← 1Corinthians (10/16) → |
1. | Не сакам да ви биде непознато, браќа, дека сите наши татковци беа под облакот и сите минаа низ морето |
2. | и сите се крстија во Мојсеј, во облакот и во морето; |
3. | и сите јадеа иста духовна храна; |
4. | и сите пиеја иста духовна напивка; зашто пиеја од духовната Карпа, која ги придружуваше, а Карпата беше Христос. |
5. | Но Бог не беше задоволен со повеќето од нив, и беа погубени во пустината. |
6. | А тие нешта станаа примери за нас, за да немаме зли желби, како што ги имаа тие. |
7. | И не бидете идолопоклоници како некои од нив, како што е пишано: "Народот седна да јаде и пие, а потоа стана да игра!" |
8. | Ниту блудствувајте, како што блудствуваа некои од нив, и во еден ден паднаа дваесет и три илјади! |
9. | Ниту да Го искушуваме Господ, како што Го искушуваа некои од нив, и загинаа од змии. |
10. | Ниту да негодувате, како што негодуваа некои од нив, и загинаа од сотирачот! |
11. | А сето тоа им се случи за пример ним и е запишано за поука нам, на кои им наближуваат последните времиња. |
12. | И така, секој кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! |
13. | Никакво искушение не ве наваса, освен човечкото. А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите. |
14. | Затоа, мили мои, бегајте од идолопоклонство! |
15. | Bи зборувам како на мудри; пресудете сами за она што ви го зборувам. |
16. | Чашата на благословот, што ја благословуваме, не е ли заедништво во Христовата крв? Лебот, што го раскршуваме, не е ли заедништво во Христовото тело? |
17. | Бидејќи лебот е еден, иако ние сме многу, само едно тело сме, зашто сите учествуваме во еден леб. |
18. | Погледнете го Израел по тело! Оние, што ги јадат жртвите, не ли учествуваат во жртвеникот? |
19. | Што сакам да речам? Дали дека жртвуваното на идолите е нешто; или дека идолот претставува нешто? |
20. | Не, туку дека она што многубошците го жртвуваат, им го жртвуваат на демони, а не на Бог; а јас не сакам вие да општите со демони. |
21. | Не можете да ја пиете Господовата чаша и демонската чаша. Не можете да учествувате на Господовата трпеза и на демонската трпеза. |
22. | Сакаме ли да предизвикаме љубомора кај Господ? Да не сме ние посилни од Него? |
23. | Сè е дозволено, но не е сè полезно. Сè е дозволено, но не е сè поучно. |
24. | Никој да не ја бара својата полза, туку ползата на другиот! |
25. | Јадете сè што се продава во месарница, не испитувајќи ништо заради совеста, |
26. | зашто "Господова е земјата и сè што ја исполнува." |
27. | Ако некој од неверниците те покани, а ти сакаш да отидеш, јади од сè што ќе стават пред тебе, не испитувајќи ништо заради совеста. |
28. | Но, ако некој ти рече: "Ова месо било жртвувано на идоли," не јади заради оној кој те известил и заради совеста; |
29. | не мислам на твојата совест, туку на оној другиот. Зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест? |
30. | Ако учествувам со благодарност, зошто ме клеветат за она за кое благодарам? |
31. | Според тоа, јадете ли, пиете ли, или што и да правите, правете сè за Божја слава! |
32. | Не бидете им соблазна на Евреите, ни на Грците, ни на Божјата црква, |
33. | како што и јас им угодувам на сите во сè и не ја барам својата сопствена полза, туку на многумина, за да се спасат." |
← 1Corinthians (10/16) → |