← 1Chronicles (28/29) → |
1. | Давид ги собра во Ерусалим сите израилски водачи, началници на племињата, началници на одделите, што му служеа на царот, иљадниците и стотниците и оние, што беа над сите имоти и стада на царот, синовите свои, дворјаните, војводите и сите храбри мажи. |
2. | И стана цар Давид на нозе, па рече: "Чујте ме, брака мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на Ковчегот на заветот Господов, за подножје на нозете на нашиот Бог, и по подготвив потребното за градење. |
3. | Но Бог ми рече: ‘Не гради дом на името Мое, зашто си човек војник и крв си пролевал.‘ |
4. | Ме утоа, Господ, Бог Израилев, ме избра мене од целиот ми татков дом, за да бидам вечно цар над Израилот; зашто Он го избра Јуда за кнез, во домот на Јуда - домот на татка ми, а од синовите на таткото мој благоволи да ме постави мене за цар над сиот Израил; |
5. | а од сите мои синови, - зашто Господ ми даде многу синови, - Он го избра синот мој Соломона да седи врз престолот на Господовото царство над Израилот, |
6. | и ми рече: ‘Синот твој Соломон ке го изгради Мојот дом и Моите дворови, зашто сум Си го избрал за син, и ке му бидам татко; |
7. | и ке го зацврстам царството негово засекогаш, ако тој постојано ги исполнува Моите заповеди и Моите наредби, како до денес.‘ |
8. | И сега пред очите на сиот Израил, собрание Господово, и во ушите на нашиот Бог велам: пазете ги и држете ги сите заповеди на Господа, вашиот Бог, за да владеете со оваа убава земја и да ја оставите по себеси во наследство на децата свои засекогаш. |
9. | И ти, сине Соломоне, да го познаваш Бога, твојот Татко, и да Му служиш од се срце и со сета душа своја, зашто Господ ги испитува сите срца и ги знае сите движења на мислите. Ако Го бараш, ке Го најдеш; ако Го оставиш, Он ке те остави засекогаш. |
10. | Внимавај! Штом Господ те избрал да Му изградиш дом за светилиште, биде храбар и работи." |
11. | Тогаш Давид му даде на синот свој Соломона нацрт за храмот и за зградите негови, за келиите негови, за горните соби негови и внатрешните соби негови и за домот на ковчегот, |
12. | и нацрт за се, што му беше на душата, за дворовите на домот Господов, за сите одделенија наоколу, за ризниците на Божјиот дом и за ризниците на посветените предмети, |
13. | за свештеничките и левитските одделинија, за секаква работа при службата во домот Господов, за сите садови употребувани за служба во домот Господов, |
14. | за златните предмети, со ознака на тежината, за секој сад, за сите сребрени предмети, со ознака на тежината на секој сад - потребен за служба. |
15. | И даде злато за светилниците и за златните им кандилца, означувајки ја тежината на секој светилник и неговото кандилце, исто така и за сребрените светилници, означувајки ја тежината на секој светилник и неговите кандилца, според намената во служењето на секој светилник; |
16. | даде злато за трпезите на лебовите за предложението, за секоја златна трпеза, и сребро за сребрените трпези, |
17. | за виљушки, чаши и росилници од чисто злато, за златните чинии, со означување на тежината на секоја чинија, за сребрени чинии, ознака на тежината на секоја чинија; |
18. | за кадилниот жртвеник од леано злато, со ознака на тежината, и за правење кола со златни херувими, со раширени криља и надвиснати над ковчегот на заветот Господов. |
19. | ‘Сето тоа е пишано од Господа‘, велеше Давид, ‘како што ме вразуми по сите работи на планот.‘ |
20. | И му кажа Давид на синот свој Соломона: "Биди храбар и мажествен и зафати се за работа; не плаши се и не бој се, зашто Господ Бог, мојот Бог, е со тебе: Он нема да отстапи од тебе и нема да те остави, додека не ја свршиш целата потребна работа за домот Господов. |
21. | Еве ги одделите на свештениците и левитите за секоја служба при Божјиот дом. За секоја работа имаш ревносни мажи, искусни за секоја работа, и кнезовите и сиот народ се спремни за сите твои заповеди." |
← 1Chronicles (28/29) → |