| ← 1Chronicles (23/29) → |
| 1. | Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израилот синот свој Соломона. |
| 2. | И ги собра сите кнезови израилски, свештениците и левитите; |
| 3. | а левитите од триесет години и нагоре беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум иљади души. |
| 4. | Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири иљади, писари и судии - шест иљади, |
| 5. | четири иљади вратари и четири иљади, оние што ке Го слават Господа со свирки, направени од Давида за прославување на Господа. |
| 6. | И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови - Гирсона, Ката и Мерарија. |
| 7. | Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј. |
| 8. | Синови Ладанови: прв Јеил, Зетам и Јоил - тројца. |
| 9. | Синови Семееви: Саломит, Азиил и Арам - тројца. Тие беа Ладанови родовски старешини. |
| 10. | А и уште синовите Семееви: Јет, Зизај, Јоас, Верија. Тоа беа синови Семееви - четворица. |
| 11. | Јед беше главен, Зизај втор; Јоас и Верија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом. |
| 12. | Синовиет Катови: Амврам, Исар, Хеврон и Озил - четворица. |
| 13. | Синовите Амврамови: Арон и Мојсеј. Арон беше определен да биде посветен при Свјатаја Свајтих довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господа, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека. |
| 14. | А Мојсеј, човек Божји, и синовите негови беа придодадени кон Левиевото племе. |
| 15. | Синови Мојсееви: Гирсон и Елиезер. |
| 16. | Синови Гирсонови: прв беше Суваил. |
| 17. | Синови Елиезерови беа: прв Равија. Други синови Елиезер немаше; а Равија имаше многу синови. |
| 18. | Синови Исахарови: прв Салумот. |
| 19. | Синови Хевронови: прв Јериав, втор Амарија, трет Јазиил и четврти Језекија. |
| 20. | Синови Озиилови: прв Миха и втор Јесија. |
| 21. | Синови Мерариеви: Моли и Муси. Синови Молиеви: Елеазар и Кис. |
| 22. | Елеазар умре и немаше синови, туку само керки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди. |
| 23. | Синови Мусиеви: Моли, Едер и Јаримот - тројца. |
| 24. | Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени поименично, сите до еден, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре. |
| 25. | Зашто Давид рече: "Господ, Бог Израилев, му даде мир на својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш, |
| 26. | та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа." |
| 27. | Затоа, според последните Давидови заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре, |
| 28. | за да бидата при синовите Аронови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да вршат секоја служба во Божјиот дом; |
| 29. | да ги надгледуваат лебовите на предложението, пченично брашно за лебен принос, пресни пити, се печено и пржено и над сите мерки и тежини; |
| 30. | да почнуваат секое утро да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер, |
| 31. | при сите сепаленици, принесувани на Господа во саботни дни, во новомесечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, - постојано пред лицето на Господа, - |
| 32. | и да ја пазат скинијата на сведоштвото, светилиштето и синовите Аронови нивни брака, при службите во домот Господов. |
| ← 1Chronicles (23/29) → |