← 1Chronicles (2/29) → |
1. | Еве ги синовите на Израилот: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Завулон, |
2. | Дан, Јосиф, Венијамин, Нефталим, Гад и Асир. |
3. | Синови Јудини: Ир, Авнан и Силом, - тројцата му се родија од керката Сава, Хананејка. Ир, првенецот Јудин, беше лукав пред очите на Господа, и Он го уби. |
4. | Тамара, негова снаа, му го роди Фареса и Зара. Сите синови на Јуда беа пет. |
5. | Синовите Фаресови се: Есром и Јемуил. |
6. | Синовите Зарови: Замври, Итам, Емуан, Калхад и Даралеј - се на се пет. |
7. | Синови на Харми: Ахар, кој навлече беда врз Израилот, нарушувајки ја заклетвата. |
8. | Син Итамов: Азарија. |
9. | Синови Есромови, што му се родија: Јерамеил, Арам и Халови. |
10. | Арам, пак, го роди Аминадава: Аминадав го роди Наасона, кнез на Јудините синови; |
11. | Наасон го роди Салмона, Салмон го роди Вооза; |
12. | Вооз го роди Овида, Овид го роди Јесеја; |
13. | Јесеј го роди својот прв син Елијава, вториот Аминадава, третиот Самеа, |
14. | четвртиот - Натанаила, петтиот - Реила, |
15. | шетстиот Асак, седмиот - Давида. |
16. | Нивни сестри беа: Саруија и Авигеја. Синови Саруили: Авеса, Јоав и Асаил, - тројца. |
17. | Авигеја го роди Амеса; а татко на Амеса беше Јотор, Исмаилец. |
18. | Халев, синот Есромов, со жените Азува и Јериота, и еве ги синовите негови: Јасар, Сував и Ардон. |
19. | Умре Азува, и Халев ја зеде за жена Ефрата, а таа му го роди Ора. |
20. | Ор го роди Урија, а Уриј го роди Веселеила. |
21. | Потоа Есром влезе при керката на Махира, Галадов татко, и ја зеде, кога тој беше на шеесет години, а таа му го роди Сегува. |
22. | Сегув го роди Јаира; тој имаше дваесет и три града во Галадската земја, |
23. | бидејки од Гесурците и Сиријците ги зеде селата Јаирови и Кенат со селата, - шеесет градови. Сите тие градови беа на синовите од Махира, Галадовиот татко. |
24. | Откако умре Есром во Халев-Ефрат, Есромовата жена Авија му го роди Асдома, татко на Текоја. |
25. | Синови на Јерамеила, Есромов првенец, беа: првенецот Рам, по него Вуна, Оцем и Ахија. |
26. | Јарамеил имаше и друга жена, по име Атара; таа беше мајка на Унама. |
27. | Синови на Рама, првенец Јерамеилов, беа: Маас, Јамин и Акер. |
28. | Синови Унамови беа: Сама и Садај. Синови Самаеви: Надав и Ависур. |
29. | Жената Ависурова се викаше Авигеја, таа му ги роди Аузва и Молодија. |
30. | Синови Надавови: Салад и Апфаин. Салад умре бездетен. |
31. | Апфаиновиот син беше Јесеј, Јесеевиот син - Сосан, Сосановиот син - Дадај. |
32. | Синови Јадови, Шамаев брат: Ахисама, Јетер и Јонатан; Јетер умре бездетен. |
33. | Синови Јонатанови: Фалеф и Заза. Тоа се синовите Јерамеилови. |
34. | Сосан немаше синови, туку само керки. Сосан имаше еден слуга, Египтјанец, по име Јераа. |
35. | Сосан му ја даде керката своја за жена на својот слуга Јараа, а таа му го роди Етаја. |
36. | Етај го роди Натана, Натан го роди Заведа; |
37. | Завед го роди Офлада, Офлад го роди Јовида; |
38. | Јовид го роди Иуја, Иуј го роди Азарија; |
39. | Азарија го роди Хелиса, а Хелис го роди Елеаса; |
40. | Елеаса го роди Сосомаја, Сосомај го роди Салума; |
41. | Салум го роди Јекомија, Јекомија го роди Елисама. |
42. | Синови на Халева, брат Јерамеилов, беа: Мариса, негов првенец, кој е татко на Зифа, а синовите на Мариса, Хевронов татко. |
43. | Синови Хевронови: Кореј и Тафуј, Реком и Шема. |
44. | Шема го роди Раема, Јерконов татко, а Реком го роди Самаја. |
45. | Самаевиот син беше Маон, а Маон беше татко Ветсуров. |
46. | А Ефа, наложницата Халевова, го роди Арана, Моса и Газера. |
47. | Синови Адаеви: Регма, Јоатам, Гирсом, Фалет, Гефа и Сегав. |
48. | Моха, наложницара Халевова, го роди Севера и Тархана; |
49. | таа го роди и Сагафа, таткото на Мадмина и Саула, таткото на Мадева и татко на Аговдвеја. А керка Халеова беше Асха. |
50. | Еве ги синовите Халевови: син Ор, првенец од Ефрата; Совал, татко на Киријат-Јарима; |
51. | Соломон, Ветлеамов татко; Арим, Ветгедоров татко. |
52. | Совал, Киријат-Јаримовиот татко, имаше синови: Ара, Есиј, Аманит; |
53. | Умасвај, Киријат-Јарим, Мифитин, Исаматим, Иса и Мареин. Од нив потекнуваат племињата: Саратеи и Естаго. |
54. | Синови Салманови: Витлеемците и Нетофатците, Атаровците од Јоавовиот дом, и половината од Манатиевите Исари, |
55. | племињата на писарите, што живееја во Јавис, Тарга, Тим, Саматим и Сахатим, тоа се Кенејците што дојдоа од Емат, од таткото на Рихавовиот дом. |
← 1Chronicles (2/29) → |