← 1Chronicles (25/29) → |
1. | Царот Давид и војводите ги одделија за служба синовите Асафови, Еманови и Идетунови, за да пеа песни на гусли, псалтири и кимвали; беа одредени за работа во службата своја: |
2. | од синовите Асафови: Закхур, Јосиф, Нетанија и Асиила, синови Асафови, под раководство на Асафа, пророкот, кој беше близу до царот. |
3. | Од Идитума - синовите Идитумови: Годолија, Сури, Исеја, Семеј, Асавија и Мататија, шестимна, под раководство на татка си Идитума, кој свиреше на гусле, за слава и хвала на Господа. |
4. | Од Емана - синовите Еманови: Вукуја, Матанија, Озиил, Суваил, Јеримот, Ананија, Ананиј, Елијат, Годолатиј, Ромаматиј - Езер, Савах, Малатиј, Отир, и Мазиот. |
5. | Сите тие беа синови на Емана, царскиот јасновидец, определини според зборовите Божји, да ја вознесуваат славата. Бог му беше дал на Емана четиринаесет синови и три керки. |
6. | Сите тие, под водство на татка си пееја во домот Господов на кимвали, псалтири и гусли при службата во домот Божји според упатстово од царот, или од Асафа, Идутина и Емана. |
7. | Бројот нивни, заедно со браката нивни, обучени да пеат пред Господа, на сите што ја знаеја таа вештина беше двесте осумдесет и осум. |
8. | А фрлија и жреб за смените на службата, малите заедно со големите, учителите заедно со учениците. |
9. | Првиот жреб падна на Асафа за Јосифа; вториот - на Годолија со браката негови и синовите негови; тие беа дванаесет; |
10. | третиот - на Закхура со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
11. | четвртиот - на Језриј со синовите негови и браката негови; а тие беа дванаесет; |
12. | петтиот - на Нетанија со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
13. | шестиот - на Вукија со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
14. | седмиот - на Јернил со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
15. | осмиот - на Јосија со синовите негови и браката негови; и тие беа дванаесет; |
16. | деветтиот - на Матанија со синовите негови и браката негови; и тие беа дванаесет; |
17. | десеттиот - на Семеја со синовите негови и браката негови; сите заедно дванаесет; |
18. | единаесеттиот - на Азраила со синовите негови и браката негови; и тие беа дванаесет; |
19. | дванаесеттиот - на Асавиај со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
20. | тринаесеттиот - на Суваила со синовите негови и браката негови; сите заедно дванаесет; |
21. | четиринаесеттиот - на Мататија со синовите негови и браката негови; и тие беа дванаесет; |
22. | петнаесеттиот - на Јеримота со синовите свои и браката свои; тие беа дванаесет; |
23. | шеснаесеттиот - на Ананија со синовите негови и браката негови; и тие беа дванаесет; |
24. | седумнаесеттиот - на Јесвака со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
25. | осумнаесеттиот - на Ананија со синовите негови и браката негови; се дванаесет; |
26. | деветнаесеттиот - на Мелитија со синовите негови и браката негови; и тие беа дванаесет; |
27. | дваесеттиот - Елијата со синовите негови и браката негови; вкупно дванаесет; |
28. | дваесет и првиот - на Јетира со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
29. | дваесет и вториот - на Годолатија со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
30. | дваесет и третиот - Меазота со синовите негови и браката негови; тие беа дванаесет; |
31. | дваесет и четвртиот - на Рометиезера со синовите негови и браката негови; и тие беа дванаесет. |
← 1Chronicles (25/29) → |