← 1Corinthians (11/16) → |
1. | Угледајте се на мене, како и јас на Христос. |
2. | Bе пофалувам дека ме помните во сè и дека ги држите преданијата како што ви ги предадов. |
3. | Но сакам да знаете дека Христос е глава на секој маж, а мажот е глава на жената; а пак Бог е глава на Христос. |
4. | Секој маж, кој се моли или пророкува имајќи нешто на неговата глава, ја срамоти својата глава. |
5. | А секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срами својата глава, зашто е сосем еднаква со онаа што си ја избричила главата. |
6. | Имено, ако жената нема покривало, тогаш нека се истриже! Но ако е срамно за жената да се стриже или да си ја бричи главата, нека ја покрива! |
7. | Мажот пак, не треба да ја покрива главата, зашто е лик и слава Божја, а жената е слава на мажот. |
8. | Мажот не е од жената, туку жената од мажот, |
9. | бидејќи мажот не е создаден заради жената, туку жената заради мажот. |
10. | Затоа жената треба да има власт над главата, заради ангелите. |
11. | Но во Господ ниту мажот е независен од жена, ниту жената е независна од маж, |
12. | зашто како што жената има потекло од мажот, така и мажот се раѓа преку жената, а сè потекнува од Бог. |
13. | Пресудете сами во себе дали и прилега на жена да Му се моли на Бог без покривало? |
14. | Не ве учи ли самата природа дека е непристојно мажот да носи долга коса, |
15. | ако пак жената има долга коса, зарем не е тоа слава за неа, зашто долгата коса и е дадена место покривало. |
16. | Но ако некој мисли да се препира - ние немаме таков обичај, ниту Божјите цркви. |
17. | Давајќи ви ги овие упатства, јас не ве фалам, зашто се собирате не за подобро, туку за полошо. |
18. | Зашто, пред сè, кога се собирате в црква, слушам дека постојат раздори меѓу вас, и донекаде верувам во тоа, |
19. | зашто меѓу вас треба да има и разлики, за да се покажат проверените меѓу вас. |
20. | И така, кога се собирате, не е тоа за да се јаде Господовата вечера, |
21. | зашто на вашите вечери, секој првин си го зема своето јадење, па еден останува гладен, а другиот се опијанува. |
22. | Зарем си немате куќи за да јадете и пиете? Или ја презирате Божјата црква и ги срамите оние што немаат? Што да ви речам? Да ве пофалам ли? За ова не ве фалам. |
23. | Зашто, јас го примив од Господ она што и ви го предадов: дека Господ Исус онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, |
24. | и откако благодари, го раскрши и рече: "Ова е Моето тело, кое е за вас, правете го ова за Мој спомен!" |
25. | Исто така, по вечерата ја зеде и чашата и рече: "Оваа чаша е новиот завет во Мојата крв; правете го ова секојпат кога пиете, за Мој спомен!" |
26. | Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб и ќе пиете од оваа чаша, ја објавувате Господовата смрт - додека дојде Тој. |
27. | Затоа, секој што јаде од лебот или пие од Господовата чаша на недостоен начин, ќе биде виновен за телото и крвта на Господ. |
28. | Но, секој нека се испита себеси, та така да јаде од лебот и да пие од чашата, |
29. | зашто оној што јаде и пие, а правилно не Го разликува Господовото тело, јаде и пие за своја осуда. |
30. | Затоа многумина меѓу вас се немоќни и болни, а мнозина - починаа. |
31. | Ако се осудуваме сами себеси, нема да ни се суди; |
32. | а кога сме судени, Господ нè кара, за да не бидеме осудени заедно со светот. |
33. | Затоа , браќа мои, кога се собирате да јадете, чекајте се еден со друг! |
34. | Ако е некој гладен, нека јаде дома, за да не се собирате за осуда. А другите работи ќе ги средам кога ќе дојдам. |
← 1Corinthians (11/16) → |