← 1Chronicles (24/29) → |
1. | Еве го и распоредот на синовите Аронови: Ароновите синови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар. |
2. | Надав и Авиуд умреа пред таткото свој, а синови немаа, затоа свештенодејствуваа Елеазар и Итамар. |
3. | И Давид ги распореди: Садока - од синовите Елеазарови, и Авимелеха - од синовите Итамарови, според редот на службите нивни. |
4. | И се најде, дека ме у синовите Елеазарови имаше повеке старешини, отколку ме у синовите Итамарови. И тој ги распореди вака: од синовите Елеазарови - шеснаесет старешини, а од синовите Итамарови - осум. |
5. | А ги распоредуваше со жреб, зашто старешините во светилиштето и старешините пред Бога беа од синовите Елеазарови и од синовите Итамарови; |
6. | и ги запиша Семаја, синот Натанаилов, писар од левитите, пред лицето на царот и кнезовите и пред свештениците Садока и Авимелеха, Авијатаровиот син, и пред старешините на свештеничките и левитските домови: кога се фрлаше жреб, зедоа еден од Елеазаровиот род, потоа зедоа еден од Итамаровиот род. |
7. | Првиот жреб падна на Јоарима, вториот за Једија, |
8. | третиот - за Харива, четвртиот - за Сеорима, |
9. | петтиот - за Мелхија, шестиот - за Мејамина, |
10. | седмиот - за Акоса, осмиот - за Авија, |
11. | деветтиот - за Јисуја, десеттиот за Сехенија, |
12. | единаесеттиот - за Елијасива, дванаесеттиот - за Јакима, |
13. | тринаесеттиот - за Офаја, четиринаесеттиот - за Јасваја, |
14. | петнаесеттиот - за Велгија, шеснаесеттиот - за Емира, |
15. | седумнаесеттиот - за Езира, осумнаесеттиот - за Афисиса, |
16. | деветнаесеттиот - за Фетија, дваесеттиот - за Језекиила, |
17. | дваесет и првиот - за Јахина, дваесет и вториот - за Гамуила, |
18. | дваесет и третиот - за Далеја, дваесет и четвртиот - за Леила. |
19. | Тоа беше нивниот ред при службата нивна за доа ање во домот Господов, според наредбата за нив, наредено од таткото нивни Арона, како што му беше заповедал Господ, Бог Израилев. |
20. | Кај другите Левиеви синови распоредот беше: од синовите Амврамови - Соваил; од Соваиловите синови - Јадаја; |
21. | од Равинија синот Јесија беше прв; |
22. | од Исахара - Соломот; од Соломотовите синови - Јад; |
23. | од синовите Јетови, прв беше Јериј, втор - Амадија, трет Јазиил, четврти - Јекмоам. |
24. | Од Озииловите синови - Миха; од Миховите синови - Самир. |
25. | Брат на Миха беше Исија; од Исиевите синови - Захарија. |
26. | Од синовите Мерариеви - Моли и Муси; од синовите Озиини - Ваниј. |
27. | Синови Мерариеви од Озија - Јесом, Закхур и Јовди. |
28. | Од Молија - Елеазар: тој немаше синови. |
29. | Од Киса и од синовите Кисови - Јерамеил; |
30. | синови Мусиеви - Моли, Едер и Јеримот. Тоа беа синовите левитски според поколенијата нивни. |
31. | И тие фрлија жреб заедно со браката свои, Аронови синови, пред лицето на царот Давида и Садока и Авимелеха и старешините на свештеничките и левитските редови: старешината на родот заедно со помалиот брат свој. |
← 1Chronicles (24/29) → |