← 1Chronicles (27/29) → |
1. | Еве ги синовите Израилеви според нивниот број, начланици на родовите, иљадниците, стотниците и управителите, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доа ајки и заминувајки секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири иљади. |
2. | Над првото одделиние, за првиот месец, началник беше Извоаз, син Завидиилов; во одделението негово имаше дваесет и четири иљади; |
3. | тој беше од Фаресовите синови и началник над сите војводи во првиот месец. |
4. | Над одделинието за вториот месец беше Додај, Екхотецот; во одделението негово беше и кнезот Макелот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади. |
5. | Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодаја; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири иљади; |
6. | тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделиние се нао аше синот негов Завад. |
7. | Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавав брат, и по него синот негов Завадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади. |
8. | Петтиот, за петтиот месец, беше кнезот Самаот, син Језраев; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади. |
9. | Шести, за шестиот месец, беше Одуј, Екисов син, Текуец; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади. |
10. | Седми за седмиот месец, беше Хелис, Фалусјанин, од Ефремовите синови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири иљади. |
11. | Осми, за осмиот месец, беше Совохај, Усатитјанин од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади. |
12. | Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири иљади. |
13. | Десетти, за десеттиот месец, беше Махрај, Нетофатец, од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади. |
14. | Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Фаратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади. |
15. | Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше Холдиј, Нетофатец, од потомците Готониилови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади. |
16. | А над Израилевите колена кнезови беа: во Рувимовото - Елиезер, син Зехриев; во Симеоновото - Сафатија, син Мехиев; |
17. | во Левиевото - Асавија, син Кемуилов; во Аронотвото - Садок; |
18. | во Јудиното - Елијав, од Давидовите брака; во Исахаровиот - Амри, Михаилов син; |
19. | во Завулоновото - Самаија, Авдиев син; во Нефталимовото Јеримот, Озиилов син; |
20. | во Ефремовото синови - Осиј, Азазиев син; на полуплемето Манасиево - Јоил, Фадеев син; |
21. | во полуплемето Манасиево во Галад - Јадај, Завадиев син; во Венијаминовото - Јасиил, Авениров син; |
22. | во Дановото - Азариил, Јорамов син. Тоа беа водачите на Израилевите племиња. |
23. | Давид не ги преброи оние ште беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол, дека го умножи Израилот како sвездите небески. |
24. | Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израилот поради тоа пребројување, и тоа не влезе во летописите на царот Давида. |
25. | Над царските сокровишта беше Асмот, Одилиев син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите - Јонатан, Озиев син; |
26. | а над оние, што работеа полски работи, со земјоделие, беше Ездрај, Хелувов син; |
27. | над лозјата - Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата - Завдиј, син Сефамиев, |
28. | над маслините и смоквите во полињата - Геторјанинот Валанан, а над одделенијата со елеј - Јоас; |
29. | над крупниот добиток, што пасеше во Сарон - Саронецот Страј, а над добитокот во долините - Адаиновиот син Софат; |
30. | над камилите - Исмаилецот Увиј; над ослите - Маротонецот Јадија; |
31. | над ситниот добиток - Агаритецот Јоас. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот; |
32. | Јонатан, Давидовиот стрико, беше советник, човек умен и писмен; и Јеил, Акаманиев син, беше при царските синови; |
33. | Ахитофал беше царев советник; а Хусија - царев пријател; |
34. | а по Ахитофела беа Јодај, син Ваниев, и Авијатар; Јоав, пак, беше прв царев војвода. |
← 1Chronicles (27/29) → |