувам дека никој кој зборува со Божјиот Дух, не вели: "Проклет да е Исус," и никој не може да каже: "Исус е Господ," освен преку Светиот Дух. |
4. | Има различни дарови, но Духот е ист. |
5. | Различни се и службите, но Господ е ист. |
6. | Има разлики во дејствувањето, но Бог е ист, Кој врши сè во сите. |
7. | Но на секому му е дадена пројавата на Духот за општа полза. |
8. | На еден преку Духот му се дава слово на мудрост, на друг слово на знаење според истиот Дух; |
9. | на друг вера преку истиот Дух, а на друг пак дарови на исцелување преку истиот Дух, |
10. | на друг да прави чуда, на друг пророштво, на друг да разликува духови, на друг разни јазици, а на друг да толкува јазици. |
11. | А сето тоа го прави еден и ист Дух, Кој му разделува секому како што сака. |
12. | Зашто, како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи на телото, иако се многу, едно тело се, така е и Христос. |
13. | Зашто ние сите сме крстени преку еден Дух, во едно тело - било Евреи, или Грци, било робови, или слободни, и сите сме напоени од еден Дух. |
14. | Зашто телото не се состои од еден орган, туку од многу. |
15. | Ако ногата рече: "Бидејќи не сум рака, не му припаѓам на телото", тоа не ја прави да не биде од телото. |
16. | И ако увото рече: "Бидејќи не сум око, не му припаѓам на телото", тоа не го прави да не биде од телото. |
17. | Ако целото тело беше око, каде ќе беше слухот? Ако целото беше слух, каде ќе беше сетилото за мирис? |
18. | Но Бог ги поставил органите во телото, секој еден од нив како што Му било по волја. |
19. | Ако пак се беше еден орган, каде ќе беше телото? |
20. | А сега има многу органи, а телото е едно. |
21. | Не може окото да и рече на раката: "Не си ми потребна", или пак главата на нозете: "Не сте ми потребни!" |
22. | Напротив, многу е понеопходни се оние органи на телото што изгледаат немоќни |
23. | и поголема почит им даваме на оние органи на телото за кои сметаме дека се за помала почит. Нашите понеугледни органи имаат поголем углед, |
24. | угледните, пак, немаат потреба од тоа. Но Бог така го составил телото, што му дал поголема чест на оној орган, што ја нема, |
25. | за да нема раздор во телото, туку органите еднакво да се грижат еден за друг. |
26. | И ако страда еден орган, со него страдаат сите органи; или ако се слави еден орган, сите органи се радуваат со него. |
27. | Bие сте Христово тело, а поодделно, негови органи. |
28. | А Бог поставил во црквата, прво апостоли, второ пророци, трето учители, потоа чудотворни сили, па дарови за исцелување, за помагање, за управување, и разни јазици. |
29. | Сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? |
30. | Сите ли имаат дарови за исцелување? Сите ли зборуваат разни јазици? Сите ли толкуваат? |
31. | Туку копнејте за поголемите дарови! А јас ќе ви покажам уште посовршен пат. |
← 1Corinthians (12/16) → |