← 1Chronicles (5/29) → |
1. | Синови на Рувима, првороден Израилев, - тој беше првороден; но откако ја оскверни постелата на татка си, првенството им беше дадено на синовите на Јосифа, син Израилев, но под услов да не се пишат провородени. |
2. | Бидејки Јуда беше најсилен ме у браката свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосифа, - |
3. | синови на Рувима, провородениот Израилев, беа: Енох, Фалус, Асром и Хармиј. |
4. | Синови Јоилеви: Семеј и Ванеа, негов син; неговиот син Гог, неговиот син Семеј, |
5. | негов син Миха, негов син Риха, негов син Ваал, |
6. | негов син Веира, кого што асирскиот цар Теглафаласар го одведе во плен. Тој беше кнез на Рувимците. |
7. | А браката негови, според родовите нивни, според нивниот родословен спирок, беа: Јоил - главен, потоа Захарија |
8. | и Валек, син Азузов, син на Сама, син Јоилов; тој живееше во Ароир, до Наван и до Веел-Маон; |
9. | потоа живееше тој кон исток до влезот во пустињата, кој се протега до реката Ефрат, зашто беа многубројни во земјата Галадска. |
10. | Во дните на Саула, тие водеа војна со Агарјаните, а тие се настанија во шаторите нивни по целата источна страна на Галад. |
11. | Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Васанска, до Селха: |
12. | во Васан прив беше Јоил, втор - Сафам, потоа Јанин, книжник васански. |
13. | Браката нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мосолам, Севеј, Јорај, Јохан, Јовија и Овид, седум. |
14. | Еве ги синовите на Авихајла, син Рувинов, и Ади, син Галадов, син на Михаила, син Јесеинов, син Једаинов, син Вузов. |
15. | Ахи, син на Авдиила, син Гуниев, беше старешина во домот на својот род. |
16. | Тие живееја во Галад, во Васан и по селата негови и во сите околности на Сарон, дури до крајните граници нивни. |
17. | Тие сите беа преброени во дните на јудејскиот цар Јоатам и во дните на израилскиот цар Јеровоам. |
18. | Ме у потомците на Рувима и Гада и полуплемето Манасиево имаше воинствени лу е, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и свикнати на борба, - четириесет и четири иљади и седумстотини и шеесет души, што одеа во војна. |
19. | Тие војуваа со Агарјаните, со Итурејците, Нафисејците, Надавјеците. |
20. | И помош им беше дадена против нив, и Агарјаните беа предадени во рацете нивни со се, што имаа, зашто во времето на борбите тие го повикуваа Господа, и Он ги услишуваше, зашто на Него се надеваа. |
21. | И ги зедоа стадата нивни: педесет иљади камили, ситен добиток двесте и педесет иљади, осли две иљади и сто иљади лу е. |
22. | зашто ранети паднаа многу, бидејки борбата беше од Бога. И живееја на нивното место до преселувањето. |
23. | Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Васан до Ваал-Ермон и Санир и до гората Ермон; и тие беа многу. |
24. | Еве ги нивните старешини: Гофер, Јеси, Елиил, Јеремија, Јодија и Једиил, мажи силни, мажи прочуени, глави на родовите свои. |
25. | но кога згрешија против Бога на татковците свои и почнаа да одат блудно по боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно, |
26. | тогаш Бог Израилев го возбуди духот на асирскиот цар Фула и духот на асирскиот цар Теглатфаласара, и тие г преселија Рувимците и Гадовците и полуплемето Манасиево и ги одведоа во Алаи, Јовор и Аран и на реката Гозан, - каде што се и до ден денешен. |
← 1Chronicles (5/29) → |