← 1Chronicles (6/29) → |
1. | Синови Левиеви беа: Герсон, Кат и Мерари. |
2. | Синови Катови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил. |
3. | Деца Амрамови: Арон, Мојсеј и Маријам. Синови Аронови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар. |
4. | Елеазар го роди Финеса, Финес го роди Авиуда; |
5. | Аиуд го роди Вокија, Вокиј го роди Озија; |
6. | Озија го роди Сареја, Сареј го роди Мариота; |
7. | Мариот го роди Амарија, Амарија го роди Ахитова; |
8. | Ахитов го роди Садока, Садок го роди Ахимаса; |
9. | Ахимас го роди Азарија, Азарија го роди Јоанана; |
10. | Јоанан го роди Азарија, - тоа е оној, што беше свештеник во изградениот храм од Соломна во Ерусалим. |
11. | Азарија го роди Амарија, Амарија го роди Ахитова; |
12. | Ахитов го роди Садока, Садок го роди Селума; |
13. | Селум го роди Хелкија, Хелкија го роди Азарија; |
14. | Азарија го роди Сареја, Сареј го роди Јоседека; |
15. | Јоседек отиде во плен, кога Господ ги пресели Јудејците и ерусалимците преку раката Навуходоносорова. |
16. | И така, синови Левиеви беа: Герсон, Кат и Мерари. |
17. | Еве ги имињата на Герсоновите синови: Ловениј и Семеј. |
18. | Синови Катови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил. |
19. | Синови Мерариеви: Моли и Муси. Тоа се потомците Левиеви според родовите нивни. |
20. | Герсон имаше: Лавениј, негов син; Јет, син негов; Семна, негов син; |
21. | Јол, негов син; Адо, негов син; Зара, негов син; Јетри, негов син. |
22. | Синови Катови: Исар, син негов; Аминадав, негов син; Кореј, негов син, Асир, негов син; |
23. | Елкана, негов син; Ависаф, негов син; Асир, негов син; |
24. | Кат, негов син; Урил, негов син; Озија негов син; Саул, негов син. |
25. | Синови на Елкана: Амаси и Амиот. |
26. | Елкана, негов син; Суфиј, негов син; Нат, негов син; |
27. | Елијаб, негов син; Јеремеил, негов син; Елкана, негов син; Самуил, негов син. |
28. | Синови Самуилови: провородениот Јоил, втор Авија. |
29. | Синови Самуилови: провородениот Јоил, втор Авија. |
30. | Сама, негов син; Ананија, негов син; Асаија, негов син. |
31. | Ете, нив ги постави Давид да пеат над пеачите во Господовиот дом, откако го внесе во него ковчегот. |
32. | Тие служеа како пеачи пред скинијата на сведоштвото, додека Соломон го изгради домот Господов во Ерусалим. Тие настапуваа во службата своја според редот свој. |
33. | Еве ги оние што настапуваа со синовите свои: од синовите Катови - Еман, пеач, син на Јоила, син на Самуила, |
34. | син на Елкана, син на Јеремеила, син на Елијава, син Нафов |
35. | син на Суфа, син на Елкана, син на Амиота, син на Амаса, |
36. | Син на Елкана, син на Јоила, син на Аварија, син на Сафанија, |
37. | син на Мата, син на Асера, син на Авијасара, син на Кореја, |
38. | син на Аминадава, син на Кита, син на Исара, син Левиин, син Израилев. |
39. | И брат му Асаф, кој стоеше од десната страна негова, - Асаф, син на Варахија, син на Сама, |
40. | син на Михаила, син Масилов, син на Мелиев, |
41. | син Атаниев, син Зараев, син Адаев, |
42. | син Итамов, син Земин, син Семеев, |
43. | син Јетов, син Герсонов, син Левиев. |
44. | А од синовите на Мерари, нивните брака, - на левата страна: Етам, син Хусиев, син Авдиев, син Малохов, |
45. | син Савиев, син Амасиев, син Хелкиев, |
46. | син Амсиев, синот Ваниев, синот Самиров, |
47. | синот Молиев, синот Мусиев, синот Мерариев, син Левиев. |
48. | Браката нивни, левитите, беа определени за секаква служба при Божјиот дом; |
49. | Арон, пак, и синовите негови ги изгоруваа приносите врз жртвеникот и врз кадилниот жртвеник извршуваа секое свештенодејствие во Свјатаја Свјатих и за исчистување на Израилот во се, како што беше заповедал Божјиот слуга Мојсеј. |
50. | Еве ги синовите Аронови: Елеазар, син негов; Финес, син негов; Авиуд, син негов; |
51. | Вокхи, негов син; Озиј, негов син, Сареј, негов син; |
52. | Мариот, негов син; Амариј, негов син; Ахиров, негов син; |
53. | Садок, негов син; Ахимас, негов син. |
54. | Еве ги нивните живеалишта според селата нивни во нивните предели: на синовите Аронови од родот Катов, според она што им се падна со жреб; |
55. | го дадоа Хеврон, во земјата Јудина, и околината негова; |
56. | а нивите на тој град и селата негови му ги дадоа на Халева, синот Јефониев. |
57. | На Ароновите синови им ги дадоа и прибежишните градови: Хеврон и Ловна со околиите нивни, Јатир и Естемој со околината негова, |
58. | Илон и околината негова, Давир и околината негова, |
59. | Асан со околината негова и Ветсамис со околината негова; и Ветсур со околината негова, |
60. | а од племето Венијаминово - Гаваон и околината негова, Еламот со околината негова, и Еламвеј со околината негова и Анатот со околината негова; сите нивни градови во родовите нивни беа тринаесет града. |
61. | На другите синови Катови од челадта на тоа племе им дадоа со жреб десет града од делот на полуплемето Манасиево. |
62. | На синовите Гирсонови, според родовите нивни, од племето Исахарово, од племето Асирово, од племето Нефталимово и од племето Манасиево во Васан им дадоа тринаесет градови. |
63. | На синовите Мерариеви, според родовите нивни, од племето Рувимово, од племето Гадово, и од племето Завулоново им дадоа со жреб дванаесет градови. |
64. | Така синовите Израилеви им ги раздадоа на левитите градовите со околините нивни. |
65. | Ги дадоа со жреб од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови оние градови, кои тие ги искажаа поименично. |
66. | А не некои родови од Катовите синови им беа дадени градовите од Ефремовото племе. |
67. | И им ги дадоа прибежишните градови: Сихем и околината негова на гората Ефремова, Газер и околината негова, |
68. | Екман и околината негова, Веторон и околината негова, |
69. | Елон со околината негова и Гатремон и околината негова; |
70. | од полуплемето Манасиево - Анеир со околината негова и Јевлам со околината негова, тоа за семејствата на другите синови Катови. |
71. | На синовите Гирсонови од полуплемето Манасиево им го дадоа Голан во Васан со околината негова и Асирот со околината негова; |
72. | по племето Исахарово - Кедес и околината негова, Надар и околината негова, |
73. | Рамот со околината негова и Енан со околината негова; |
74. | од племето Асирово - Масал и околината негова Равот и околината негова, |
75. | Хукок со околината негова и Реов со околината негова; |
76. | од племето Нефталимово - Кадис во Галилеја и околината негова, Хамон со околината негова и Каријатаим со околината негова. |
77. | А на другите синови Мерариеви - од племето Завулоново, Ремон со околината негова и Тавор со околината негова. |
78. | Од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон, на исток од Јордан, од племето Рувимово го дадоа Восор во пустињата и околината негова, Јаса и околината негова. |
79. | Кадимот со околината негова и Моапсат со околината негова. |
80. | од племето Гадово - Рамот во Галад и околината негова, Маханаим и околината негова, |
81. | Есевон со околината негова и Јазир со околината негова. |
← 1Chronicles (6/29) → |