← 1Chronicles (9/29) → |
1. | Така беа пребројани според родовите свои сите Израилци, и, ете, тие се запишани во книгите на израилските цареви. А Јудејците заради беззаконијата свои беа преселени во Вавилон. |
2. | Првите жители, што живееја во своите владенија, по израилските градови, беа Израилци, свештеници, левити и Нетинејци. |
3. | Во Ерусалим живееја некои од Јудините синови и од синовите Венијаминови, како и од синовите Ефремови и Манасиеви: |
4. | Утиј, син Амиудов, син на Амври, син на Амераима, син Ваниев, - од синовите на Фареса, Јудиниот син; |
5. | од синовите Силонови - Асаија, првороден, и синовите негови; |
6. | од синовите на Зара - Јеил и браката нивни, - шестотини и деведесет; |
7. | од синовите Венијаминови - Салу, син на Васолама, син на Одуаје, син Сануев; |
8. | Јевна, син Јероамов, Елав, син на Озија, син Махиров; Мосолам, син на Сафатија, син на Рагуила, син Јеваниев, |
9. | и браката нивни според родовите нивни: деветстотини и педесет и шест, - сите тие мажи беа кнезови на родовите во поколенијата свои. |
10. | А од свештениците: Јодај, Јоарим, Јоаким, |
11. | Азарија, син на Хелкија, син на Мосолама, син на Садока, син на Марариота, син Ахитов, кој беше началник на Божјиот дом; |
12. | Адијам, син на Јероама, син на Фастура, син Мелхиаев; Маасиј, син Адиилов, син Езиров, син на Мосолама, син на Маселамота, син Емаров, |
13. | и браката нивни, кнезови на родовите свои: иљада и седумстотини и шеест, - мажи истакнати во службата своја во Божјиот дом. |
14. | А од левитите: Семеја Асуев син, син на Езраикама, син Савиев, - од синовите Мерариеви; |
15. | Ваквакар, Арис, Гареа и Матанија, син на Миха, син на Зехрија, син Асафов; |
16. | Авдија, син Семеев, син на Галила, син на Идитуна, и Варахија, син на Аса, син на Елкана кој живееше во Нетофатските села. |
17. | А вратари: Селум, Акум, Телмон, Еман и браката нивни; Селум беше главен. |
18. | Тие се и до денес вратари при царската порта кон исток и ја одржуваат стражата на синовите Левиеви. |
19. | Селум, син Кореов, син на Авијасафа, син на Кореја, и браката негови од неговиот род, - Кореевци, по службата беа стражари при праговите на скинијата, а татковците нивни го чуваа влезот во Господовиот дом. |
20. | Финеес, син Елеазаров, беше водач нивни, и Господ беше со него. |
21. | Захарија, син Мосоламов, беше вратар при вратата во скинијата на сведоштвото. |
22. | Сите тие, избрани за вратари при праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивните села. Нив ги поставија Давид и Самуил јасновидецот заради верноста нивна. |
23. | Тие и синовите нивни чуваа стража при вратата на домот Господов, при домот на скинијата. |
24. | Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната. |
25. | А браката нивни живееја во своите села и доа аа одвреме - навреме при нив за седум дена. |
26. | Тие четворица први вратари, левитите, беа доверени лица; тие исто така беа поставени при живеалиштата и сокровиштата на Божјиот дом. |
27. | Тие престојуваа и ноке околу Божјиот дом, бидејки ним им беше наложено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите. |
28. | Некои од нив беа поставени при службените садови, кои ги примаа со број и даваа со број. |
29. | На други од нив им беа доверени другите садови и сите свештени потреби: најчисто брашно, вино, елеј, темјан и мирисите. |
30. | А некои од свештеничките синови подготвуваа миро, од разни миризливи материи. |
31. | А на левиотот Мататија, првороден на Кореецот Селум, му беше доверено она, што се подготвува во тавче. |
32. | На некои од браката нивни, од синовите Катови им беше доверено да ги приготвуваа лебовите на предложението, за да ги принесуваат секоја сабота. |
33. | А певците, главните во левитските поколенија, во собите на храмот беа ослободени од работа, бидејки беа должни да се занимаваат дење и ноке со својата служба. |
34. | Тоа се левитските кнезови, главни во родовите свои. Тие живееја во Ерусалим. |
35. | Во Гаваон живееја: Јеил, татко на Гаваонците, - жена му се викаше Маха, - |
36. | и првородениот син негов Авадон; по него: Сур, Кис, Вал, Нир, Надав, |
37. | Гедор, Ајун, Зехрија и Макелот. |
38. | Макелот го роди Сама. И тие живееја до браката свои во Ерусалим, заедно со браката свои. |
39. | Нир го роди Киса, Кис го роди Саула, Саул го роди Јонатана, Мелхиса, Аминадава и Јесфала. |
40. | Јонатанов син беше Мемфивал; Мемфивал го роди Миха. |
41. | Синови на Миха: Филот, Мехиил, Тара и Хаз. |
42. | Хас го роди Јада; Јад го роди Алета, Асмота и Замврија, Замвриј го роди Меса. |
43. | Мес го роди Ванија; Рафеја беше негов син; Еласа, негов син, Асаил, негов син. |
44. | Асаил имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Езрикам, Исмаил, Азарија, Авдија, Анан и Аса. Тоа се синовите Асаилови. |
← 1Chronicles (9/29) → |