← 1Chronicles (16/29) → |
1. | Го донесоа Ковчегот Божји и го поставија среде скинијата, што ја беше направил Давид за него и му принесе на Бога жртви сепаленици, и мирни жртви. |
2. | Кога Давид заврши со сепалениците и принесувањето на мирни жртви, го благослови народот во името Господово, |
3. | и им раздаде на сите Израилци, и на мажи и на жени, по еден леб, по едно парче месо и по чаша вино. |
4. | Тогаш постави тој на служба пред Ковчегот Господов некои од левитите, за да славословат, да благодарат и да Го превознесуваат Господа, Бога Израилев: |
5. | Асафа - за раководител, втор по него - Захарија, Јеила, Семирамота, Јеила, Мататија, Елијава, Ванеја, Авдедома и Јеила со псалтири и гусли, и Асафа - да свири на кимвали, |
6. | а Ванеја и Озила, свештеници, - да трубат постојано пред Ковчегот на заветот Божји. |
7. | Во тој ден Давид за првпат даде псалм за савословие на Господа преку Асафа и браката негови: |
8. | "Славете Го Господа, разгласувајте го името Негово; кажувајте ги делата Негови ме у народите; |
9. | пејте Му, свирете Му; раскажувајте за сите негови чудеса; |
10. | фалете се со Неговото свето име; нека се весели срцето на оние, кои Го бараа Господа; |
11. | побарајте Го Господа и силата Негова, барајте го непрастајно лицето Негово, |
12. | спомнувајте ги чудесата, што ги изврши, знаците Негови и судовите од устата Негова; |
13. | вие, семе Израилево, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови! |
14. | Он е Господ, Бог наш; Неговите сугови се по целата земја. |
15. | Помнете го вечно заветот Негов, словото, што го заповеда за иљада родови, |
16. | она, што му го вети на Авраама и во кое му се колнеше на Исака. |
17. | Он му ја постави на Јакова за закон и на Израилот за вечен завет, |
18. | велејки: ‘Тебе ке ти ја дадам земјата Хананска, како ваш наследен дел.‘ |
19. | Тие тогаш беа малубројни, оти се намалија и во неа беа придојдени, |
20. | и преминуваа од народ кон народ и од едно царство кон друго племе; |
21. | но не дозволи никому да ги навредува и ги изобличуваше заради нив царевите: |
22. | ‘не допирајте се до Моите помазаници и не правете им зло на Моите пророци.‘ |
23. | Пеј Му на Господа, цела земјо, благовестете го од ден во ден спасението Негово. |
24. | Разгласувајте ја ме у незнабошците славата Негова, и ме у сите лу е чудесата Негови, |
25. | зашто Господ е голем и многу треба да Го хвали, пострашен од сите богови. |
26. | Оти сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата. |
27. | Слава и величие пред лицето Негово, сила и радост во Неговото Свето место. |
28. | Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му на Господа слава и чест. |
29. | Воздајте Му ја на Господа славата на името Негово. Замете дар, одете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господа со влелепие во светлината Негова. |
30. | Трепери пред Него, цела земјо, зашто Он ја основа вселената, и таа нема да се разниша. |
31. | Нека се веселат небесата, да торжествува земјата, и нека се вели ме у народите: ‘Господ царува!‘ |
32. | Нека се бранува морето и се што го исполнува, да се радува полето и се што е на него. |
33. | Да ликуваат заедно сите дрвја во дубравите пред лицето на Господа, зашто Он доа а да ја суди земјата. |
34. | Славете Го Господа, зашто милоста Му е засекогаш, |
35. | и речете: "Спаси не, Боже, Спасителе наш! Собери не и избави не од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава! |
36. | Благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш и засекогаш!" И сиот народ рече: "Амин, алулуја!" |
37. | Давид ги остави таму, пред Ковчегот на Заветот Господов, Асафа и браката негови, за да служат пред Ковчегот постојано, секој ден, |
38. | Авдедон и бракате негови, шеесет и осум души; Авдедом, син Идитунов, и Оса - за вратари; |
39. | а свештеникот Садок и браката негови свештеници ги остави пред Господовиот дом, што беше на висината на Гаваон, |
40. | за да принесуваат жртви на Господа врз жртвеникот за сепаленици постојано - наутро и навечер, и за се што е пишано во законот на Господа, што Он му го даде на Израилот; |
41. | и со нив Емана и Идитума и другите избраници, кои беа именувани посебно, за да Го слават Господа, зашто милоста Негова е засекогаш. |
42. | Со нив Емана и Идитума да Го слават Бога, свирејки со труби и кимвали и со разни свирки; а синовите Идитумови ги постави при вратата. |
43. | Потоа се разотиде сиот народ, секој во домот свој; си отиде и Давид, за да го благослови својот дом. |
← 1Chronicles (16/29) → |