← 1Chronicles (19/29) → |
1. | Потоа умре Нас, цар амонитски, и место него стана цар синот негов. |
2. | Тогаш Давид рече: "Kе покажам милост кон Анона, Насовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов." И Давид испрати пратеници да го утешат за татка му. Давидовите слуги дојдоа во земјата Амонитска при Анона, за да го утешат. |
3. | Но амонитските кнезови му рекоа на Анона; "Зар мислиш, дека поради почит кон татка ти Дави испрати при тебе утешители? Зар слугите негови не дошле при тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завладеат?" |
4. | Тогаш Анон ги фати слугите Давидови и ги избричи и им ја потсече облеката до половина, до крстот, и ги испрати. |
5. | И тие си отидоа. Кога му соопштија на Давида за тие лу е, тој испрати да ги пречекаат, бидејки беа необично многу обезличени, за да им кажат од царот: "Останете во Јерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!" |
6. | Кога Амонитите видоа, дека му станале омразни на Давида, тогаш Анон и Амонитите испратија иљада таланти сребро, за да најмат коли и коњаници од Сирија Месопотамиска, од Сирија Махова и од Сува. |
7. | И најмија триесет и две иљади коли и царот Маха со народот негов, кои дојдоа и се улогорија спроти Медева. Се собраа и Амонитите од градовите свои и излегоа на војна. |
8. | Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета војска - јунаци. |
9. | Амонитите излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, - одделно во полето. |
10. | Јоав, откако виде, дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израилот и ги нареди спроти Сиријците. |
11. | А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонитите. |
12. | И тогаш рече: "Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ке ми помогнеш ти; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ке ти помогнам. |
13. | Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, и Господ нека направи, како што Му е угодно." |
14. | И влезе Јоав и лу ето, што беа со него, во борба со Сиријците, и тие избегаа од него. |
15. | Амонитите, пак, штом видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав си отиде во Ерусалим. |
16. | Сиријците, откако видоа, дека се победени од Израилците испратија пратеници и ги изведоа Сиријците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Софак, воен првоначалник Адраазаров. |
17. | Кога му соопштија за тоа на Давида, тој ги собра сите Израилци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Сиријците, и тие се судрија со него. |
18. | И Сиријците избегаа од Израилците, и Давид им уништи седум иљади коли на Сиријците, и четириесет иљади пешаци, а воениот првоначланик Софака го уби. |
19. | Кога видоа лу ето Адраазарови, дека Израилците ги поразија, со Давида склучија мир и му се потчинија. И Сирјиците не сакаа повеке да им помагаат на Амонитите. |
← 1Chronicles (19/29) → |