← 1Chronicles (17/29) → |
1. | Кога Давид живееше во својот дом, му рече на пророкот Натана "Еве, јас живеам во кедров дом, а ковчегот на заветот Господов е под шатор." |
2. | А Натан му одговори на Давида: "Врши се што ти е на срце, зашто Господ е со тебе." |
3. | Но во истата нок му дојде словото Божјо на Натана: |
4. | "Оди и кажи му на слугата Мој Давида: вака вели Господ: ‘Ти нема да ми изградиш дом, каде што ке живеам, |
5. | зашто Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите Израилеви, и до денес, а одев од шатор во шатор и од живеалиште во живеалиште. |
6. | Каде и да одев со сиот Израил, му реков ли, макар и збор, на некого од судиите Израилски, на кои им бев заповедал да му бидат пастири на Мојот народ: ‘зошто не ми изградите кедров дом?‘ |
7. | И сега вака кажи му на Мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: Те зедов од овчото стадо, за да те направам водач на Мојот народ Израилот; |
8. | бев со тебе секогаш, каде и да одеше, ги поразив сите твои непријатели пред лицето твое и го направив името твое како името на големите по земјата; |
9. | подготвив место за Мојот народ Израилот, го зацврстив, и тој ке живее спокојно на своето место, и нема повеке да го вознемируваат, нечестивите нема повеке да го притискаат, како порано, |
10. | во оние дни, кога Јас бев поставил судии над Мојот народ Израилот, и Јас бев ги смирил сите твои непријатели, и те известив, дека Господ ке ти изгради дом. |
11. | Кога ке се исполнат твоите дни, и ти ке се прибереш кај татковците свои, тогаш ке го подигнам твоето семе по тебе, што ке биде од синовите твои, и ке го зацврстам царстово негово. |
12. | Тој ке Ми изгради дом, и ке го утврдам престолот негов засекогаш. |
13. | Јас ке му бидам татко, и тој ке Ми биде син, и милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од оној што беше пред тебе. |
14. | ке го поставам во Мојот дом и во Моето царство засекогаш, престолот негов ке биде вечно цврст." |
15. | Сите тие зборови и целото видение Натан точно му ги раскажа на Давида. |
16. | Цар Давид дојде, застана пред лицето Господово и рече: "Кој сум јас, Господе Боже, и што е мојот дом, та толку ме подигна? |
17. | Но и тоа се покажа малку во Твоите очи, Боже; ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гледаш на мене како на голем човек, Господи Боже! |
18. | Што уште може да прибави пред Тебе Давид, за да се возвеличи Твојот слуга? Ти го знаеш Својот слуга! |
19. | Господи, за Твојот слуга, според срцето Свое, Ти ги вршиш сите тие големи дела, објавувајки го ова сето величие. |
20. | Господи, по се она што го чув со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе. |
21. | И кој е сличен на Твојот народ Израилот, единствен народ на земјата, кај кој доа ал Бог, да го искупи за својот народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела, - преку прогонување на народите од лицето на Својот народ, кој го спаси од Египет Ти. |
22. | Ти го направи Твојот народ Израилот Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог. |
23. | И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал. |
24. | Нека се зацврсти и нека се возвеличи Твоето име засекогаш, за да велат: ‘Господ Саваот, Бог Израилев, е Бог на Израилот, и домот на Твојот слуга Давида да биде цврст пред Твоето лице. |
25. | Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга, дека ке му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе. |
26. | И сега, Господи, Ти си Бог, и Ти го вети за Твојот слуга тоа добро. |
27. | Почни, пак, да го благословуваш домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето лице; зашто, ако Ти, Господи, ги благословиш, ке биде благословен засекогаш." |
← 1Chronicles (17/29) → |