← 1Chronicles (4/29) → |
1. | Синови Јудини: Фарес, Есром, Хармиј, Ор и Совал. |
2. | Рада, Совалов син, го роди Јета; Јет го роди Ахимеја и Лада; од нив се родовите на Аратинците. |
3. | А тие се синови Етанови: Језраил, Јесман, Јевдан, и сестрата нивна, по име Есијадесфон. |
4. | Фануил, тако на Гедора, и Езер, татко на Осана. Тоа се синовите на Ора, првенец Ефратов, татко Витлеамов. |
5. | Асор, таткото на Текоа, имаше две жени: Хала и Мара. |
6. | Мара му ги роди Ахаза и Адера, Темана и Астира, тоа се синовите од Мара. |
7. | Синови од Хала: Серет, Саар, и Естанам. |
8. | Кос го роди: Енова и Совива и родовите на Рихава, Јаримов син. |
9. | Јавис беше попрочуен од своите брака. Мајка му го нарече Јавис, велејки: го родив со болки. |
10. | И повика Јавис кон Бога Израилев, велејки: "О, да ме благословеше со Твоето благословие, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!" И Бог му го даде она за што молеше. |
11. | А Хелув, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ешона. |
12. | Асатон го роди Сатрафа, Сефија и Тана, татко на градот Нас, брат на Селома Кенезеецот и на Ахава; тоа се жителите на Рихавави. |
13. | Синови Кенезеови: Готонил и Сараја, син Готонилов: Атат. |
14. | Манатај го роди Гофора, а Сараја го роди Јорама, таткото на оние што живееја во долината на дрводелците, зашто беа дрводелци. |
15. | Синови на Халева, Јефонин син: Ир, Ила и Нам. Син на Ила: Кенез. |
16. | Синови на Амелима: Зиф, Зефа, Тирија и Есерил. |
17. | Синови Езрови: Јетер, Морад, Авфер и Јамон; Јетер, пак, го роди Марона, Семеја и Јесевоја, таткото на Гедар, таткото на Естамона. |
18. | А жена му Адија го роди Јареда, Гедоров татко, и Авера, татко на Сохо, и Ехитла, татко на Занона. Тоа беа синови на фараоновата керка Ветија, што ја беше зел Морил. |
19. | Синови на жена му Одија, сестна Новамова, татко Келиов: Гармиј и Еседемон од Махата. |
20. | Синови Симеонови: Амнон, Рамнон, син Ананов и Тимнонов. Синови Ишиеви: Зохев и Бензохет. |
21. | Синови на Силома, син Јудин: Ир, татко на Леха и Лаеда, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Ашбеевиот дом, |
22. | и Јоким, и жителите на Хозева, и Јоаш, и Сараф, коишто имаа владение во Моав, и Јашувилехем; но тоа се дамнешни работи. |
23. | Тие беа грнчари, живеејки и во градините и овшните градини; живееја таму при царот, за да му работат. |
24. | Синови Симеонови: Немуил, Ламин, Јарив, Зерах и Саул. |
25. | Негов син Шалум; негов син Мивсам; негов син Мишма. |
26. | Синовите на Мишма: Хамуил, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Семеј. |
27. | Семеј имаше шеснаесет синови и шест керки, но браката негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини. |
28. | Тие живееја во Вирсавија, во Савата, во Монада и во Есерсуал, |
29. | во Валај, во Асем, во Толад, |
30. | во Ватуил, во Ерма, во Сикел, |
31. | во Вертшаринот, во Имисусес и домот Варусеорим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давида, |
32. | со селата нивни: Етам, Аин, Рамнон, Токан и Есар, - пет градови, |
33. | и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија. |
34. | А Месовав, Јамлех и Јосија, син на Амасија, |
35. | Јоил и Јеху, син на Јошива, син на Сераија, син Асиилов, |
36. | Елиоенај, Јакова, Ишохаија, Асаија, Адиил, Ишимиил и Ванеја, |
37. | и Зиза, син на Сафеја, син на Алона, син на Једаија, син на Шимрија, син Шемаиев, - |
38. | сите овие споменати беа кнезови над своите родови, и домот на татковците нивни се расколни многу. |
39. | Тие одеа до Герара и до источната страна на долината, за да најдат пасишта за стадата свои; |
40. | и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано во нив живееја малкумина од Хамовците. |
41. | Па појдоа тие, запишани поименично, во дните на јудејскиот цар Езекија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се нао аа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни. |
42. | А од нив, од Симеоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сир; кнезови им беа: Фалтија, Ноадија, Рафаија и Озиил, синови Јесови, |
43. | и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес. |
← 1Chronicles (4/29) → |