← 1Chronicles (26/29) → |
1. | Еве го распоредот на вратарите: од Кореевците: Моселемија, Кореев син, од синовите Асафови. |
2. | Синови Моселемиеви: првороден Захарија, втор - Јадиил, трет - Завадија, четврти - Јатанаил, |
3. | петти - Олам, шести - Јонатан, седми - Елионај. |
4. | Синови Авдедови: првороден Самија, втор - Јозават, трет - Јоат, четврти - Сахар, петти - Ротануил, |
5. | шести - Амиил, седми - Исахар, осми - Фелатиј, зашто Бог го беше благословил. |
6. | На синови негов Самија му се родија исто така синови, кои беа началници во родот свој, бидејки беа мажи силни. |
7. | Синови Семееви: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, и Јахија и неговите брака, мажи храбри: Елија, Савахија и Исваком. |
8. | Сите тие беа од синовите на Авдедома; тие и синовите нивни и браката нивни беа мажи погодни и за служба способни: Авдедом ги имаше шеесет и двајца. |
9. | Моселемиј имаше синови и брака, мажи способни - осумнаесет. |
10. | Осиј, од синовите Мерариеви, ги имаше синовите: Симриј, старешина, иако не беше првенец, но татко му го беше поставил за старешина; |
11. | втор - Хелкија, трет, - Тавелија, четврти - Захарија; сите синови и брака на Оса беа тринаесет. |
12. | Тоа беше распоредот на вратарите според старешините на родовите, способни за служба заедно со браката свои, за да служат во домот Господов. |
13. | Тие фрлија жреб, како малиот, така и големиот, според домовите на своите татковци, за секоја врата. |
14. | Жребот за источната му се падна на Селимија; фрлија жреб и за синот негов Захарија, умен советник, и жребот му се падна за северната. |
15. | На Авдедома - за јужната, а на синовите негови - при ризниците. |
16. | На Есефеима и на Оса на запад при Салехетската врата, каде што патот се издига угоре и каде што стои стража спроти стража. |
17. | Кон исток имаше по шестмина левити, кон север - по четири, кон југ - по четири, а при ризниците - по двајца. |
18. | Кон запад на патот при тремот - по четири, а при самиот трем - по двајца. |
19. | Тоа беше распоредот на вратарите од синовите Корееви и синовите Мерариеви. |
20. | А браката нивни левитите ја надгледуваа ризницата на домот Божји и на ризницата на посветените работи. |
21. | Ме у синовите на Ладана, Гирсонов син, ме у старешините на домовите од Ладана Гирсонски, беше Јехиел. |
22. | И синовите Јехиелови: Земет и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом, |
23. | заедно со потомците на Амврама, Исара, Хеврона и Озиила. |
24. | Суваил, син на Герсона, Мојсеев син, беше старешина на ризниците. |
25. | Брат му Елиезер имаше син Равија, а тој - син Јосија, а тој - син Јорам, а тој - син Зехриј, а тој - син Саломот. |
26. | Саломот и браката негови ги надгледуваа сите ризници на светите работи, што ги беше посветил царот Давид и кнезовите и иљадниците, стотниците, и војводите на војската. |
27. | Од војните и од пленот тие посветуваа за одржување на домот Господов. |
28. | И се, што беше посветил Самуил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Авенир, синот Ниров, и Јоав, синот Саруев, сето посветено беше под рацете на Саломота, и браката негови. |
29. | Од родот Исаров: Хонанија и синовите негови беа одредени за надворешна служба во Израилот, за писари и судии. |
30. | Од родот Хевронов: Асавија и браката негови, храбри мажи, иљада и седумстотини, имаа надзор над Израилот, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба. |
31. | Во родот Хевронов Урија беше началник на Хевроновците, во нивните родови, во поколенијата нивни. Тие беа преброени во четириесеттата година од Давидовото царување, и ме у нив се најдоа јунаци мажи во Јазир Галадски. |
32. | И браката негови, мажи способни, две иљади и седумстотини, беа началници на домовите. Нив ги постави царот Давид над племето Рувимово и Гадово и полуплемето Манасиево за сите Божји и царски работи. |
← 1Chronicles (26/29) → |